Connect with us

Македонија

Божиновска потпиша Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Published

on

Испитување на можноста за развој на нова директна врска меѓу двата системи за гас, како и во рок од 9 месеци да се изработи Физибилити студија и Студија за оценка на влијание на проектот врз животната и социјалната средина за новата гасна интерконекција помеѓу двете држави, предвидува Меморандумот за соработка во полето на гасниот сектор што денеска во Владата го склучија Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерството за рударство и енергетика на Република Србија.

-Врз основа на резултатите од техничките и пазарни истражување и земајќи ја во предвид постојната инфраструктура за пренос на гас кај двете страни, Страните ќе ги анализираат и ќе преземат соодветни одлуки за реализација на проектот и координирање на понатамошни дејствија, се вели во Меморандумот.

Гасниот интерконектор  Македонија – Србија е означен како водечки проект за енергетски мрежи во рамки на ЕУСАИР (EU Strategy for the Adriatic and Ionian Region) со што ќе се обезбеди сигурност во снабдувањето за регионот на Југоисточна Европа и ЕУ по пат на имплементација на проектите од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот гасен прстен, преку диверзификација на рутите и изворите за снабдување со гас.

Македонија

Пронајдени се ќебапчилниците за кои Груби потрошил 20.000 евра

Published

on

Околу 20 илјади евра се потрошени на две кепабчилници, објави актуелниот Иван Стоилковиќ министер, во Министерството за односи меѓу заедниците каде што го наследи бегалецот Артан Груби. Во поткастот каде што гостуваше, Стоилковиќ обзнани и повеќе други сомнителни активности за кои смета дека се злоупотреби.

-Има фрапантни сметки од 20-на илјади евра за две ќебапчилници и неверојатни, секојдневни и огромни сметки за кафани и кафулиња, откри министерот Стоилковиќ.

Во јавно достапните податоци за набавки во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците (во време на формирањето и раководењето на Груби, тоа беше името на министерството) стои дека во 2023-та на тендер за угостителски услуги биле избрани две компании.

Вкупната зделка е 1 180 000 денари што е приближно на спомнатите 20 илјади евра. Поголем дел од таа зделка добила фирмата „Пчела Ш.Е.Љ.“ која раководи со истоимена ќепабчилница и барбекју бар во Старата скопска Чаршија. Од предвидените пари (944 илјади денари) Пчела испорачала шрана во вредност од 532 037 денари. Втората фирма која била избрана на тендерот е „Далма кетеринг“, но таа не реализирала ниту еден денар од предвидените 220 илјади денари.

Тендерот бил заклучен како реализиран и пријавен во Бирото за јавни набавки на 18-ти април оваа година. Тоа е само на 6 дена пред првиот изборен круг. Тендерот бил склучен на 15-ти март 2023-та и требало да заврши најдоцна на 15-ти март оваа година, но всушност е пријавен како реализиран, еден месец подоцна. Во тоа време, на три дена пред избори, на 21.04.2024.  на иста сума (1 180 000 денари) е склучен нов договор меѓу Министерството и Пчела.

„Пчела Ш.Е.Љ.“ која со првиот тендер добила над 530 илјади денари (околу 8 650 евра) според податоците на бизнис мрежа продолжила да храни вработени во министерството предводено од Груби и по изборите и по конечната информација дека ДУИ нема да биде дел од власта.

Па така последните две порции од познатата ќепабчилница во Чаршијата, тимот на Груби ги дегустирал на 14.06.2024-та година, неколку дена пред формирањето на новата влада. Министерството платило на тој датум една сметка од 41 660 денари и втора сметка од 16 852. Вкупно тоа е околу 58 500 денари или околу 900 евра.

Цената на една десетка со кромид се движи меѓу 350 и 400 денари, па пресметано излегува дека последниот ден од користењето на услугите, соработниците на Груби со пари на граѓаните платиле сума во вредност на околу 150 порции телешки кебапчиња.

Стоилковиќ изјави дека во моментот се прави ревизија на трошоците по што извештајот ќе се разгледа на затворена владина седница.

ЛИНК до прилогот на ТВ ТЕЛМА

Continue Reading

Македонија

Македонски Концепт: Македонија Пат е доказ за потребата од трансформација на јавниот сектор

Published

on

Последните податоци за „Македонија Пат“, презентирани во медиумите, повторно го отвораат прашањето за ефикасноста и одговорноста на јавните институции. Доделувањето три тендери од по 1,3 милиони евра за набавка на сол и ризла, додека недостасува механизација за одржување на патиштата, јасно укажува на системски недостатоци и неефикасност во функционирањето на јавниот сектор.

Македонски Концепт цврсто се залага за целосна трансформација на јавниот сектор, вклучувајќи негова приватизација во услови кога истиот не е способен да функционира според пазарни услови и претприемнички стандарди. Ова е особено важно за сектори каде што јавните услуги директно влијаат на безбедноста, како што е одржувањето на патиштата.

Без квалитетна механизација, стручна експертиза и одговорност, „Македонија Пат“ ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните и интегритетот на патната инфраструктура. Приватизацијата и воведувањето пазарни принципи, врз база на претриемнички стандарди, не само што ќе ги зголемат ефикасноста и транспарентноста, туку и ќе обезбедат современи решенија кои ги следат светските стандарди.

Ги повикуваме институциите и јавноста на дијалог за иднината на јавниот сектор во Македонија, со фокус на воведување иновативни и претприемнички пристапи за подобрување на услугите и условите за граѓаните.

Македонски Концепт силно останува на својата програма Рестарт за Македонија, преку залагање за модерна и функционална држава.

Се вели во соопштението испратено од Центарот за комуникации и анализа на Македонски Концепт

Continue Reading

Македонија

ДУИ СЕ РАСПАЃА ОДВНАТРЕ

Published

on

Коалицијата Вреди апелира до сите општествени чинители, но и до сите членови на ДУИ, да ја поддржат борбата за демократија, транспарентност и одговорност, со цел да се спречат понатамошните штетни политики на ова дискредитирано раководство, се наведува во соопштението на коалицијата. Единствениот пат за излез од длабоката политичка корумпираност, се додава во соопштението, е целосна маргинализација на ова раководство на ДУИ.

„Ниту пратениците на ДУИ не веруваат во политиката која ја води врвот на ДУИ. Никој повеќе не верува на празните зборови на Али Ахмети, Бујар Османи и на Блерим Беџети. Вчерашното гласање за интерпелацијата против Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претставува јасен доказ дека ДУИ веќе нема контрола ниту врз сопствената пратеничка група. Само три пратеници успеаја да гласаат за интерпелацијата, што е сериозна нефункционалност на ДУИ, сериозно разединување и брз политички распад на ДУИ“.

Ова се наведува во соопштението на коалицијата Вреди.

„Пораките од ДУИ не стигнуваа до никого во меѓународната заедница, ДУИ е изолирана. Денес не стигнуваат ниту до нивната пратеничка група. Со ова гласање, потпретседателот на Владата, Изет Меџити, добива дополнителен легитимитет и потврда за својата борбата против корумпираното раководство на ДУИ, кое за жал е предводено од Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и Блерим Беџети. Станува сè поочигледно дека дури ни членството на ДУИ, ни пратениците, како ни пошироката албанска јавност во Северна Македонија, не ја поддржуваат оваа група која ја узурпира моќта, не ги поддржуваат старата слава на ДУИ и спомените од минатото“, се наведува во соопштението на Вреди.

Нивната изолација е очигледна, се додава во соопштението, ДУИ е исклучена од меѓународната заедница и нема никаква поддршка, ни соработка со која било од останатите нормални прозападни политички субјекти во Македонија. Пратениците на ДУИ го гледаат тоа и имаат задача пред чесните гласачи сѐ погласно и почесто да се спротивстават на погубните политики на нивното раководство, се потенцира во соопштението на коалициајта Вреди.

„Следниот пат кога Блерим Беџети ќе се обиде да креира политика, да се потсети на вчерашниот ден. Нема поголем губитник од него и од неговата иницијатива. Исто како на претходните парламентарни избори, каде што ни гласовите на т.н. Европски Фронт не му беа доволни и изгуби наспроти Вреди. Сѐ додека настапува како заштитник на Артан Груби, нема да поминува различно ни кај граѓаните ни кај своите сопартијци. Ќе продолжи да биде само еден од губитниците. Вреди апелира до сите општествени чинители, но и до сите членови на ДУИ, да ја поддржат борбата за демократија, транспарентност и одговорност, со цел да се спречат понатамошните штетни политики на ова дискредитирано раководство. Единствениот пат за излез од длабоката политичка корумпираност е целосна маргинализација на ова раководство на ДУИ“, велат од партијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк