Connect with us

Uncategorized

EВАКУИРАН AЕРОДРОМОТ ВО САРАЕВО ПОРАДИ ДОЈАВА ЗА ПОСТАВЕНА БОМБА

Published

on

Поради анонимна дојава дека на Меѓународниот аеродром во Сараево била поставена експлозивна направа, патниците биле евакуирани, пренесува „Кликс“. Во тек е увид на пиротехничарите, кој ќе трае неколку часа.

„По добиената анонимна дојава за наводно поставување експлозивни направи во просториите на меѓународниот аеродром во Сараево, надлежните служби веднаш ги презедоа сите неопходни мерки во согласност со важечките безбедносни протоколи. Се врши детален интервентен преглед. Во соработка со надлежните безбедносни агенции, обезбедена е целосна безбедност на сите патници и на вработените на аеродромот.

Ги молиме граѓаните за разбирање и благодариме за трпението. Меѓународниот аеродром во Сараево ќе продолжи да ја следи ситуацијата и навремено ќе ги пренесеме сите дополнителни информации“, соопштија од аеродромот.

Покрај аеродромот, дојава за бомба добиле и три средни училишта во Сараево, пренесува „Кликс“. Евакуирани се и училиштата, пишуваат локалните медиуми.

Uncategorized

Скандал во Тетово: Со лажни докази прогласен за починат и му е одземен имотот

Published

on

На 24.10.2024 во 15.20 часот во СВР Тетово, А.И.(80) од тетовско пријавил дека во текот на 2017 година без негово присуство во Основен суд Тетово била донесена пресуда со лажно прикажување на факти и докази. Според пријавеното, во судот биле приложени лажни докази дека тој бил починат, а воедно од адвокат биле поднесени лажни докази – фалсификувано полномошно дека бил негов застапник и застапник на неговата ќерка. Како што е пријавено, по донесувањето на пресудата со лажните докази Н.Ш. од истото село ја доставил пресудата во Агенција за катастар на недвижности-Тетово и неговиот имот бил префрлен на името на Н.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Uncategorized

“Свекрва треба да се сака секој ден, не само на 8ми март”

Published

on

Твитерџиите се уникатни во сè, па и во начинот на кој го честитаат Меѓународниот ден на жената.

Continue Reading

Uncategorized

“Овие две години во Германија ми одзедоа пет години од животот, се враќам во Македонија”

Published

on

Македонецот Орхан Мусевски реши да го напушти животот што го изгради во Германија и да се врати во татковината. Како што истакна, трошоците се зголемуваат, а од платата не може да заштеди ни 100 евра.– Кога ќе ми одземат 600 евра данок од платата, ми остануваат 1.500 евра, а уште 600 евра одат само за собата од 15 квадрати. Зимно време поради зголемени трошоци за парно, станоиздавачот бара 650 евра, а кога дојдов јас платив 350 евра за такво сместување. Потоа почна војната во Украина, се поскапе и сега не успевам да тргнам ни 100 евра – вели Орхан Мусевски.

Како посочи, тој беше многу посреќен во својата земја.– Овие две години во Германија ми одзедоа пет години од животот. Воопшто не ми се допаѓа системот на живот овде. Климата е подобра во Македонија, луѓе, јас бев посреќен, позадоволен во мојата земја. Заработуваш 400-500 евра, ама сите се порасположени од овде, насмеани. Но, секаде во нашата област е всушност подобро. Хрватите, Босанците, Србите, Црногорците се исто така добри луѓе, отворени, поврзани, срдечни, веруваат во Господ… Овде ретко се среќаваат искрени насмевки, а се верува само на пари – рече тој за хрватски Вечерњи лист.

Ниту на многу Германци не им е лесно, но за некој како мене се резервирани најлошите работни места од кои нема шанси, како во минатото, да се смират, да купат стан или нов автомобил – истакна тој.Орхан имал здравствени проблеми кои навреме ги решил. Како што истакна, скапите инјекции не ги платил од свој џеб и за тоа е благодарен, но и онака му е доста од Германија.– Наскоро ќе се вратам на нашиот Балкан, во мојата Македонија. Таму и цвеќињата различно мирисаат… – носталгичниот Орхан, кој не го запозна Берлин иако е во тој град повеќе од две години.– Многу е работа, осум и пол часа сум на работа, а најмногу работам со луѓе од Албанија, Нигерија, Индија… Постојано сме под камери за да не седне некој случајно. До станот патувам повеќе од еден час, кујната и бањата ги делам со четворица наши луѓе, од Македонија, Хрватска и Србија и сите се исти како мене.Дома ни ја прикажуваат телевизијата само негативното и верувавме дека овде е подобро, но овде има многу негативно, само што не е толку ставено во преден план. Зошто би, тогаш кој би дошол да работи во Германија? – вели Орхан, кој играше фудбал во Македонија, а откако малку ќе се одмори во татковината, повторно ќе размислува за работа во странство, но овој пат поблиску до дома, некаде на Балканот

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк