Connect with us

Скопје

Тошкоски информира од кога ќе функционираат камерите за прекршоци

Published

on

Казни за прекршоците што ќе ги регистрираат камерите поставени на улиците ќе има од следната година.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и покрај најавите дека камерите ќе почнат да функционираат до крајот на годината во рамките на проектот „Безбеден град“, денес извести дека најоптимистички камерите би можеле да бидат ставени во функција од јануари.

„Да речеме дека сè уште немаме целосна покриеност со технички уреди, односно камери на територијата на град Скопје, како што е утврдено во рамките на проектната документација. Колку порано би можело да се имплементира овој проект, толку би било подобро за сите нас имајќи предвид дека жртви на сообраќајни незгоди на годишно ниво во Македонија имаме со трицифрен број и тоа е страшно. Реалноста е таква каква што е. Ќе треба да се направат одредени законски измени и да се утврдат точните чекори за на крајот на денот да имаме систем што ќе го казни секој оној што управува моторно возило спротивно на законот исклучувајќи го човечкиот фактор во рамките на целокупната постапка од аспект на носење одлука дали треба или не треба да биде казнет. Се надевам дека во текот на 2025 година ќе имаме финална имплементација на овој проект. Јас би бил пресреќен да биде во јануари, но и со декември ќе бидам задоволен“, рече министерот Тошковски по денешната конференција на тема „Зајакнување на помошната улога на Црвениот крст кон властите во кризниот менаџмент“.

При пробното пуштање во употреба годинава камерите регистрираа и по 5.000 прекршоци за само два часа. Министерот Тошковски вели дека ваквите бројки се страшни и уверува дека откога ќе бидат пуштени во употреба, десеткратно ќе се намали тој број оти граѓаните ќе знаат дека има систем што ќе ја казни секоја грешка.

Скопје

Приведени двајца скопјани, агресивно се однесувале кон полицајци

Published

on

Вчера полицискиот билтен бележи две приведувања од страна на полицијата поради агресивно однесување кон полициски службеници.

Првиот настан се случил во 22:20 часот во општина Аеродром каде полицијата го привела 55-годишниот Т.Ј од Скопје. Тој се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија

Вториот настан се случил во 23:25 часот во општина Центар каде бил приведен 46-годишниот Д.К од Скопје. И тој се однесувал агресивно кон полициските службеници.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Скопје

Апсење на аеродромот во Скопје

Published

on

Вчера во 10.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 53-годишниот И.К. и 26-годишниот С.К., двајцата од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека приложиле фалсификувани патни исправи. 

Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Инвестициите во образованието продолжуваат со полна пареа

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, објави дека основното училиште „Партенија Зографски“ ќе го започне второто полугодие со значајни подобрувања на условите за наставниците и учениците.

Целосно се молерисани сите 20 училници во училиштето, од кои 11 кабинети за одделенска настава и 9 за предметна настава. Дополнително, училишниот кабинет за информатика е целосно опремен со нови компјутери, клупи и столчиња, овозможувајќи современ пристап кон наставата.

Во рамките на инвестициите, набавени се и нови ергономски столчиња за најмладите ученици, со дизајн кој обезбедува комфор и здраво држење на телото. Истовремено, освежени се кабинетите за второ и прво одделение со нов мебел, а наставничката канцеларија доби нови столици и дидактички материјали за унапредување на наставата.

За подобра осветленост и енергетска ефикасност, поставени се нови ЛЕД светла во 10 училници.

„Продолжуваме со нашите заложби за унапредување на образованието и подобрување на условите за сите ученици и наставници. Овие инвестиции се доказ за нашата посветеност кон иднината на нашите деца,“ изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк