Connect with us

Македонија

Почина 5 годишно дете на Детската клиника

Published

on

Почина 5 – годишно дете како последица од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести. Од Установата информираат дека девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба и се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега каде и била направена и интубација, но како што велат од Клиниката и покрај сите напори на медицинскиот кадар не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит, а завчера констатирале смрт. 

– За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести. За 14 месечното девојче од Грчец се уште се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност, а за новороденчето од Струмица ДСЗИ согласно нивните надлежности не констатираше пропусти во лекувањето.

Засега нема информации дали и каде било лекувано 5 –годишното девојче пред да биде донесено на Детска. Од ДСЗИ информираат дека и за овој случај ќе извршат вонреден инспекциски надзор, по што ќе ја информираат јавноста за фактичката состојба околу третманот на починато дете.

Македонија

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Published

on

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското знаме, информираат од ЈОРСМ. 

-Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ.

Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, вчера и синоќа се одбележуваше Денот на албанското знаме. На видео снимки кои синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил. 

Во текот на ноќта и утрово партиите реагираат за сквернавењето на македонското знаме и бараат сторите да се казнат.

Continue Reading

Македонија

Тошковски: Уапсени 8 лица поради предизвикување расна и верска омраза

Published

on

Сакам да упатам порака до сите што сакаат да предизвикаат дестабилизација на Македонија, да  им порачам дека полицијата ќе одговори соодветно на сите предизвици, времето на крив е пајакот или кабелот е поминато. 

Македонската полиција веќе реагираше по вчерашните инциденти за време на прославата на Денот на албанското знаме, кога беше уништено македонското знаме, истакна на прес конференција министерот Панче Тошковски. 

-Упсени се веќе осум лица. Четири учесници во тепачка а другите 4 лица се уапснеи заради тоа што за нив имаме основата сомнение 319 од КЗ кое се однесува на предизвикување расна и верска омраза, за кое се предвидува казна затвор од 1 година, еден од нив е малолетник а тројца се млади лица на возраст од 18 до 21 година.Тие се веќе приведени и наскоро ќе бидат изнесени пред суд. Веќе е уапсено и лицето кое до црвен автомобил го кинеше македонското знаме, рече меѓу другото министерот Тошковски.

Ги молам сите граѓани кои имаат видеа, фотографии и други информации за сквернавење на македонското знаме да ги достават до МВР, побара Тошковски.

Continue Reading

Македонија

Македонски концепт: Бараме итна и силна реакција од државата по вчерашните настани

Published

on

Бараме итна и силна реакција на државата, и за тие кои ги видовме на екраните како палат и газат македонски знамиња, и за тие што од позадина организираат вакви настани, и за тие во МВР и АНБ, кои потфрлија со превенција за заштита на јавниот ред и поредок во земјава, соопштија од Македонски концепт.

„Ова не смее да остане без силен одговор од државата. Вчерашните настани се терористичко загрозување на уставниот поредок и мора да се третираат согласно член 313 од КЗ, …”општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години“.

Криминалните структури и марксистичко – ленинистичките банди доселени во земјава за време на комунистичкиот период, се промотори на албанскиот етнички шовинизам, кој е катализатор за дестабилизација на НАТО и спречување на проширувањето на ЕУ на Балкан. Истиот е неопходно да се осуди и санкционира и од меѓународните фактори. Очекуваме реакција на ЕУ и НАТО во таа насока, особено на стратешкиот партнер САД“ порачаа од партијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк