Connect with us

Македонија

Општина Битола: јавен повик за кандидати за членови на локалното собрание на млади

Published

on

Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Битола распишува јавен повик за членство во Локалното собрание на млади.

Локалното собрание на млади претставува тело кое е составено од по еден делегат и еден заменик делегат кои ќе бидат предложени од страна на младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување.                                                                                           

Локалното собрание на млади објавува Јавен повик за кандидирање на членови за Локалниот младински совет на Општина Битола и ги избира членовите на младинскиот совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади.

Од редовите на Локалното собрание на млади се избира и изгласува тричлена комисија, составена од членовте на Локалното собрание на млади, која е одговорна за следење на целокупниот процес за изборот на членови на Локалниот младински совет.    

Членовите на Локалното собрание на млади не се ограничени од членување во Локалниот младински совет.

Членовите на Локалното собрание на млади имаат задача:

-Да работат на спроведување на активностите на Собранието.

-Да учествуваат во подготовка на документи.

-Да изберат членови на Локалниот младински совет.

Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:

-Да имаат активности на територијата на Општина Битола;

-Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик;

-Делегатот/ката и заменик-делегатот/ката да се жители на Општина Битола и да се на возраст од 15 до 29 години;

Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи на е-маил: popovskan@bitola.gov.mk  или да ги поднесат во архивата на Општина Битола, Бул. „1-ви Мај“ бр.61 со ознака – „За јавен повик за формирање на Локално собрание за млади”.

Повеќе информации за повикот достапни се на следниот линк:

Македонија

Интервенција на пожарната во Тетовско, има загинати

Published

on

На 18.11.2024 во 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Стримница настанал пожар во куќа сопственост на З.Ш.(90) од с.Стримница, кој живеел сам во куќата. Полициски службеници од Полициското одделение Групчин излегле на местото, а интервенирала екипа од Територијалната противпожарна единица Тетово, која во 00.20 часот го пронашла починат З.Ш.. Пожарот бил изгаснат, а смрт констатирала лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово.

Continue Reading

Македонија

Тепачка во Брвеница, полицијата морала да интервенира

Published

on

На 18.11.2024 во 23.10 часот во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Ј.(41), С.З.(35) и М.М.(24), тројцата од с.Брвеница, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22.30 часот во селото физички ги нападнале Г.С.(24) од с.Волковија и 21 – годишната Д.Н. од с.Брвеница. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок. 

Continue Reading

Македонија

Важно известувања од општина Тетово

Published

on

ИЗВЕСТУВАЊЕ!!

Се известуваат сите жители и стопански субјекти кои живеат и работат на улицата “Борис Кидрич” дека ќе има прекин на водоснабдувањето, поради поставување на новата водоводна мрежа.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк