Connect with us

Бизнис

Домаќинствата и малите потрошувачи во иднина ќе може да плаќаат струја по променливи тековни цени

Published

on

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини предлага домаќинствата и малите потрошувачи да можат да купуваат струја според концептот „динамична цена“ наместо да ја плаќаат како фиксна кај универзалниот снабдувач (во случајов ЕВН Хоме).

Според дополнителните и најнови предложени измени на Законот за енергетика, домаќинствата ќе може да купуваат струја од снабдувачи со динамична, односно тековна цена, каква што е во моментот на пазарот.  Бидејќи оваа цена е варијабилна, потрошувачот ќе може да ги користи периодите кога таа е ниска.

Снабдувачот ќе треба да им обезбедува постојани информации на потрошувачите за цената на струјата преку паметни мерни уреди, а своја улога како обезбедувач на информации и контрола ќе има Регулаторната комисија за енергетика.

Од Министерството за енергетика, на нашето прашање колку е веројатно ова да профункционира во пракса и колку време ке биде потребно овој концепт да се воспостави, велат дека оваа можност веќе е започната да се имплементира во некои земји од Европската унија.

– Оваа новина, која почнува да се имплементира во дел од земјите од Европската Унија, ја инкорпорираме и во нашето законодавство како дел од усогласувањето со европските стандарди. Министерството за енергетика смета дека, воведувањето на можноста домаќинствата и малите потрошувачи да склучуваат договори со снабдувачи на електрична енергија по динамична цена, е изводливо и во интерес на граѓаните, бидејќи ова ќе им овозможи флексибилност и оптимизирање на трошоците во согласност со реалната потрошувачка. Искуствата и праксата покажуваат дека потребното време за целосна имплементација зависи од техничките подготовки и договорите со снабдувачите. Што секако ќе биде во координација со потребите на потрошувачите и ќе се развива паралелно со прилагодувањето на потребите на пазарот и техничките капацитети, велат од министерството.

Од таму додаваат дека потрошувачите – во слуачјов домаќинствата и малите потрошувачи, ќе треба да инсталираат посебно броило во договор со снабдувачот за плаќање на електричната енергија по динамична (променлива) цена.

– Во однос на евентуалните трошоци за корисниците, единствениот можен почетен трошок би бил за инсталирање ново броило со опција за далечинско читање. Министерството се стреми да се минимизираат дополнителните трошоци, со цел да го направи овој модел достапен за што поголем број граѓани без дополнителен финансиски товар, гласи одговорот од Министерството за енергетика.

Извор: Faktor.mk

Бизнис

БРАКО ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: ОДЛИЧНА ШАНСА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Published

on

Компанијата Брако, една од водечките индустриски компании во Македонија, објави оглас за вработување на повеќе работни позиции, нудејќи одлични услови за работа и атрактивни придобивки за идните вработени.

Позициите за кои е отворен конкурсот се:

• Монтажер на специјализирани возила Green Machines

• Монтажер во медицинско производство

• Оператор на ЦНЦ АПКАТ

• Оператор на робот за заварување

• Заварувачи со MIG-MAG и TIG техники

Од Брако велат дека покрај конкурентните лични примања, компанијата обезбедува и платен оброк, како и многу други поволности за своите вработени.

„Наша цел е да привлечеме мотивирани професионалци кои сакаат да бидат дел од успешен тим и да учествуваат во создавање иновативни и квалитетни производи кои се препознатливи не само на домашниот, туку и на глобалниот пазар“, велат од компанијата.

Сите заинтересирани кандидати можат да ги разгледаат деталите за работните места и да аплицираат брзо и едноставно преку специјализираната страница за кариера на линкот: kariera.mk или да ја испратат својата апликација на електронската пошта hr@brako.com.mk, со наведување на позицијата за која аплицираат.

Конкурсот е отворен за сите амбициозни лица кои се подготвени да се приклучат на успешната приказна на Брако.

Continue Reading

Бизнис

Во мобилната телефонија има 1 919 695 претплатници, а 449 868 фиксни линии

Published

on

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава заклучно со вториот квартал годинава изнесува 1 919 695, од кои од резиденцијалните 679 245 се при-пеид претплатници, а 992 157 пост-пеид. Бројот на деловни пост-пеид претплатници изнесува 248 293. Реализирани се 1.409.062.356 минути разговор.

Податоците од Извештајот на Агенцијата за електронски комуникаци покажуваат дека со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) во вториот квартал годинава биле 1 549 967 претплатници.

Во вкупниот број претплатици, А1 Македонија има удел од 47,9 проценти, Македонски Телеком 46,57 проценти, Лајкамобајл 3,05 проценти, Телекабел 1,29 проценти МТЕЛ 1,08 проценти, Греен мобиле 0,11 проценти.

Во приходите од обезбедување на мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во вториот квартал од 2024 година Македонски Телеком има удел од 49,96 проценти, А1 Македонија, 46,93 проценти, МТЕЛ 1,39 проценти, Телекабел, 0,88 проценти, Лајкамобајл, 0,71 прценти, Греен мобиле 0,13 проценти.

Вкупниот број на фиксни линии изнесува 449.868, а остварени се 16.943.729 минути телефонски сообраќај.

Continue Reading

Бизнис

Божиновска во ХЕЦ Тиквеш – Водостојот е на критичното ниво, последица од несовесно управување

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска ја посети хидроелектраната „Тиквеш“ за да се информира за моменталната состојба со хидропотенцијалите, техничката подготвеност и предизвиците поврзани со водостојот во земјата.

Нивото на големата вештачка акумулација во земјава, Тиквешкото езеро, останува далеку под потребното ниво. водата од езерото не е ниту до горниот праг од тунелот Тисовец кој е на кота 245 м водостој на Тиквешкото езеро. Генерално состојбата е критична на ниво на цела држава.

Божиновска заедно со директорот на електраната, Звонко Бошков, и претставници на раководството на ЕСМ беше во обиколка на ХЕЦ Тиквеш. При обиколката на браната, беше јасно видливо дека нивото на водата е далеку под потребното ниво. Празниот простор некогаш исполнет со вода сега сведочи за сериозноста на ситуацијата. Министерката ја нагласи итната потреба за внимателно и одговорно менаџирање со ресурсите. Сликата која ја затекнавме испраќа јасна и ИТНА порака – енергијата не е бесконечна, истакна Божиновска.

„Ова е повик за будност. Ќе вложиме максимални напори за оптимизирање на користењето на ресурсите. Ќе се занимавме и со тоа зошто ни се опустошени македонските енергетски капацитети, но јас знам дека со чесен пристап со макотрпна работа може да се промени сегашната слика и нема да се откажам, ниту јас ниту оваа влада од намерата Македонија да биде енергетски независна земја.“ истакна Божиновска.

Тимот од хидроелектраната информираше дека освен критичната состојба со водата, стравувале и од хаварија, бидејќи доколку нивото на водата продолжи да паѓа со „влез на воздух во доводниот цевод“, може да доведе до кавитација и сериозни оштетувања на системот. Присутните истакнаа дека ова е прва посета на ресорен министер по речиси две децении, а денешниот ден им донел и поволни временските услови. Денес имало доток на вода 7 пати повеќе од претходниот период, благодарение на обилните дождови изминатото деноноќие.

„Наследив празна акумулација, со кота која е 12 метри под просечната за овој период од годината. Но денес за прв пат имаме дотоци кои по подолго време се двоцифрени. Деновиве имавме дотоци од 5 кубни метри во секунда, а само во последните 24 часа имаме дотоци од 77 кубни метри во секунда и се надеваме дека тоа ќе оди во нагорна линија и дека идното производство ќе биде во функција на зголемувањето на приходите на нашата компанија а со тоа и на подобрување на примарната  и секундарната регулација   која ќе овозможи постабилен енергетски систем во нашата држава“ изјави директорот на ХЕЦ Тиквеш Звонко Бошков,

Министерката сакаше и лично да ја види состојбата во машинската зграда која се наоѓа во подножјето на браната. ХЕЦ „Тиквеш“ произведува електрична енергија со инсталирана моќност од 113 MW и годишно производство од 144 GWh, но сега се соочува со сериозни ограничувања поради недостигот на вода.

Раководството ја информираше министерката и за идните инвестициски планови за подобрување на состојбата. Министерката изрази благодарност до тимот на ХЕЦ „Тиквеш“ за нивната посветеност во одржувањето на производството.

Работната посета на хидроелектраната „Тиквеш“ е дел од континуираните активности на Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини за зајакнување на транспарентноста, ефикасноста и долгорочната стабилност на енергетскиот сектор.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк