Connect with us

Македонија

Можен нов бран поскапувања поради високата цена на струјата на отворениот пазар

Published

on

Високата цена на струјата закана за нов бран поскапувања објави во својот прилог ТВ Телма. Од производствената индустрија велат дека за еден месец цената на електричната енергија на отворен пазар е зголемена за над 200 проценти и ако продолжи тој тренд не се сигурни дали ќе можат да ги задржат цените.

Поради ова минатата недела имале и средба со министерот за економија на која истакнале дека поради цените на електричната енергија можеби сега не е време за креирање на т.н. „Новогодишна кошничка“.

Сметаме дека поради состојбата на пазарот со струја не е време за новогодишна кошничка.која се планира да биде донесена затоа што нема да има ефект, но се сложивме да учествуваме. Ако овој тренд со цената на струјата продолжи а државата не преземе мерки многу же.биде тешко да се задржат цените, велат од производствената индустрија.

Од Регулаторната комисија са енергетика појаснуваат дека малите потрошувачи можат да се вратат на регулиран пазар согласно нивните проценки. Многу од нив поради тоа што имаа подобри услови на отворен пазар одлучија да се снабдуваат со електрична енергија од таму, но во последно време цените на берзите почнаа да дивеат и во некои денови надминуваа и 400 евра за мегават час, како што беа на самиот старт на енегетската криза.

Овие цени се многу повисоки од оние во другите држави од ЕУ, па поради тоа пред извесно време надлежните побараа објаснување од Европската енергетска заедница зошто е тоа така. Од таму објаснија дека е заради лошото енергетско поврзување на земјите од југоисточна европа, нешто со што бислимовски не се согласува.

Во мегувреме се крои и нова цена на струјата за домаќинствата. Премиерот Мицкоски неколку пати рече дека нема да има скок на цената, а ако дојде до тоа ќе биде до 3 проценти.

За неколку дена ЕСМ треба да достави нова понуда со цена на својата електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ, од која всушност најмногу ќе зависи каква ќе биде цената за граѓаните. Од владата тврдат дека и новата понуда од ЕСМ ќе се движи помеѓу 58 и 62 евра.

Македонија

Сообраќајна несреќа: Возило излетало надвор од коловозот

Published

on

На 09.01.2025 во 22.56 часот во Полициската станица Берово стасала пријава за сообраќјна несреќа. На регионалниот пат с.Владимирово-Берово, патничко возило „опел фронтера” со пехчевски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот.

Возилото го управувал М.В.(45) од с.Чифлик, пехчевско. Тој се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.

Continue Reading

Македонија

Неуспешен обид за кражба во маркет во Карпош – повредена вработена!

Published

on

На 10.01.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 15.40 часот во маркет на подрачјето на Карпош, машко лице со физичка сила и закана со остар предмет кон вработените се обидело да одземе производи, но не успеало.

При тоа и нанел повреда на една од вработените. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Continue Reading

Македонија

Во еден ден две жени жртви на семејно насилство

Published

on

На 10.01.2025 во 21.36  часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом Штип било пријавено дека во полуотвореното одделение во установата била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.01.2025 во 23.50 часот во СВР Скопје 24-годишна жена пријавила дека во скопско село била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг Б.А.(27) и неговите родители. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк