Connect with us

Македонија

ФИЛИПЧЕ ДО СИЛЈАНОВСКА: Спојувањето на безбедносните агенции е ризично

Published

on

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова изразил загриженост и укажал дека треба да реагира за работи кои се во нејзини ингеренции, како што рече, пред се, „партизацијата која што се случува во делот на безбедносните структури“. Разговарале и за процесот на евроинтеграциите и најави дека СДСМ ќе ја поддржи секоја подобрена позиција што ќе ја обезбеди Владата.

– И укажав на ризикот. Сметаме дека може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции, ако се продолжи со ваква партизација имајќи предвид дека сме имале едно такво лошо искуство во минатото, дека таква гломазна безбедносна партизирана институција може да се злоупотреби, изјави Филипче по средбата која ја оцени како пријатна, пријателска и конструктивна со цел натамошна конструктивна соработка.

Филипче порача дека ваква форма на политички дијалог на претседателката треба да прерасне во редовни средби.

Средбата ја побарол тој по последната седница на Комисијата за европски прашања каде  имала изглагање претседателката и го изнела искуството од  Нациопналниот совет за евроинтеграции.

Прашан дали на средбата добил информации за деблокада на евроинтеграциите и разговорите на Силјановска со бугарскиот претседател Румен Радев повтори дека СДСМ ќе поддржи секоја подобрена позиција која што Владата ќе ја обезбеди согласно ветувањата и обидите.

– Ја иформирав претседателката дека за време на преговорите кога ги водеше СДСМ, сме се обиделе уставните измени да бидат со одложено дејство, меѓутоа тогаш тоа од  бугарска страна, од раководството на тогашниот премиер Петков, не било прифатено. Повторувам која било подобрена позиција ние ќе ја поддржиме, рече Филипче.

За да дадат поддршка во Собранието на предлог за уставни измени со одложено дејство рече дека „треба да добијат потврда дека тоа е возможно.

– Многу опции , многу варијанти се работеле во изминатиот период. Јас имав состаноци коишто и тогашниот премиер Ковачевски, и тогашниот наш преговарач Маричиќ ми укажаа кои работи се обиделе да ги направат, што било возможно, што не било возможно. Ние успеавме да го направиме тоа. Сите други обиди меѓу другото и одложеното дејство на уставните измени тогаш бугарската страна не го прифатила. Што и да направи сегашната Влада, што  ги подобри нашите позиции ние тоа го поддржуваме, изјави Филипче.

Македонија

Им требаат келнери, возачи, месари…: Кои профили се недостасуваат во Германија?

Published

on

На Германија ѝ недостасува речиси секој профил на квалификувани работници.

Им требаат од возачи на автобуси и камиони, до градинари и ѕидари, месари и келнери, пишува германската новинска агенција (ДПА).

На пример, 44 отсто од сите возачи на автобуски и железнички јавен превоз имаат најмалку 55 години. Меѓу сите вработени во Германија, секој четврти има над 55 години. Уделот на постарите работници од 27 отсто е нешто над просекот во здравството, пренесува Феникс магазин.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска-Давкова: Нашите ракометари покажаа борбеност и дух на вистински шампиони!

Published

on

Сиљановска-Давкова: Нашите ракометари покажаа борбеност и дух на вистински шампиони

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитки до македонската ракометна репрезентација поради значајното реми на отворањето на Светското првенство во ракомет.

„Горда сум, а верувам дека сте и вие, на нашите ракометари кои покажаа нескротлива борбеност и нескршлив дух. Светското првенство го започнавме како вистинска ракометна сила, докажувајќи дека сме рамноправен противник на најдобрите,“ истакна Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека ракометарите уште еднаш потврдиле дека во спортот нема мали и големи држави, туку дека победничките адути се спортската стаменост, посветеноста, решителноста и храброста.

Претседателката упати благодарност до македонската публика која, со своето страстно навивање, на ракометарите им дала „вулканска енергија“ за постигнување на успехот.

„Верувам во нивната сила и им посакувам витешка игра во следните натпревари. Моите мисли и емоции се со нив,“ порача Сиљановска-Давкова, изразувајќи надеж дека тимот ќе продолжи со одлични резултати и понатаму.

Continue Reading

Македонија

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ЌЕ ГО ЧИСТАТ КУМАНОВО

Published

on

ЈП „Чистота и зеленило“ и КПУ Затвор – Куманово потпишаа Меморандум за соработка, за организирање општокорисна работа за осудените лица.

Соработката има цел да го поддржи ресоцијализацискиот процес на осудените лица, преку нивно активно вклучување во активности за чистење и одржување на јавните простори во општината.

– Очекуваме наскоро да бидат ангажирани осудените лица и да помогнат во одржувањето на хигиената на повеќе локации на подрачјето на општината. Претходните искуства покажуваат дека бенефитот е одличен и за самите осудени лица, им помага во нивниот процес на ресоцијализција, но и за претпријатието – изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Ненад Стојановски.

Соработката, нагласуваат од двете институции е во согласност со законските регулативи и се реализира за да се подобрат условите за живот на заедницата, како и да се поттикне одговорност и ангажираност кај осудените лица.

Претходно кумановскиот затвор потпиша меморандум за соработка и со Општата болница Куманово

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк