Македонскиот правосуден систем е во колапс, што е причина за грижа на секој граѓанин кој се соочува со законот, било сега, во изминатите седум години или во иднина. Не постои граѓанин кој може да гарантира дека никогаш нема да се соочи со судска постапка, во било која позиција, бидејќи животот е таков, непредвидлив.
Кога судскиот систем е во колапс, граѓанинот е во страв, со недовреба кон него, а секој граѓанин мора да плаќа данок за издржување и финансирање на тој систем во кој – не верува. Довербата на јавноста во Обвинителството и Судството последниве години се движи помеѓу 2 и 3%.
Никогаш во Македонија, ниту една институција, немала таков низок степен на доверба во јавноста како правосудниот систем последниве години. Патем, никаде во пошироката територија на европскиот континент, а тоа се педесетина држави, домашниот правосуден систем нема таква недоверба од сопствените граѓани кон него.
Причината се утврдена и од домашните извори, а и од меѓународните организации кои се занимаваат со оценка на правниот систем. За Македонија, со години, извештаите се дека Обвинителството и Судството е партизирано, и дека работат по налог и за интереси на извршната власт, Владата. А власт, во тие години на создавање таков правосуден систем, беа СДСМ и ДУИ.
Кога има таква власт, и таков правосуден систем, тогаш без задршка се развива мегаломанска корупција во Македонија, една од најголемите во европскиот континент, државен рекет и прогон на политички неистомисленици и противници за што СДСМ и ДУИ не се криеа.
Кога корупцијата на власта ќе создаде таква моќ и таков голем коруптивен капитал, следат купување поддршка из заштита од медиуми, невладини организации, обвинители, судии.. Сите тие гонат и јавно дискриминираат таргетирани лица и фирми по наредба, а во исто време ги штитат интересите на корумпираните од власта, заштитени од законот во секоја прилика. А јавноста тоа го гледа. И, кога ќе ја прашаат, одговара дека верува во правосудниот систем само 2-3%.
Кога, со промена на власта, некои обвинители и судии ќе се обидат да се оттргнат од тој наметнат терет и страв од казна и одмазда за непослушност, следи одмазда одвнатре како во војната помеѓу Вишото јавно обвинителство од една и Основното скопско обвинителство кое го предводат обвинители од СЈО пријавени за незаконско земање пари до СЈО, но поддржани од државниот јавен обвинител. Причина, елиминација на Виши обвинители кои се подготвени да се води истрага за незаконско примање пари од страна на обвинителите на СЈО.
И, сега со тоа имаме и институционална криза во правосудниот систем. Обвинителскиот и Судскиот совет се поставени од минатата власт, па иако власта се смени, навиките и моделот продолжуваат по старо. Постојат меѓусебни кариерни и финансиски интереси создавани изминатите години, и тој мрак може да го реши само Собранието со реформи. Но, Собранието се уште молчи?!
Обвинителите и судиите, особено во Апелација, еднаш од интерес а другпат од страв да не бидат нападнати од партиските “невладини“ и шефовите до СДСМ и ДУИ кои таму ги пoставиле или унапрeдиле, просто се тркаат да се осудат сите кои Ообвинителството ги обвинило. Речиси без исклучок, оние кои се појавиле на суд како обвините се осудени на крај како виновни.
Еве ги службените, званични податоци од Државниот завод за статистика кои го докажуваат тоа. Од 7.199 обвинети во 2023 година, ослободителна пресуда добиле само 183. Или, само 0,02 проценти. Можноста обвинет да биде ослободен во судски процес, во Македонија, е равна на можноста за седмица на Лото.
Од обвинетите, за 327, или 0,04% постапката е прекината од разни причини, како смрт, застареност и слично. Во исто време, од стотиците коруптивни скандали на луѓе од минатата власт речиси никој не е осуден. Држава најкорумпирана во Европа, после Украина, со најмалку постапки за судење корупција на таа власт:
Македонија е феномен со ниската стапка на ослободителни пресуди од само 0,02%. Никој на европскиот континент нема така мал процент и во таква ситуација секому е јасно дека судиите и адвокатите се само статисти во судските постапки. Судиите сами се откажуваат од себе и својата професија и извршуваат што се бара од обвинителите, а на адвокатите им е одземена можноста согласно законот и сопствените знаења да учествуваат рамноправно во судскиот процес.
Во време на најтврдата диктатура на Сталин, во СССР, помеѓу 1932 и 1936, кога луѓе масовно се осудувани и носени во Сибир, од сите обвинети ослободени се 1,7%. Во време на Информбирото, од 1948-ма до 1950-та осудени се 31.142 лица, стапката на ослободени од обвинение е 7%. Во Македонија денес тоа е 0,02% ослободени од вина во судска постапка.
Како е праксата во демократските држави? Колку е демократијата поголема (како во Скандинавските држави) степенот на ослободителни пресуди во однос на поднесени обвинија е поголем. Во Скандинавија тоа е над 30% ослободителни пресуди, а како се оди јужно за виновни се прогласени од 72 до 80%.
Во САД: Бирото за правда објави дека меѓу обвинетите за кривично дело, 68% биле осудени (59% за кривично дело, а остатокот за прекршок) со највисоки проценти на осуда за кривично дело за обвинетите првично обвинети за кражба на моторни возила (74%) ), прекршоци поврзани со возење (73%), убиства (70%), кражби (69%) и трговија со дрога (67%); и најниска стапка, процент, за обвинетите е за првично обвинети за напад (45%).
Тоа се државите за кои толку гласно велиме дека се модел кон кој се стремиме. Но, таму има судии со интегритет и обвинители со одговорност. Овде – не. Овде државните јавни обвинители јавно коментираат ослободителни пресуди и бараат смени на судии кои така суделе, особено за политички и бизнис противници на власта на СДСМ и ДУИ. Судиите молчат на овие јавни некомпетентни шамарања, и спроведуваат обвинија во персуда. “Кадија те тужи, кадија те суди“.
Да употребиме еден пример, како јавно многу познат заради ликот и делото на обвинетиот, и како судир на јавниот интерес, а тоа е непристрасен обвинител и судија и адвокат со обезбеди услови за законска одбрана, слујаот на судење на познатиот кардиохирург Жан Митрев за – измама! Измамата е што на пациенти најтешко заболени од Ковид 19 им се применувало лекување со хемофилтрација, и тоа со нивно барање и согласност.
Но Жан Митрев, со 40 години врвен стаж без дамка и основоположник на кардиохирургијата во Македонија, има успешна клиника на која некој бизнисмен од ДУИ фрлил мерак, а еден негов колега од владата на СДСМ и ДУИ спакувал план да биде раководител, и Жан Митрев се нашол на удар на државен рекет. Како што погоре спомнавме, власта на СДСМ и ДУИ, по стандарден модел, наоѓа соодветна “невладина организација“ да подготви терен, обвинителка која веднаш отвара истрага “по допрен глас“ и собира сведоци со мотив: пријавете штета од измама, ќе добиете пари за тоа. И, процесот почнува со намера да заврши пред избори.
Во САД лекарите за време на пандемијата на Ковид 19 имаат заштита од законски последици во примена на методи на лекувањето заради новите и непознати дотогаш симптоми, протоколи и тек на болеста, и итноста на лекувањето: “Нашето мислење е дека правниот систем веќе има широка одбрана за да ги заштити болниците и давателите на услуги кои дејствуваат разумно и со добра волја во овие тешки времиња… “ пишува во анализата на PubMed Central.
Но, Жан Митрев не е било кој во јавноста, Жан Митрев врши над 1.000 операции на срце годишно, и јавноста дава отпор на овој процес. Работите почнуваат да излегуваат на виделина, судењето се оддолжува и после изборите, сведоците почнуваат да се повлекуваат, а обвинителката станува нервозна.
Досега видовме секакви можни и претходно невидени настапи на обвинителката во овој предмет: Од одбивање да презентира детално докази, до наведување сведоци уште во истрагата но и сугерирање што и како да зборуваат пред судот, до навреди на адвокатот и обвинетиот, отворени кавги со судијата, опомената за тоа продолжува и понатаму, па наведување на сведоците да бараат отштета многу поголема од парите платени за хемофилтрација и тие бараат и до 200.000 евра за услуга од 5.000 евра… Го видовме Обвинителството на дело. И видовме дека ниту еден сведок не кажа дека имал контакт со Жан Митрев или дека некој надлежен за лекување на Ковид 19 во клиниката ги наведувал и притискал да одберат хемофилтрација при лекувањето.
Како што видовме дека стотина пациенти се одбиени во нивното барање за хемофилтрација бидејќи не им е нужно потребна, а притоа клиниката ако не ги одбила можела да заработи над 500.000 евра. Кој измамник се откажува од тие пари?!
Судењето тече. Само годинава одржани се 16 рочишта. Тоа се 16 дена загубени за кардиохирургот Жан Митрев и неговите пациенти кои се оперираат, во просек, 4-5 секој ден. Најмалку 80 пациенти загубиле можност да бидат оперирарни кај него. Но, важно Обвинителството да ги спаси своите позиции и милионите земени од обвинителите на СЈО, да ги држи судиите под контрола со закани и уцени “знаеме се за вас и не помислувајте да давате ослободителни пресуди…“.
Се чека Собранието да почне со реформите и да обезбеди услови за нормална работа на обвинителите кои не се од кампот на СДМ, ДУИ и СЈО, на судиите кои бараат услови за слободна работа без притисоци и закани од Обвинителството и нивните платени поддржувачи од улица, и на адвокатите кои конечно ќе добијат можност да ги бранат своите клиенти со повеќе шанси за слобода од сегашните 0,02%.
Собранието да ги изгласа реформите во правосудството, да ја оправда поддршката добиена на изборите по што може да почне фер истрага и судење за корупцијата вршена последниве години, и за граѓаните да имаат причина за доверба во Обвинителството и Судството над оваа, од мизерни 2-3%. Чекаме.
Времето во земјава утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка.
Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а на околните планини од снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во деновите од викендот ќе има повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 60 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со магла по одделни котлини.
Апелираат до сите трговци и угостители, да ги почитуваат законите, а своите дејности и услуги да ги вршат во согласност со законските прописи.
Државниот пазарен инспекторат ќе врши редовни и вонредни надзори за време на викендот, а посебно внимание ќе биде посветено на продажните акции за „Black Friday“ со цел спречување на доведување во заблуда на потрошувачите и примена на измамнички трговски дејства.
Од Пазарниот инспекторат информираат дека до нив во континуитет пристигнуваат поплаки за пушење во угостителските објекти поради што ќе се вршат и надзори согласно Законот за заштита од пушење.
-Исто така, ги охрабруваме граѓаните, секоја неправилност која ќе ја забележат да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk, стои во објавата од Државниот пазарен инспекторат.
Новинарот Мефо Исмаили во својата објава на Фејсбук вели дека палењето знамиња, пцуењето, навредувањето, храброста во толпата или зад маски е најлесната работа! Дури „патриоти“ од ваков тип, се во толку голем број што нема торба за да ги собере!
Смета дека по вчерашните случувања треба да се потенцираат две работи.
-Прво: Од кога ќе палите, пцуете, топењето на егото на лажниот патриотизам, дали сте свесни кому сте му служеле, кому сте му пратиле вода на воденица и кому уште повеќе му го трасирате патот за да се збогатите на сметка на вашата глупост, додека тој продолжува да ве контролира и ве остава со празен стомак?! Второто: Ете, добро уживавте и се самозадоволивте со овие вулгарни гестови, но кога се вративте дома, дали патот по кој одевте имаше асфалт и канализација, дали ви се зголеми платата во банка, и дали станавме членка на ЕУ?!
Не, се разбира дека не, затоа што, да ги палевме знамињата на партиите и да ги критикувавме политичарите толку многу колку што ги палиме знамињата и се навредуваме, денес барем ќе имавме канализација, книги во училиштата, исто така ќе бевме дел од ЕУ, и наместо да се занимававме со вакви глупости, ќе планиравме каде ќе го поминеме зимскиот одмор, а не да седиме во страв, дали продавницата во малото ќе ми даде леб и цигари на вересија!
И кога ќе видиме дека после сето ова, како постапуваат и реагираат одредени политички субјекти, кои наместо да повикуваат на смиреност, уште повеќе го разгоруваат огнот, јасно e дека за нив најважно е граѓаните да се сиромашни и полни со злоба и омраза, наместо благосостојба и напредок на земјата. На крај, порака до сите „Патриоти на батерии“ : Ако сте храбри, палете ги знамињата на тие партии кои не донесоа до ова дереџе и пцуете ги тие политичари, а не соседот и сограѓанинот, пипува Исмаили во објавата.