Connect with us

Бизнис

Што се случи по преземањето на Теленор од 4иГ во Црна Гора?

Published

on

Црногорскиот телекомуникациски сектор забележа значајни трансформации по влегувањето на унгарскиот технолошки и телекомуникациски конгломерат 4iG. Со преземањето на Теленор Црна Гора во 2021 година, 4iG донесе подобрување на поврзаноста, ја зголеми конкуренцијата и ги поттикна технолошките иновации.

Една од најголемите промени што ја донесе новиот оператор беше забрзување на дигиталната трансформација во Црна Гора. Претходно, дигиталната инфраструктура и услугите на овој пазар заостануваа зад околните земји.

Компанијата инвестираше многу во мрежната инфраструктура, проширувајќи ја покриеноста со 4G и иницирајќи тестирања за 5G, со план за целосно воведување на 5G во наредните години. Ова брзо трансформирање помогна Црна Гора да стане регионален центар за дигитални услуги, во корист на индустриите како туризмот, финансиите и образованието преку создавање нови можности за раст и иновации.

„Во 4iG, даваме големо значење на пазарите каде што го инвестираме нашиот капитал и експертиза за да поттикнеме силни деловни односи.

Нашата стратегија не позиционираше како лидер, способен да го поддржи развојот и дигитализацијата во сферата на 5G технологиите во Западен Балкан.

Ние сме посветени на воспоставување доверлива и безбедна мрежа за нашите клиенти, истовремено обезбедувајќи нашите инвестиции да даваат одржлив придонес преку супериорни услуги“, нагласи Пал Заранди, раководител на мобилната и 5G-стратегија на групацијата 4iG.

Засилена конкуренција и подобрени услуги е уште една значајна промена стекната со отворањето црногорскиот телекомуникациски пазар. Пред доаѓањето на 4iG, телекомуникацискиот сектор во Црна Гора беше со ниска конкурентност на пазарот, што резултираше со повисоки трошоци за услугите и ограничен избор за потрошувачите.

Доаѓањето на новиот оператор, поттикна промени, се зголемија понудите со предности и поволности за корисниците, конкурентни односно намалени цени и зголемени услуги, понуди и кориснички пакети. Пазарот се раздвижи со тоа  што другите оператори започнаа да ги следат и да ги подобруваат своите понуди, што на крајот им беше од корист на потрошувачите со подобри услуги и повеќе избор.

„Како дел од групата 4iG, станавме движечка сила во дигиталната трансформација во Црна Гора, инвестирајќи 40% повеќе ресурси и зголемувајќи ја нашата работна сила за речиси 20% од крајот на 2021 година.

Овие инвестиции го подобруваат искуството на клиентите, го поттикнуваат растот на вработените и поставуваат нови стандарди во квалитетот на телекомуникациите“, изјави Бранко Митровиќ, извршен директор на ОНЕ Црна Гора.

Поставувањето на 4iG на црногорскиот телекомуникациски пазар може да се гледа како преседан за другите пазари на Балканот, отворајќи простор за понатамошни проширувања. Тековните инвестиции на компанијата во подобрувања на мрежата, дигиталните услуги и задоволството на клиентите се очекува да ја подобрат позицијата на Црна Гора како дигитално напредна земја во регионот.

За релативно краток период, присуството на 4iG внесе нови правила на игра и нови стандарди во телекомуникацискиот сектор на Црна Гора. Ефектите се веќе видливи, потрошувачите добиваат подобрени услуги, бизнисите пристапуваат до напредни дигитални алатки. Како што 4iG продолжува да расте, посветеноста на групацијата на иновациите и развојот ветува трајни придобивки за економијата, работната сила и дигиталната иднина на Црна Гора.

Бизнис

Нема да дозволиме Пошта да колабира заради приватни интереси

Published

on

Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот Бизнис Муабети.

-Пошта мора да преживее. Тоа ми е огромна битка иако многумина не сакаат. Пошта има околу 1900 вработени, планираме да ја рационализираме на 1400 вработени со еден план што го работиме, но мора да преживее затоа што има големи приватни интереси кои сакаат Пошта да колабира. Тоа се приватните пошти. Но нема да дозволиме, истакна вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Бизнис

На германски путер во КАМ стои дека сме Провинција Македонија

Published

on

На залепената декларација на путерот што се продава во КАМ маркетите, а кој е од германско потекло, покрај на македонски, декларацијата е напишана и на албански јазик, а како земја увозник стои Провинција Македонија.

Увозник на путерот е назначена познатата КАМ ДОО.

На социјалните мрежи граѓаните реагираат дека ова треба да се пријави во Државниот пазарен инспекторат и другите надлежни институции, како и дека очекуваат овој производ веднаш да се повлече од продажба, со ваква декларација.

Ова се дел од коментарите:

„Сметајте дека, под а, овој путер ќе го купам пак кога ќе си го видам тилот, а ако не се корегира декларацијата брзо, под б, и КАМ ќе биде далечен успомен.

-“Покраина Северна Македонија.” Поздрав до КАМ и да си го бараат судскиот преведувач на декларацијата на Албански јазик. Ако не го тужат за преводот и јавно да се извини, значи соучесници се.

– „Ми посочуваат во коментари дека проблемот бил кај преведувачот, па дека не било провинција туку покраина итн итн… што и да е, маркетот треба да си реагира и да го корегира ова, бидејќи е на штета на имиџот на компанијата.  СРАМОТА!

– „Поздрав до КАМ и да си го бараат судскиот преведувач на декларацијата на Албански јазик. Ако не го тужат за преводот и јавно да се извини, значи соучесници се.

– „Кам маркет треба веднаш да го повлече од продажба и да го делистира овој производ. Во спротивно, уште утре треба инспекции да излезат на терен и да напишат казни до сите засегнати во овој случај.

Извор: Нетпрес

Continue Reading

Бизнис

На тендерот на ЕВН Хоум, АД ЕСМ понуди повисока цена за две евра

Published

on

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Цената е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година.

Новата цена на струјата треба да биде дефинирана до крајот на годинава, а ќе важи од први јануари 2025.

Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш зголемувањето би било минимално, од еден до три проценти.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк