Connect with us

Македонија

Гаши: Благодарност за исклучителниот придонес на професорот Хазби Фејзин

Published

on

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, за време на својата посета на Гостивар, оствари средба со истакнатиот ветеран на образованието, Хазби Фејзин.

Фејзин, кој 41 година од својот живот посветил на образованието, оставил длабока трага врз бројни генерации ученици, влијаејќи на нивното оформување и пренесувајќи скапоцено знаење и вредности.

„Имав чест и задоволство да се сретнам со г. Хазби Фејзин, човек кој со својата долгогодишна работа остави трајно наследство во областа на образованието. Оваа средба беше можност да изразам благодарност за неговиот исклучителен придонес,“ изјави Гаши.

На средбата беше истакнато значењето на образованието како темел на општествениот развој, како и улогата на просветните работници кои со својата посветеност ги обликуваат идните генерации.

Средбата со ветеранот Хазби Фејзин е дел од напорите на Гаши за афирмација на важноста на образованието и вреднување на оние кои го граделе неговиот развој низ годините.

Македонија

Мефо Исмаили: Ако сте храбри, палете ги знамињата на партиите кои не донесоа до ова дереџе, а не соседот и сограѓанинот

Published

on

Новинарот Мефо Исмаили во својата објава на Фејсбук вели дека палењето знамиња, пцуењето, навредувањето, храброста во толпата или зад маски е најлесната работа! Дури „патриоти“ од ваков тип, се во толку голем број што нема торба за да ги собере!

Смета дека по вчерашните случувања треба да се потенцираат две работи.

-Прво: Од кога ќе палите, пцуете, топењето на егото на лажниот патриотизам, дали сте свесни кому сте му служеле, кому сте му пратиле вода на воденица и кому уште повеќе му го трасирате патот за да се збогатите на сметка на вашата глупост, додека тој продолжува да ве контролира и ве остава со празен стомак?!
Второто: Ете, добро уживавте и се самозадоволивте со овие вулгарни гестови, но кога се вративте дома, дали патот по кој одевте имаше асфалт и канализација, дали ви се зголеми платата во банка, и дали станавме членка на ЕУ?!

Не, се разбира дека не, затоа што, да ги палевме знамињата на партиите и да ги критикувавме политичарите толку многу колку што ги палиме знамињата и се навредуваме, денес барем ќе имавме канализација, книги во училиштата, исто така ќе бевме дел од ЕУ, и наместо да се занимававме со вакви глупости, ќе планиравме каде ќе го поминеме зимскиот одмор, а не да седиме во страв, дали продавницата во малото ќе ми даде леб и цигари на вересија!

И кога ќе видиме дека после сето ова, како постапуваат и реагираат одредени политички субјекти, кои наместо да повикуваат на смиреност, уште повеќе го разгоруваат огнот, јасно e дека за нив најважно е граѓаните да се сиромашни и полни со злоба и омраза, наместо благосостојба и напредок на земјата.
На крај, порака до сите „Патриоти на батерии“ : Ако сте храбри, палете ги знамињата на тие партии кои не донесоа до ова дереџе и пцуете ги тие политичари, а не соседот и сограѓанинот, пипува Исмаили во објавата.

Continue Reading

Македонија

Средба на министерката Божиновска, со амбасадорот на Кралството Шпанија

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз.

На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетиката, со посебен акцент на развојот на обновливите извори на енергија и зелената енергија. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста од размена на искуства и знаења во овие области, особено во контекст на глобалните напори за енергетска транзиција и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Министерката Божиновска изрази благодарност за поддршката што Кралството Шпанија ѝ ја дава на Северна Македонија, како во рамките на Европската Унија, така и преку различни билатерални иницијативи. Амбасадорот Сориано Ортиз ја потврди подготвеноста на Шпанија за продолжување и унапредување на оваа соработка, особено преку нови заеднички проекти во енергетскиот сектор.

„Македонија и Шпанија ги поврзуваат 30 години на богати дипломатски односи и традиционално пријателство. Овие односи се базирани на искрена соработка и споделена визија за одржлив развој и просперитет,“ истакна министерката Божиновска, додавајќи дека двете земји ќе продолжат да работат на зајакнување на своето партнерство во различни области.

Continue Reading

Македонија

Кривична за директорот на ЈЗУ Здравствен дом -Македонски Брод, лично потпишувал за јавни набавки

Published

on

СВР Битола – ОВР Македонски Брод  до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против С.Ж.(51) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“,  казниво по член 353 став 3  во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

Во периодот од почетокот на 2019 година до 02.10.2024, пријавениот во својство на директор на ЈЗУ Здравствен дом -Македонски Брод лично потпишувал одлуки за јавни набавки и набавувал опрема и потрошен материјал за  детска превентивна стоматологија за заштита на деца до 14 годишна возраст, кои не требало да се набавуваат и да се користат, бидејќи во детската превентивна стоматологија, освен за залевање на заби на деца до 14 години и вршење превентивни систематски прегледи, не се вршат други услуги и интервенции на пациенти како поправка, лекување и вадење на заби како на деца до 14 години, така и на возрасни, согласно насоката од Фондот за здравствено осигурување.

Исто така, во текот на 2022, 2020 и 2019 година, пријавениот постапил спротивно на Законот за сметководство во буџетите и буџетските корисници член 21 и Правилникот за сметководство за буџети и буџетски корисници член 29 и член 30-а и ја оштетил здравствената установа Здравствен дом – Македонски Брод на начин што доделените субвенции за користење мобилни услуги од мобилен оператор како набавени уреди, ги присвоил за своја корист.

Во текот на 2022 и 2023 година, пријавениот постапил спротивно на Законот за користење и располагање со предмети во државна сопственост  член 22, член 23 и  член 24  и го оштетил буџетот на ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод така што од оштетеното санитетско возило „тојота“, претходно добиено како донација од Јапонија, дозволил да се вадат делови и истите да се даваат на трајно користење на Здравствен дом Крушево, иако претходно  немало доставено позитивен одговор од Влада на РСМ за отуѓување или продажба на делови, согласно претходно нивно  испратено барање од Здравствениот дом.

Во периодот од 25.06.2021, заклучно со 15.08.2024, пријавениот  дозволил да се изготвуваат фиктивни налози за службени патувања на патничко возило „дачија дастер”, со што овозможувал службеното возило да се користи за приватни потреби, а притоа да нема уредна евиденција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк