Connect with us

Македонија

ГО УАПСИЈА ВО СРЕД НОЌ: ТЕТОВЕЦОТ БАРАН ПО ПОТЕРНИЦА!

Published

on

На 02.12.2024 во 23.30 часот на улица „Никола Тесла“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Л.Н.(36) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од 12 месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.

Македонија

Голема акција во Тетовско: Уапсен 62-годишен бегалец

Published

on

На 11.12.2024 во 15.35 часот во с.Горно Орашје, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го привеле Џ.А.(62) од селото, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Continue Reading

Македонија

Ќе се доделуваат ваучери од 250 евра за електронски уреди

Published

on

Фокус на оваа Влада е обезбедување на пристојни услови за живот и успешен образовен процес за студентите и младите. За таа цел, во Буџетот за 2025 година обезбедени се средства за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди – телефон, компјутер или таблет за сите студенти, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси, односно финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади, велат од Владата.

-Ваучерот за студентите од 250 евра за купување на електронски уред ќе им овозможи на студентите да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет.

Додека пак, финансиската поддршка до 30.000 евра за младите за отпочнување на бизнис, значи дека младите ќе можат своите бизнис идеи да ги преточат во бизнис планови.

Преку различна поддршка, мерки и проекти работиме за задржување на младите и студентите иднината да ја градат тука во сопствената држава.

Токму затоа како Влада се обврзавме на вклучување на младите во носење на важни одлуки и слушање на нивните проблеми и барања.

Владата е партнер на младите и студентите.

Посветено и одговорно работиме и придонесуваме за подобар живот за сите, иднина и просперитет, додаваат од Владата.

Continue Reading

Македонија

ЛАТАС ЗА СУДЕЊЕТО НА МИЈАЛКОВ И ЗА СУДИЈАТА БЕЏЕТИ: Ако се докаже дека било решено со корупција, има основ за поништување на пресудата и повторување на судењето

Published

on

Случајот со застарувањето на предметот Таргет-Тврдина, во кој беше главен осомничен Сашо Мијалков, предизвика бројни полемики во јавноста.

По тој повод се огласи и Драган Павловиќ Латас, според кој, постои можност за одново судење, ако се докаже дека судијата Беџети бил замешан.

„Ако се докаже дека судењето на Мијалков било решено со корупција во која учествувал судијата Беџети, има правен основ за поништување на пресудата и повторување на судењето, а во таков случај нема застарување“, напиша тој на социјалните мрежи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк