Connect with us

Македонија

МАКЕДОНСКИ ИЗБОР НА ЖЕНА НА ГОДИНАТА Еве кои десет дами не освоија во 2024 година

Published

on

На свечена церемонија исполнета со инспиративна атмосфера и многу позитивна енергија, во Музејот на македонската борба во Скопје, денеска се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор за Жена на годината 2024.

Наградени беа вкупно 10 дами, кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што одминува.

Изборот за „Жена на годината“ започна со онлајн номинирање кое беше отворено за целата домашна јавност, при што беа поднесени вкупно 437 номинации. Од сите нив беше формирана листа на финалистки, по 5 во секоја категорија, за кои потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници.

Лауреатот македонска Жена на годината 2024 го понесе Елена Пандева (ELENA LUKA), авангардна македонска дизајнерка, но и сопственик и генерален менаџер на повеќе компании од различни индустрии.

Во продолжение, следува листата со овогодинешните победнички во сите категории од изборот „Жена на годината 2024“:

1. Жена на годината – Елена Лука

2. Жена со трајни вредности – Зорана Костовска

3. Жена менаџер на годината – Никица Мојсоска – Блажевски

4. Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата – Јехона Спахиу Јанчевска

5. Млада жена менаџер на годината (до 40 години) – Зорица Бужаровска Бошковска

6. Жена со најголеми достигнувања во културата – Маја Андоновска Илијевски

7. Жена со најголеми достигнувања во спортот – Милијана Релиќ

8. Жена со најголеми достигнувања за општеството – Фатма Бајрам Аземовска

9. Жена со најдобар стил – Вера Мештеровиќ

10. Инфлуенсерка на годината – Ема Блажеска (@emmwandera)

Во конференцискиот дел на настанот, свои предавања одржаа: Сања Митровска (Networker); Елена Панова (А1) и Хелена Кодрич Мори. Во панел дискусијата која беше модерирана од Проф. Д-р Маја Кузмановска учествуваа: Биљана Шеновска – Генерален менаџер на ИТД Дистрибуција, Ана Секуловска – Програмски директор во Startup Club Скопје и Елена Лука .

Организатори на „Жена на годината“ се Маркетинг365 и Касиа Евентс. Овогодишни покровители на настанот се: Инфософт Груп, Ананас, Империјал

Тобако, Фабу, Мартимекс, Версаче, ICON, Тиквеш, Енерџи Студио, Нескафе, Бизнис Академија Смилевски, Пакомак, Савекс, Семанта, Влашичка Роса, Ива-про Биромаркет и други.

Македонија

Меџити: Инвестиции во инфраструктурата како основа за одржлив развој во Гостивар

Published

on

Еден од клучните проекти е изградбата на фекален колектор и канализација за Урбан блок 21 во Гостивар, за кој се обезбедени повеќе од 87 милиони денари во 2024 година. По потреба за пресекување на канализациона линија со железничка пруга и пат, обезбедени се дополнителни 35 милиони денари за завршување на проектот.

Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, одржа средба со градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, на која беа разгледани клучните проекти за развој на инфраструктурата во општината.

Меџити истакна дека развојот на инфраструктурата е клучен за подобрување на животниот стандард и креирање на одржливи општества. „Проектите кои ги реализираме во Гостивар, како и во другите општини, не се краткорочни решенија, туку долгорочни стратегии за подобрување на животниот квалитет,“ изјави Меџити.

Еден од клучните проекти е изградбата на фекален колектор и канализација за Урбан блок 21 во Гостивар, за кој се обезбедени повеќе од 87 милиони денари во 2024 година. По потреба за пресекување на канализациона линија со железничка пруга и пат, обезбедени се дополнителни 35 милиони денари за завршување на проектот.

Општина Гостивар е вклучена и во проектите финансирани од Европската инвестициска банка. Во 2025 година ќе започне изградбата на резервоар за с. Чегране и нова водоводна линија, како и проект за селекција на отпад и набавка на камиони за транспорт на отпад. „Со овој проект ќе се набават 3.300 канти од 120 литри и 210 контејнери, како и 11 камиони за транспорт на отпад,“ изјави Меџити.

Во рамките на програмата за капитални дотации, за 2024 година општината ќе добие над 161 милиони денари за реконструкција на улици и подобрување на патната инфраструктура, вклучувајќи важни проекти како:
• Реконструкција на Булеварот Браќа Ѓиновски од влезна Гостивар до зграда на судот со 64 милиони денари
• Изградба на шеталиште на ул. Борче Јовановски со 23 милиони денари
• Реконструкција на главна улица во село Здуње со 10 милиони денари
• Реконструкција на улица 13 со 4 милиони денари
• Реконструкција на улица од гимназија до село Долна Бањица со 22 милиони денари
• Реконструкција на улица во село Балин Дол со 3 милиони денари
• Реконструкција на дел од улица Борче Јованоски од ФЗО до Кеј Вардар со 3 милиони денари
• Реконструкција на дел од ул. Никола Тесла од зграда на Судот до Медицинското училиште со 3 милиони денари
• Реконструкција на дел од ул. Мара Угринова од Автобуската станица до ул. Беличица со 4 милиони денари
• Реконструкција на ул. Мара Угринова околу Автобуската станица со 5 милиони денари
• Реконструкција на дел од ул. Мара Угринова паралелно со железничка пруга со 5 милиони денари
• Реконструкција на дел од ул. Младен Симоноски до ул. Панче Попоски со 6 милиони денари
• Реконструкција на дел од ул. Никола Тесла од Гимназија до населба Дутлок со 7 милиони денари.
„Со овие инвестиции во Гостивар и во сите општини низ земјата, поставуваме темели за одржлив развој кој ќе донесе користи за идните генерации,“ додаде Меџити.

Исто така, градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, ја изрази својата чест и задоволство што го пречека првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, за да дискутираат за тековните и идните проекти што ќе се реализираат со поддршка на Владата во 2025 година.

„Верувам дека оваа соработка ќе биде многу плодна како за Општина Гостивар, така и за граѓаните. Со овие инфраструктурни проекти што ги спомена заменик-премиерот, животот на граѓаните во Гостивар значително ќе се промени, нудејќи повисок квалитет,“ изјави Валбон Лимани.

Continue Reading

Македонија

Со пиштол удирал сограѓанин по глава, полицијата интервенирала

Published

on

Кавадарчанец денеска бил приведен, по пријава дека со пиштол удирал сограѓанин, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Во два часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Б., на возраст од 44 години, постапувајќи по претходна пријава дека на улицата „Ѓорѓи Соколов“ во градот, по кратка расправија, физички го нападнал 32-годишниот Б.Ч. и го удирал со пиштол по главата, појаснуваат од СВР – Велес.

С.Б. бил приведен во полициска станица, а пиштолот бил одземен. Известен бил јавен обвинител. Како што додаваат од СВР – Велес, по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Во тек е координација за извлекување на заглавено постаро лице од снежни наноси

Published

on

Регионалниот Центар за управување со кризи информира дека постапиле по пријавата за помош на лице во с. Полаки (планинско село од разбиен тип) во маало Бабиште.

Контактирани се ЛС Кочани, Црвен крст Кочани, ТППЕ Кочани и ДЗС Кочани.

-Командирот на ТППЕ Кочани има стапено во контакт со братот на лицето кое се наоѓа во с. Полаки за негова евакуација од страна на ТППЕ Кочани. Истиот ја одбива понудената помош со барање да се почека до утре. Истовремено, има ново барање да им се исчисти прво патот (концесионерот ги одржува само патиштата коишто се под асфалт, а не и споредните патишта коишто се до маалата, а што не се асфалтирани) па потоа тие да проценат дали ТППЕ има потреба да интервенира за нивна евентуална евакуација, информираат од ЦУК.

РЦУК Кочани и Секторот за операции и координација се во постојан контакт со ТППЕ Кочани.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк