Connect with us

Македонија

Македонскиот јазик исчезна и во НАТО-биографијата на Радмила Шекеринска

Published

on

Радмила Шекеринска, според официјалната веб-страница на НАТО, на 2 декември 2024 ја презела должноста заменик-генерален секретар на НАТО.

Во нејзината биографија поставена на истата страница наведени се повеќе пофални моменти од нејзината политичка кариера во Македонија, нејзините заложби за државата да стане дел од НАТО и значајната улога што ја имала за постигнување на Преспанскиот договор, но и за Охридскиот и Пржинскиот договор. Секако, државата од којашто доаѓа Шекеринска во нејзината официјална биографија е именувана според „политичката коректност“ поставена со Преспанскиот договор, односно со географската одредница пред името Македонија.

Во сите пофалби наведени во биографијата на новата заменичка на генералниот секретар на НАТО, додадено е и нејзиното познавање на јазиците, па се вели дека ги говори – „англискиот и францускиот јазик, како и повеќето јужнословенски јазици“. Но во биографијата на заменичката на генералниот секретар на НАТО, која доаѓа од Македонија, никаде не е забележано дека го говори мајчиниот – македонски јазик. За разлика од хиперкоректноста на НАТО-администрацијата во употребата на географската одредница пред името Македонија, кога станува збор за именувањето на македонскиот јазик некако се превидува тој член од Преспанскиот договор, со кој се потврдува неговото „легално“ постоење.

Дури и самата Шекеринска, како и сите нејзини сопартијци од Македонија, како најголема придобивка од Преспанскиот договор секогаш најгласно ги истакнуваа(т) – зачуваниот македонски јазик и идентитет.

Но на „чуден начин“, кога влезе во канцеларијата на НАТО, дури и од биографијата на Радмила Шекеринска исчезна македонскиот јазик. Се чини дека ниту со Преспанскиот договор, ниту „со врски“ преку новата заменичка-генерален секретар од Македонија – македонскиот јазик не може да влезе во НАТО!

Извор: МКД.мк

Македонија

Тони Коњановски на терен со службите за расчистување на снегот во Битола

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вечерва заедно со директорите на јавните претпријатија изврши увид во тековните активности за расчистување на снегот од клучните локации во градот.

Во своето обраќање, Коњановски ги потенцираше напорите на зимската служба, кои без застој работат на обезбедување нормално функционирање на градот:

• Широк Сокак и плоштадот Магнолија беа расчистени за непречено движење на граѓаните.

• Паркингот пред Центарот за култура и отворениот паркинг кај саат-кулата беа приоритет за ослободување од снежните наноси.

• Активности се спроведуваат и низ населените места во општината.

„Нашата цел е сите улици и јавни површини да бидат целосно проодни, со што ќе се обезбеди безбедност и функционалност за граѓаните,“ истакна Коњановски, додавајќи дека тимовите на зимската служба остануваат на терен и во текот на ноќта.

Општина Битола ја продолжува својата посветеност за брза и ефикасна реакција во интерес на граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Божиновска: Соработката со Чешка отвора нови можности за Македонија

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, преку активна иницијатива и со поддршка од амбасадорот на Чешка, г. Лудва, воведува значајни чекори кои ветуваат подобрување на односите меѓу Македонија и Чешка.

Божиновска ги истакна трите главни проекти кои се во фокусот на оваа соработка:

Организација на заедничка седница на министрите на Македонија и Чешка, со цел продлабочување на билатералните односи и создавање нови можности за партнерства.

Воведување директен авионски лет Скопје–Прага, кој наскоро ќе биде достапен, што ќе придонесе за полесна бизнис и туристичка соработка.

Сезонски летови Прага–Охрид, кои ќе го позиционираат Охрид како клучна дестинација за чешките туристи.

„Овие иницијативи не само што ја олеснуваат комуникацијата и соработката, туку и отвораат врати за нови инвестиции во различни сектори како енергетиката, туризмот и трговијата“, изјави Божиновска.

Оваа соработка претставува значаен чекор напред кон зајакнување на врските помеѓу двете земји и обезбедување нови можности за одржлив економски раст.

Continue Reading

Македонија

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение

Published

on

Црковниот одбор на манастирот „Свето Преображение Христово“ во населбата Циглана во Гостивар, информира за немил настан што се случил ноќеска, на 14 јануари 2025 година по одбележувањето на Православна Нова година.

Ја известуваме јавноста дека на 14 јануари 2025 година, околу 2:30 часот по полноќ, лице од Циглана беше затекнато и фатено на лице место, како неовластено зема пари од црковната каса во манастирот. Црковниот одбор остро го осудува овој чин и апелира за поголема свест и почитување на црковниот имот“ рекоа од Одборот за Gostivarpress.mk.

Одборот нагласува дека ќе преземе дополнителни мерки за заштита на манастирот и црковните добра, со цел спречување на слични инциденти во иднина. Истовремено, упатува апел до сите верници и жители на населбата за одговорност и заеднички напори во зачувување на светиот простор.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк