Connect with us

Скопје

Орце Ѓорѓиевски: Создаваме современи простори за подобра иднина на учениците

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави изградба на амфитеатар во подрачното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во населбата Црниче, како дел од заложбите за подобрување на условите за образование. Новата летна училница, со површина од околу 150 м², ќе биде модерен простор за изведување на настава на отворено, како и за организирање на културни и образовни активности кои ќе ја поттикнат креативноста и љубопитноста кај младите.

„Посветени сме секое училиште во нашата општина да добие современи и функционални простори, со што создаваме подобра иднина за нашите деца,“ изјави Ѓорѓиевски.

Покрај изградбата на амфитеатарот, во централното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ е во тек реконструкција на трпезаријата, а од следната недела ќе започне молерисување на повеќе од 2000 м² училници и ходници. Овие зафати значително ќе го подобрат изгледот и функционалноста на училиштето.

Градоначалникот Ѓорѓиевски потврди дека инвестицијата во образованието останува приоритет, со планови за реконструкција и уредување на сите образовни институции во општината, нагласувајќи дека ова е инвестиција во иднината на општината и државата.

Скопје

Приведен скопјанец во Карпош

Published

on

На 12.12.2024 во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.Ф.(49) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиротехнички.средства. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Нова полициска станица во Кисела Вода за подобра безбедност и побрза реакција

Published

on

Општина Кисела Вода наскоро ќе добие нова полициска станица, која ќе се наоѓа во близина на кружниот тек помеѓу Кисела Вода и Припор. Ова беше објавено од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги разгледа деталите за реализација на овој значаен проект.

„Отворањето на третата полициска станица во овој дел од Скопје ќе значи побрза и поефикасна реакција на полицијата, зголемена присутност на терен и подобра безбедност за нашите жители,“ изјави Ѓорѓиевски.

Новата станица е дел од Деталниот урбанистички план и е предвидена да вклучува административни служби за издавање на документи. Според планот, објектот ќе помогне во растоварување на работата на постојните полициски станици „Беко“ и „Пролет“, кои се соочуваат со проблеми како недостаток на простор и ограничен паркинг.

Градоначалникот информира дека проектната документација е во завршна фаза, а предложената локација е стратешки избрана за да одговори на безбедносните потреби на локалното население.

„Овој проект ќе донесе долгорочни придобивки за граѓаните и ќе го зголеми нивото на доверба во институциите,“ додаде Ѓорѓиевски, истакнувајќи ја важноста на соработката меѓу општината и Министерството за внатрешни работи.

Изградбата на полициската станица е очекувана со голем интерес од жителите на Кисела Вода, кои долго време бараа подобри услови за безбедност и поблиска институционална поддршка.

Continue Reading

Скопје

Ноќна акција во Аеродром: Уапсен 20-годишен скопјанец

Published

on

Денеска (13.12.2024) во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк