Connect with us

Македонија

Почувствуван земјотрес во Македонија

Published

on

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 13.12.2024 година во 01 часот и 36 минути, регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа на 47 km југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со Рихтерова локална магнитуда МL2.3.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија

Започнува процесот на полагање за лиценци за работа во детските градинки што беше стопиран една година

Published

on

Измената на Законот за заштита на децата ја помина собраниската процедура, а со тоа започнува процесот на полагање за лиценци за работа во установите за деца.
Имено, од месец октомври 2023 година не се спроведува стручниот испит за стекнување на лиценца за работа во установите за деца, испит кој се однесува на сите кандидати кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

Министерството за социјална политика, демографија и млади е надлежно за издавање на лиценците за работа и тоа: лиценца за стручен работник, за стручен соработник, за воспитувач, лиценца за негувател и лиценца за директор.

Лиценцата за работа кои ја добиваат лицата кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и воспитание за деца од предучилишна возраст е неопходен критериум, односно задолжителен услов кој истите мораат да го исполнат, односно без важечка лиценца за работа овие лица не можат да аплицираат за вработување во детските градинки, каде во моментов има најголема потреба од вработување на ваков кадар на државно ниво.

Измената на законското решение овозможува во исклучителни ситуации да се предвиди начин на кој ќе продолжи континуирано да тече процесот на полагање на испити за стекнување на лиценца за работа, односно со полагање на испитот во хартиена форма со времетраење до 01.01.2026 година.
Со измената на Законот се утврдува дека лиценцата за работа се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо, како и дека испитот за стекнување на лиценца за работа се полага на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните и неговото писмо.
Со овој Закон се менува називот на Министерството за труд и социјална политика, името на министерот и називот на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Северна Македонија број 121/2024).

Continue Reading

Македонија

Николоски – Жан Маринсеку: Фокусирани сме на развој на брз транспорт долж европската транспортна мрежа

Published

on

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со Мариан – Жан Маринеску, координатор на новоформираниот транспортен коридор Западен Балкан – Источен Медитеран.

На средбата се разговараше за владините активности и проекти што се реализираат на европските транспортни коридори, со посебен акцент на коридор 8 кој е дел од новоформираниот транспортен коридор Западен Балкан – Источен Медитеран.

Вицепремиерот Николоски истакна дека Владата е фокусирана на развој на сите видови транспорт долж трансевропската транспортна мрежа со што Македонија дава голем придонес во развој и промоција на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.

Исто така, тој ја потенцира решителноста на Владата за доизградба на железничкиот и патниот коридор 8, како и подготвеноста за изградба на брза пруга на Коридор 10 како услов за регионален развој и интеграција со пазарите на ЕУ.

“Подготвени сме за имплементација на акционите планови за изградба и модернизација на патиштата, зголемување на безбедноста на патишта, унапредување на железничкиот систем, транспортно олеснување и мултимодалноста. Во таа насока сме силно посветени на подобрување на транспортната инфраструктура и преземаме активности за изградба и рехабилитација на транспортната мрежа која е дел од основната и сеопфатна мрежа на европските транспортни коридори. Подобрувањето на поврзаноста во рамките на Западен Балкан, како и меѓу Западен Балкан и ЕУ е клучен фактор за понатамошна интеграција која ќе донесе јасни придобивки за економиите и граѓаните на регионот, како и стимулирање на економскиот раст на национално и регионално ниво”-истакна вицепремиерот Николоски.

На средбата присуствуваа и директорите на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, на АД Железници Транспорт, Дејан Кошутиќ, како и заменик амбасадорот на ЕУ во Македонија, Бен Нупно.

Continue Reading

Македонија

Коњановски најави професионално лизгалиште во Битола како дел од Зимска приказна

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Битола“ одржа средба со новинарите на која ја најави новата атракција за градот – професионално лизгалиште на плоштадот Магнолија. Лизгалиштето ќе биде дел од оваа годинашната Зимска приказна и ќе биде отворено за сите граѓани и туристи од 20 декември до 6 јануари.

„Срцето на Битола ќе биде претворено во зимска магија, радост и заедништво за сите генерации. Лизгалиштето ќе понуди можност за забава и рекреација, а подготовките за неговото поставување започнуваат веќе овој викенд,“ изјави Коњановски.

Тој ги замоли граѓаните за разбирање додека траат подготовките за привремената адаптација на плоштадот, истакнувајќи дека овој проект е важен дел од создавањето на празничната атмосфера која ја претвора Битола во туристичка дестинација.

„Особено им благодариме на битолските компании кои ја поддржаа реализацијата на овој проект. Зимска приказна станува се поголема и популарна, и од година во година ја надминува локалната димензија, промовирајќи ја Битола како празнична дестинација,“ додаде градоначалникот.

Со овој проект, Битола ќе стане уште попривлечна за туристите, а лизгалиштето ќе биде едно од најголемите привлечности во рамки на Зимската приказна.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк