Connect with us

Македонија

Приведен тетовец со потерница – испратен на издржување затворска казна!

Published

on

На 23.12.2024 на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.О.(42) од Тетово,  кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „кражба“. Тој бил предадено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Македонија

„Комуналец“ Битола: Акција за почисти тротоари во градот

Published

on

Вработените на „Комуналец“  ги чистат тротоарите низ градот. Фото „Комуналец“ Битола

Continue Reading

Македонија

РЕКЕТОТ БРОЈ 2 ГО ПОДДРЖА ТЕНИСКИОТ РЕКЕТ БРОЈ 1 Ден Дончев се јави, навистина се јави, директно од Австралија Опен

Published

on

Со куса објава на Фејбук, со текст „единствениот Новак Ѓоковиќ“ и со видеа од мечот на Новак Ѓоковиќ, поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, потсети дека е жив, здрав и во добро расположение.

Ден Дончев исчезна од Македонија некаде кон крајот на јуни 2020 година. Пред тоа, на 5 мај, тој поднесе неотповиклива оставка од својата функција, наводно од здравствени и семејни причини. Владата на Зоран Заев експресно ја прифати оставката.

Како што е познато, во текот на раководењето со Фондот за здравство, Плусинфо ја отвори аферата „Рекет 2“, обвинувајќи ги него и тогашниот министер за здравство Венко Филипче за обид да ја попречат продажбата на компанијата „Диамед“ на скопјанката Вера Иванова на странскиот инвеститор „Диаверум“ од Шведска, со што сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик.

Дончев се обиде да го демантира ова и најави дека зделката меѓу сопственичката на „Диамед“ и шведската компанија „Диаверум“ е под истрага. Во меѓувреме, беа објавени наводи дека Ден Дончев ја рекетирал сопственичката Иванова, а на профилот „Лепливи прсти“ на Јутјуб се објави видео снимка од која се гледа како Дончев става купче пари во торба.

https://youtu.be/2B9Hzo4iNW0?si=OXJwHvH_dBUUrJ_5

Continue Reading

Македонија

Инспекција во ИЈЗ по пријава дека вработени не полагале испит за административни службеници

Published

on

Државниот управен инспекторат спроведува инспекциски надзор во Институтот за јавно здравје откако била поднесена анонимна пријава дека вработени во одделот за администрација не полагале испит за административен службеник.

Ова за Телма го потврдија од ИЈЗ, од каде што велат, пред извесно време добиле писмо од инспекторатот во кое побарале да им достават информации за сите вработени.

Ние ги доставивме бараните информации и потоа од инспекторатот одлучија дека треба дополнително да постапат по добиената пријава и во моментов работат на истражување на случајот. Пред изготвување на записникот на инспекторатот не можеме да тврдиме со сигурност, но, и во ИЈЗ стигна пријава да посветиме внимание на фактот дека вработените административци немале полагано испит. Она што ние го видовме, иако не можеме да судиме пред изготвување на записникот на инспекторатот е дека тоа навистина се случувало, велат од ИЈЗ за Телма.

Оттаму додаваат дека откако ќе го добијат записникот ќе постапат согласно законот и ќе ја известат јавноста дали навистина се случила повреда на законот со што тие вработени ќе бидат ставени во подредена позиција.

Целиот текст на Телма со клик ТУКА.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк