Connect with us

Uncategorized

Северна Македонија и Албанија: Време е да се препише иднината!

Published

on

Како Албанка, ја сакам оваа земја и ме боли сѐ што го загрозува мирот што го заедно го изградивме во оваа земја. Пишувам како загрижена Албанка, не само за иднината на мојата нација, туку и на секој сограѓанин Македонец или Македонка и не само, затоа што сме на прагот на нова ера – ера која ветува предизвици и можности за сите нас и време е да размислуваме за правецот во кој одиме.

Сепак, тоа ќе се случи. Требаше да се случи вчера, можеше да се случи денес, но сигурно ќе се случи утре! Нашите две земји се „осудени“ да коегзистираат со целосна меѓусебна почит. Денес е подобро од вчера, утре ќе биде подобро од денес. Политиката од двете страни на границата може само да го забрза процесот, иако испреплетениот балкански инстинкт повремено знае да скршне во спротивна насока.

Духот на европските вредности

Во мојата земја, во Северна Македонија, односот меѓу двете државотворни етнички групи е прв и неопходен услов за гарантирање на добрите билатерални односи, но и заедничкото патување за трансформација на целиот Западен Балкан во интегрираниот европски простор. Северна Македонија, како и секоја друга земја од Западен Балкан, се стреми да се развива и да се интегрира во европското семејство. Додека одиме напред по овој пат, мораме да запомниме дека Европа е изградена врз основа на почитувањето на човековите права, различноста и инклузивноста. Ние не бараме само интеграција во Европа во политичка смисла, туку бараме интеграција во духот на европските вредности. Ве уверувам дека тоа е сон на секој Албанец и Македонец кој негува основна политичка култура и чувство на припадност кон оваа држава.

Оттука, го прашувам секој политичар: Дали навистина може да тврдиме дека сме проевропски, ако исклучиме или маргинализираме големи сегменти од нашето население? Мора да се сфати дека вистинското единство не е во униформноста, туку во почитувањето на нашите разлики и во градењето општество со вредности. Политичката елита треба да гледа на оваа влада како на можност да се движи подалеку од застарените стравови и недоразбирања, да ја прифати и да не се изолира од различноста.

Верувањето дека двојазичноста и моноетничкиот триумфализам се претерани, го отфрла признавањето на мултикултурализмот и истакнува одредени агенди кои ги поткопуваат пацифизмот и политичката коректност и претпазливост.

Јасна порака и уште појасна визија

Во неодамнешното појавување во една емисија, нашиот премиер елоквентно се осврна на визијата, која длабоко одекнува во разумот на граѓаните. Неговите зборови беа моќни, неговата порака јасна, а неговата визија уште појасна!!!

Но, колку и да сакаме да го славиме артикулирањето на овие принципи на политичко ниво, време е да се погрижиме тие да не бидат едноставно туку така изговорени, туку да се живеат секој ден од сите нас, во секој агол од нашето општество.

Во однос на прашањето за уставноста на албанскиот јазик, третирајќи го внимателно, тој го надмина со деликатноста и чувствителноста што ги содржи самиот случај, давајќи гаранција во сенка за интегритетот на правната структура. Би сакал тоа што го декласифицира за албанскиот јазик да го покаже и времето. Времето, како што истакна премиерот, ќе покаже дали чекорите што ги преземаме денес се навистина во согласност со уставните принципи и вредности.

Правото на еднаквост не е отстапка

Оттука, размислувањето на сите политичари треба да се негува во насока дека сите народи можат да коегзистираат во хармонија, збогатувајќи го нашето општество и зајакнувајќи ја нашата посветеност на вредностите на демократијата и почитувањето на различностите. Нашиот Устав го предвидува правото на еднаквост – не како отстапка, туку како одраз на тоа кои сме ние како општество. Албанците долго време се витален дел од Северна Македонија, придонесувајќи за нејзината историја, култура и напредок, и мора да признаеме дека правата на една етничка група не ги намалуваат правата на другата група.

Северна Македонија е земја на многу јазици, култури и идентитети. Предолго гледавме политички дискурс заматен со реторика која ги спротивставува етничките заедници. Ваквите пораки може моментално да соберат поддршка, но на крајот придонесуваат за поделба, недоверба и пропуштени можности и ризикуваат да поттикнат генерација која е помалку обединета и помалку способна да се соочи со предизвиците на иднината. Таквиот наратив беше бегство од суштинските економски (често и егзистенцијални) проблеми на нашите сограѓани.

Љубопитните ќе откријат дека албанскиот е убав јазик

Јас сум граѓанин на оваа држава, со албанска националност, премиерот на оваа држава е мој премиер, без разлика дали сум ја гласала или не неговата партија на тајни непосредни избори. Би сакала неговите успеси и неуспеси да ги славам или промислувам заедно во кабинетот на заедничкиот премиер, сите заедно.

Можеби Македонците со националистичка политика не се многу внимателни кон ова, но ако не тие или нивните синови, нивните потомци ќе го разбираат албанскиот јазик. Верувам дека идните генерации на оваа земја ќе знаат повеќе, ќе бидат поевропски и ќе живеат иднина каде што различностите не само што се прифаќаат, туку и се гледат како извор на сила.

Како Албанка на оваа земја, иако израсната и подучена со национални вредности, секој македонски граѓанин го разбира мојот течен македонски говор и оттука ви кажувам дека никогаш не е доцна да се научи и албанскиот јазик. Верувајте дека е многу убав јазик, дури ќе најдете Албанци, кои ќе ја изразат својата волја да помогнат да го научите, со ветување дека нема да ви се смеат ако згрешите додека изговарате!

Да се биде политичар е жртвување, успехот во политиката е жртвување, истото важи и за албанскиот јазик, успешно жртвување така што секој Македонец би ме разбирал кога говорам на мојот јазик! И верувајте ми, ова не го кажувам како метафора. Ако денес се сметате себеси за силни со парламентарното мнозинство што го имате, знаејќи го албанскиот јазик, ќе бидете многукратно посилни!

Препознајте ги Албанците како партнери

Како Албанка, која сака да ја гледа оваа земја меѓу европските народи, сонувам да стигнам побрзо до Драч и да поминам преку Ќафасан, без да имам комплекс ако видам табла што ми посакува добредојде во Албанија или среќен пат во Македонија. Овозможете ѝ го истото на македонската младина, да го сака истото и не само тоа, дури и да сака да ја посети Атина како град кој ја симболизира колевката на античката култура, демократијата, филозофијата и интелектуалните достигнувања, а не како симбол на теренска борба за етнички тензии. Да се доживее Атина како град на големите мислители, а не како град сведен на политички опоненти, каде што лекциите од Античка Грција се губат во лавиринтот на национализам и ситни поплаки.

Охрабрете ги младите да ги препознаат Албанците како партнери во заедничката мисија за градење на просперитетна, демократска и европска држава. Помогнете им да разберат дека нивната етничка припадност не го дефинира нивниот потенцијал, туку нивната заедничка посветеност на иднината на земјата. Како Албанка, ја сакам оваа земја и ме боли сѐ што го загрозува мирот што го заедно го изградивме во оваа земја. Пишувам како загрижена Албанка, не само за иднината на мојата нација, туку и на секој сограѓанин Македонец или Македонка и не само, затоа што сме на прагот на нова ера – ера која ветува предизвици и можности за сите нас и време е да размислуваме за правецот во кој одиме.

Македонскиот не е закана за мојот албански идентитет

Препознавајќи ја важноста од почитувањето на нашата заедничка историја и надминувањето на нашите легитимни етнички грижи, мора да сфатиме дека успехот на една држава во XXI век не се наоѓа во исклучувањето на различностите, туку во нивното капитализирање и славење.

Како Албанка, немам проблем да ја прифатам богатата и разновидна култура на моите пријатели Македонци. Всушност, јас сум горда на тоа. Знам повеќе стари народни песни од некои мои пријатели Македонци, а мојата библиотека има повеќе книги на македонски јазик отколку што повеќето би очекувале. За мене тоа не е во контрадикторност со мојот албански идентитет. Тоа не е закана за тоа која сум. Наместо тоа, тоа е збогатување – начин да ги проширам моите лични хоризонти и да ја продлабочам мојата врска со различниот свет во кој се опкружувам.

Истражувањето на другите култури не го гледам како повреда на мојот идентитет, туку како можност да растеме, да разбереме и да градиме мостови. Ова е причината зошто го охрабрувам секој Албанец, секој граѓанин од овој регион, да го следи овој начин на размислување. Погледнете подалеку од границите кои вештачки ги конструирала историјата. Посегнете до вашите соседи Македонци, Срби, Бугари, Турци, Власи…, учете од нив, разберете ги и прославете го она што ги прави единствени.

Ова не е само мое лично гледиште, верувам дека и повеќето Албанци во овој регион го чувствуваат истото. Нашата заедничка историја, нашето заедничко наследство и нашата заедничка иднина се многу поголеми од ѕидовите што некогаш можеби нè делеле.

Трансформативната моќ на единството

На моето последно патување во Европа, случајно застанав во Алзас-Лорен, некогаш регион растргнат од најжестоките битки, регион кој беше сведок на судирите на двете големи сили, Франција и Германија. Со векови беше симбол на поделба, конфликт и загуба. Не сфатив дека поминувам низ запуштени џиновски гробишта, а кога ќе размислиш, ако таа земја останеше бојно поле, Европа денес немаше да постои. Но, денес, оваа земја стои како сведоштво за трансформативната моќ на единството, денес тие гробишта остануваат само споменици на народите кои денес во мир заедно ги произведуваат симболите на напредокот: елегантниот и моќен Mercedes-Benz и иконското Peugeot. Истите луѓе кои некогаш се бореле еден против друг, сега работат заедно, градејќи ги машините што го движат светот напред.

Алзас-Лорен нè учи на непроценлива лекција, колку и да се длабоки поделбите, колку и да е горко минатото, секогаш има потенцијал за исцелување. Нашиот пат напред кон поголемо единство, просперитет и европска интеграција бара внимателна насока на вашето лидерство. Ве повикувам да размислите за надминување на разделувачката, националистичка реторика и наместо тоа да се фокусирате на негување на средина каде што македонската младина ќе може хармонично да коегзистира со своите сограѓани Aлбанци, работејќи заедно за да ја изградиме државата до нови височини.

Нашиот напредок е колективно патување

Како политичари, ве охрабрувам да размислите за моќната порака што можете да ја испратите до младите во оваа земја, дека вистинското лидерство и вистинската сила не се наоѓаат во нашата изолација, туку во заедничкиот чекор напред, кон иднината каде што Mакедонците, Aлбанците и сите други заедници на Северна Македонија ќе работат рамо до рамо со вас за создавање обединета, мирна и европска држава!

Изберете да бидете лидери кои нѐ зближуваат, покажувајќи им на младите од оваа земја дека нивниот потенцијал не лежи во нивните разлики, туку во нивната способност да работат заедно за општото добро! Границите се за географските карти, а не за здравиот и отворениот разум! Борете се со причините да го имате непријателот за пријател, а противникот за сојузник. Европа нѐ сака само заедно и сосема поинаку!

Ние сме општество составено од многу различни гласови, бои и приказни. Нашите корени лежат длабоко во земјата на различни култури, верувања и традиции. А сепак, и покрај нашите разлики, делиме заеднички стремеж: да изградиме подобра иднина за себе, за нашите деца и за генерациите што доаѓаат. Нашиот напредок е колективно патување.

Ние сме архитектите на оваа нова ера и како такви ќе се издигнеме над предизвиците, ќе застанеме цврсто против силите на поделба и ќе изградиме иднина на која светот ќе ѝ завидува.
Само преку работа во солидарност, преку градење на отпорност во себе и нашите заедници, ќе ги надминеме предизвиците на денешницата и ќе се движиме кон ветувањето за подобра иднина.

ЛИРИДОНА БЕЌИРИ

(Авторката е независен аналитичар, Здружение ЕЗРА)

Извор: Плус Инфо

Uncategorized

Пронајдени тела на девет мексикански студенти, на сите им биле отсечени рацете

Published

on

Телата на девет лица кои исчезнале минатиот месец во јужниот дел на Мексико, биле пронајдени масакрирани на автопат, заедно со торба во која се наоѓале нивните раце, пренесува Дејли Меил.

Остатоците биле откриени во багажник на напуштен автомобил во Сан Хозе Миахуатлан, на границата помеѓу мексиканските држави Пуебла и Оаксака, околу 280 километри од Мексико Сити. Се смета дека ова е уште едно брутално убиство поврзано со наркокартелите.

Мексиканската влада започна неофицијална војна против наркокартелите во 2006 година, во која до денес загинаа повеќе од 300,000 луѓе, а околу 60,000 лица се исчезнати.

Continue Reading

Uncategorized

ФФМ со одговор на Силекс: И самите не верувате во вашето соопштение!

Published

on

Соопштението од ФФМ ви го пренесуваме во целост:

Во однос на последно објавеното соопштение на ФК Силекс, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Одборот на судии во рамки на ФФМ на чело со претседателот Александар Ставрев, најостро ги осудуваат непрофесионалните, неетичките, неоснованите и злонамерни напади насочени кон претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон, како претседавач со Комисијата за делегирање на судии. Овие обиди за дискредитација претставуваат неприфатлив притисок врз стручните тела во ФФМ што работат исклучиво во интерес на македонскиот фудбал.

Како водечка институција во македонскиот фудбал, ФФМ ќе продолжи со професионално и одговорно управување, без да подлегне на надворешни притисоци или било какви други влијанија, а ќе ги искористиме сите расположливи механизми за заштита на интегритетот и нема да дозволиме било каков обид за манипулација и нарушување на угледот на ФФМ и нејзините официјални претставници.

Впрочем, за контрадикторноста и злонамерата во испратеното соопштение е токму фактот што претседателот на ФФМ многу децидно, уште по преземањето на функцијата, јасно кажа дека прв и основен приоритет на ФФМ е воведувањето на ВАР технологијата за што и се започнати активности. Притоа, неколкупати посочи дека дејствувањето и работата на Судиската организација е оставена на стручните лица, членови на истата и во ниту еден сегмент ниту некој може да влијае, ниту обидите за влијание на било кој член на судиската организација ќе минат без последици.

Во таа насока, загрижува фактот што ФК Силекс е единствениот клуб кој во изминатите две кола од Прва МФЛ и за мечот од Купот на Македонија низ разни „канали“ бараше делегирање на посакувани судии за своите натпревари.

Се разбира, преку ТВ Сител даваме можност во „Куќа на фудбалот“ да добијат потврда и докази на овие тврдења, но само доколку јавно во своите информативни изданија ги споделат доказите за посоченото. ФФМ е подготвено да ги објави.

Загрижувачки е тоа што телевизиски канал, во директни врски со ФК Силекс, ја користи својата медиумска моќ за да врши непотребен притисок врз ФФМ врз основа на неосновани тврдења. Времињата кога надворешениот притисок и закани можеше да влијае на раководните тела на фудбалот поминаа.

Изнесените квалификации и манипулации во овој случај не служи како ваше алиби за резултататите, туку многу повеќе. Самите не верувате во соопштението и го користите најгрубиот начин во намерата да создадете алиби и да ја обвините Судиската организација и ФФМ за вашите резултати оваа пролет. Простете, но исполнување желби, повеќе нема да има.

Загрижувачки, но во исто време и недолично за еден од најдобрите клубови во Македонија е што дозволува во своите структури да биде инволвирано лице со сомнително минато и фудбалски манипулатор со постапки кои не веруваме дека и се познати на сопствениците на ФК Силекс.

Долг е списокот на натпревари на кои директно беа оштетени клубовите – противници на ФК Силекс, но доколку сакате, немаме проблем повторно да ги посочиме.

Имаме разбирање дека тешко се забораваат старите навики и претходниот начин на дејствување и треба време за да се прифати еден нов, професионален и чесен начин и пристап на работа.

Се надеваме дека ќе ги осознаете своите лични и колективни потенцијали и евентуални квалитети со вредностите кои ги промовираме и повторно ќе го вратите Вашиот клуб патот на успехот.

Одборот на судии заедно со стручните соработници го следи секој натпревар со најголемо внимание и има конзистентен професионален пристап. Имено, натпреварите се контролираат од страна на искусни контролори кои биле врвни поранешни републички или интернационални судии, но вклучително и од целиот Судиски одбор.

Во изминатите две одиграни кола во Првата и Втората МФЛ и одиграните натпревари од ¼ финалето на Купот на РМ, Одборот на судии генерално е задоволен од целокупните судиски перформанси, но исто така јавно и транспарентно ги потврди сите погрешни судиски проценки.

На последно одиграните четвртфинални Куп натпревари, конкретно на натпреварот Вардар – Силекс, во 68. минута направена е погрешна проценката од првиот асистент судија при постигнувањето на голот на домашната екипа и истата уште по завршување на натпреварот е потврдена од контролорот.

Исто така, во посочената 6. минута од презентираната видео снимка, тврдењето дека „играчот со бр.8 на гостинската екипа е удрен со лакт од противнички играч“ е неиздржано, од причина што одбранбениот играч со бр. 3 на домашната екипа прв стигнува до топката и со испружена рака гради простор при што напаѓачот удира во него. Оттука, би можеле да прифатиме дека не е досуден прекршок, но во никој случај не и некакво удирање со лакт на противнички играч.

Притоа, контрадикторно на тврдењето на гостинската екипа, во 51. минута играчот со бр.75 на домашната екипа стартува преостро врз противничкиот гостински играч со бр. 8 за што правовремено е покажан и жолт картон, нешто што во прикажаното монтирано видео е исечено и не е презентирано на јавноста.

Воедно, ФК Силекс во информирањето до јавноста презентираше и неточни и непрецизни податоци од извадената статистика за бројот на одсудени натпревари на главниот судија, кој во најмала рака е двојно повеќе од презентираното, имајќи предвид дека истиот суди натпревари во Првата МФЛ од 2021 година и навистина како Федерација не би не радувал фактот доколку ФК Силекс вака „педантно и точно“ води статистика и за своите играчи.

Истовремено, Одборот на судии информира дека и на натпреварот помеѓу екипите на ФК Брера и ФК Аресими во 78. минута е направена погрешна проценка од главниот судија и не е досуден пенал за гостинската екипа.

Свесни сме дека фудбалот е динамична игра. Натпреварите од Првата и Втората МФЛ, како и КУП натпреварите се изедначени по квалитет, а судиите го носат „притисокот“ од значењето што секој натпревар го има и очекувањата од нив се големи. И покрај најдобрите напори, ненамерните погрешни судиски проценки се составен дел од секој спорт.

Сепак, изолираните погрешни судиски проценки, кои патем до сега се сите негативно оценети од контролорите на судењето, во никој случај не смее да фрли сенка врз кредибилитетот, професионалноста и интегритетот на судиите, а ФФМ ќе остане посветена на зачувување на интегритетот и транспарентноста во својот ангажман и нема да дозволи неосновани обвинувања да го нарушат кредибилитетот на Федерацијата и нејзините претставници.

Continue Reading

Uncategorized

Грција утре парализирана од генерален штрајк

Published

on

Атина– Двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица, утре во Грција ќе биде одбележана со генерален штрајк што буквално ќе ја парализира земјата, нема да функционира бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, дел од рестораните, таверните, кафулињата, ноќните клубови, театрите ќе бидат затворени, а закажани се над 340 протести во земјата и странство, јави дописничката на МИА од Атина.

Железничката несреќа се случи на 28 февруари 2023 година при директен судир на товарен и патнички воз, кои се движеа на истата шина во различни правци, по сударот следеше и експлозија, а животот го загубија 57 лица, од кои поголемиот број беа студенти.

Иако поминаа две години од една од поголемите трагедии во Грција, несреќата во изминатиот период одново е актуелна во земјата и поради тоа што две години подоцна остануваат многу неодговорени прашања, но и поради тоа што во медиумите континуирано се објавуваат нови информации и аудио и видео документи.

Во рамките на генералниот штрајк закажани се вкупно 345 протести, од кои 243 се на различни локации во Грција, а 102 се низ целиот свет, додека пак според најавите и судејќи според демонстрациите што се одржаа минатиот месец, се очекува утрешните протести да бидат особено масовни.

Исто како и за време на масовниот протестот одржан на крајот на јануари, така и сега главниот слоган е „Немам кислород“ по објавениот аудиозапис од телефонски повик на бројот 112 за итни случаи во кои се слушаат повиците за помош, меѓу кои и женски глас што вели „Немам кислород“, а главното барање е правда за жртвите.

Генералниот штрајк е закажан од најголемите грчки синдикати на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ), како и синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија, а 24-часовниот штрајк го поддржуваат низа здруженија, федерации итн.

Во штрајкот ќе учествуваат и адвокати, фармацевти, лекари, студенти, ученици, просветни работници, голем дел од угостителските објекти нема да отворат, а ноќните клубови и клубовите со жива музика, односно популарните бузуки, во кои настапуваат познати грчки пејачи, утре ќе останат затворени во спомен на жртвите.

Бродовите ќе останат закотвени на пристаништата од раните утрински часови, железничкиот сообраќај ќе биде целосно во прекин, а 24-часовен штрајк најавија и контролорите на летање, со што откажани се сите летови од и кон Грција со исклучок на: летови кои со шефови на држави, премиери; летови на грчките воздухопловни сили кои учествуваат во оперативни мисии и закажани вежби; летови од медицински или хуманитарна причини; летови на авиони за потрага и спасување.

Јавниот превоз во Атина, односно автобусите, тролејбусите, трамваите ќе учествуваат во штрајкот и нема да сообраќаат, а единствено метрото ќе работи од 9 до 17 часот со цел да им овозможи на граѓаните да стигнат на протестот во центарот на градот.

Грчката метропола ќе биде и без такси превоз, со оглед на тоа што такси возачите организирани од нивниот синдикат учествуваат во штрајкот, меѓутоа започнаа иницијатива „такси на солидарноста“ – нешто што првпат се спроведува во Грција, односно на четири различни локации ќе има таксисти волонтери, кои бесплатно ќе ги пренесуваат граѓаните до плоштадот Синтагма каде што ќе се одржи протестот.

Во Атина собирот е закажан за 11 часот по локално време, а ќе се преземат зголемени безбедносни мерки, според грчките медиуми, со ангажирани над 5.000 полицајци.

Министерот за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис во чија надлежност е и полицијата во интервју за радиото „Параполитика“ вчера рече дека „се прават големи подготовки за полицијата да ја постигне својата централна цел, а тоа е демонстрациите да завршат мирно и пред сè безбедно за граѓаните кои ќе учествуваат“.

Непосредно пред утрешната годишнина, грчката Национална управа за истрага на авионски и железнички несреќи и безбедност на транспортот, претпладнево ќе го презентира извештајот од истрагата на експертите за причините за железничката несреќа и експлозијата што следеше по судирот на патничкиот и товарниот воз.

На вчерашната владина седница грчкиот премиер Кирјакос Мицотаки се осврна на втората годишнина од железничката несреќа кај Темпи, посочувајќи дека „мнозинството Грци сакаат вистината да блесне, правдата да биде задоволена и никогаш повеќе да не доживееме слична трагедија“, истакна дека „националната драма треба да го обединува општеството под заедничко барање за вистина и правда“, а за протестите нагласи дека се уставно загарантирано право на граѓаните, но и дека државата треба да ги заштити демонстрантите, а „одредени ќе протестираат против Владата“.

Следната седмица, односно во вторник и среда во Парламентот ќе се одржи расправа за формирање предистражна комисија за несреќата, а Мицотакис посочи дека тогаш партиите ќе можат да ги претстават своите ставови, но и дека ако опозицијата сака, ќе може да достави предлог за гласање недоверба на Владата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк