Connect with us

Македонија

Тепачка на улица Благоја Тоска во Тетово

Published

on

„На 11.01.2025 во 21.20 часот во СВР Тетово С.С. (26) од Тетово пријавил дека околу 18.00 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, бил физички нападнат од Т.И. од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“

Македонија

Приведени четири лица, незаконски ловеле

Published

on

Во близина на место викано Караула Моин, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица вчера околу 14.30 часот ги лишиле од слобода О.И.(26), К.К.(53), Д.Т.(35) и Ж.У.(25), сите од Гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При извршена контрола, соопштија денеска од МВР, кај О.И. била пронајдена ловна пушка „сухл“ и два ловечки патрона, кај К.К. ловна пушка „застава“ и девет ловечки патрони, а кај Д.Т. ловна пушка карабин „застава“ и 12 куршуми, како и други предмети.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Македонски Бугари оддадоа почит пред спомен-плочата на Мара Бунева во Скопје

Published

on

Десетина граѓани кои се декларираат како македонски Бугари денеска, како и во минатите години, оддадоа почит на спомен-плочата на Мара Бунева на кејот на Вардар во центарот на Скопје, по повод 97 години од нејзината смрт.

На спомен-плочата и пред слика на Бунева што ја донесоа, тие оставија цвеќе откако претходно организираа панихида во црквата „Св. Димитрија“ и по оддавањето почит и заедничкото фотографирање се разотидоа од местото на чествувањето.

На прашање од медиумите дали имаат порака, еден од нив кратко изјави дека очекуваат македонските Бугари наскоро да бидат ставени во Уставот на Северна Македонија и, како што рече, „да заврши омразата меѓу балканските народи“.

-Македонија си е држава, но има и македонски Бугари. Ние месните, овде што се собираме, сме македонски Бугари. Кога еден ден ќе нѐ стават во Уставот, се ќе си дојде на свое место.

Очекуваме тоа да биде наскоро, тоа е природен процес, мора да биде тоа така. Само ние не сме во Уставот, рече тој.

Мара Бунева (1902 — 1928), родена во Тетово, на 14 јануари 1928 на кејот на Вардар во Скопје извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ и потоа се самоубила.

Continue Reading

Македонија

БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ ЌЕ ГИ ЗАДРЖИТЕ, АМА КАЗНИ ЌЕ ПЛАТИТЕ Адвокатот Менкиноски појасни што ќе се случи со 247 Македонците кои станаа Бугари

Published

on

Сите 247 Макецонци кои извадиле бугарски пасоши, а за кои екс градоначалникот на Благоевград призна вина за фалсификат ќе си ги задржат патните исправи. Бугарија под притисок на ЕУ само демонстрира дека прави нешто, а во суштина не прави ништо, изјави адвокатот Тони Менкиноски за ТВ Алфа.

Тој вели дека Македонците со пасошите коишто се дел од предметот за екс градоначалникот Живко Чукарски ќе платат само прекршочна глоба бидејќи ја злоупотребиле постапката за вадење на државјанство.

Имено, бугарските медиуми откриваат дека процесот за добивање бугарски пасоши од 2016 до 2019-та во Благоевград бил претворен во профитабилен бизнис. Македонците плаќале до 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово плаќале и до 5.000 евра. Главна улога во процесот играле повеќе од 100 „медијатори“, кои обезбедувале документи за потекло, фиктивни адреси и поддршка за процесот во институциите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк