Убаво е кога се отвораат капитални проекти. Пелагонија добива нов модерен експресен пат што ќе значи економски развој и поврзување со соседите. Но мора да се истакне дека овој проект комплетно беше блокиран од претходната Влада. Ние за еден месец успеавме да ги решиме проблемите и да го изградиме овој прекрасен пат, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во своето обраќање.
„Навистина е задоволство во рок од само десетина дена второ големо отворање. Денеска го отвораме експресниот пат кој што треба да не поврзува од Градско до Дреново дел од експресниот пат Градско – Дреново – Фариш. Еден преубав експресен пат кој што ќе значи многу за поврзувањето на Прилеп, Битола, на Могила, Новаци, Кривогаштани, на Крушево, секако и Росоман и поврзување со главниот град, но исто така ќе знаќи и поврзување со соседна Грција и поврзување на Коридор 10“, рече Николоски.
Посочи дека станува збор за Коридор 10д којшто треба да значи целосно автопатско или експресно поврзување со вториот голем граничен премин – Меџитлија и притоа им честиташе на сите ангажирани во неговата изградбата.
„Кога отвораме вакви проекти и кога имаме завршени проекти навистина е добро да се кажат убавите работи и тука сакам да се заблагодарам на Премиерот за целосната посветеност. Без него ова не можеше да биде возможно. Буквално на дневна основа ја следеше работата на овој експресен пат. А исто така сакам да се заблагодарам и на ЕУ бидејќи тука има значајна грант компонента, но многу поважно од тоа е посветеноста за развој на овој дел од државата и заради посветеноста да се помогне оти државата не е само главниот град, туку треба рамномерно да се развива и секако тука е поврзувањето со соседите“,
„Обично не сакам да зборувам за проблеми и ќе кажам дека ќе завршуваме проекти затоа што сме избрани да работиме, а не да се жалиме. Но пред мене е првиот документ кој го добив кога станав министер за транспорт. Првата голема главоболка со која што се соочив и се соочи Владата е извештајот за тоа во каква состојба беше овој експресен пат. е ви кажам директно, работници немаше, активности немаше, не беа решени косините, сега гледате како прекрасно изгледаат двете страни на патот и недостасуваа некаде околу 13 милиони евра за да се исплатат и да се доврши реализацијата на овој експресен пат.
Изведувачот се спремаше за арбитража, веќе првите чекори беа преземени и работниците беа повлечени. Причината беше претходната Влада која година и половина не сакала да потпише два адендуми, Адендум 3 и 4, кој што беа договорени со ДЕУ и не сакала да формира Комисија која што ќе ги спроведува“,
Новата Влада за само месец дена ја формираше Комисијата, истата се формираше на крајот од јули, во тек на август се работеше на содржината на овие два адемндуми и на 12 септември проблемите се решија. Од 12 септември до буквално Нова година се работеше, се заврши комплетно и сакам да честиттам на сите бидејќи имаме експресен пат.
Овие работи треба да се кажат бидејќи народот треба да знае кој работи а кој не работи. Овој пат денеска што го гледате е реален и не е направен со вештачка интелегенција како што го имаше во одредени пропагандни спотови во изборите и ова е најдобра подршка зошто оваа влада треба да биде подржувана од народот за уште поубави проекти“, појасни Николоски/
Најави дека многу наскоро ќе биде отоврена и втората делница, од Дреново до Фариш, за која рече дека се изградеи два тунели коишто ќе значат нова содржина, па и во туристичкиот дел во овој регон.
„А понатаму ќе работиме и на изградба на трета лента на Плетвар каде што сега нема, некаде е кај Беловодица до Прилеп како би можело од Скопје до Прилеп да се патува за час – час и десетина минути. Исто така веќе работиме на и изградба на автопат од Скопје до Битола како би можело од Скопје до Битола да се патува за час и половина“, додаде Николоски..
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вечерва заедно со директорите на јавните претпријатија изврши увид во тековните активности за расчистување на снегот од клучните локации во градот.
Во своето обраќање, Коњановски ги потенцираше напорите на зимската служба, кои без застој работат на обезбедување нормално функционирање на градот:
• Широк Сокак и плоштадот Магнолија беа расчистени за непречено движење на граѓаните.
• Паркингот пред Центарот за култура и отворениот паркинг кај саат-кулата беа приоритет за ослободување од снежните наноси.
• Активности се спроведуваат и низ населените места во општината.
„Нашата цел е сите улици и јавни површини да бидат целосно проодни, со што ќе се обезбеди безбедност и функционалност за граѓаните,“ истакна Коњановски, додавајќи дека тимовите на зимската служба остануваат на терен и во текот на ноќта.
Општина Битола ја продолжува својата посветеност за брза и ефикасна реакција во интерес на граѓаните.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, преку активна иницијатива и со поддршка од амбасадорот на Чешка, г. Лудва, воведува значајни чекори кои ветуваат подобрување на односите меѓу Македонија и Чешка.
Божиновска ги истакна трите главни проекти кои се во фокусот на оваа соработка:
Организација на заедничка седница на министрите на Македонија и Чешка, со цел продлабочување на билатералните односи и создавање нови можности за партнерства.
Воведување директен авионски лет Скопје–Прага, кој наскоро ќе биде достапен, што ќе придонесе за полесна бизнис и туристичка соработка.
Сезонски летови Прага–Охрид, кои ќе го позиционираат Охрид како клучна дестинација за чешките туристи.
„Овие иницијативи не само што ја олеснуваат комуникацијата и соработката, туку и отвораат врати за нови инвестиции во различни сектори како енергетиката, туризмот и трговијата“, изјави Божиновска.
Оваа соработка претставува значаен чекор напред кон зајакнување на врските помеѓу двете земји и обезбедување нови можности за одржлив економски раст.
Црковниот одбор на манастирот „Свето Преображение Христово“ во населбата Циглана во Гостивар, информира за немил настан што се случил ноќеска, на 14 јануари 2025 година по одбележувањето на Православна Нова година.
Ја известуваме јавноста дека на 14 јануари 2025 година, околу 2:30 часот по полноќ, лице од Циглана беше затекнато и фатено на лице место, како неовластено зема пари од црковната каса во манастирот. Црковниот одбор остро го осудува овој чин и апелира за поголема свест и почитување на црковниот имот“ рекоа од Одборот за Gostivarpress.mk.
Одборот нагласува дека ќе преземе дополнителни мерки за заштита на манастирот и црковните добра, со цел спречување на слични инциденти во иднина. Истовремено, упатува апел до сите верници и жители на населбата за одговорност и заеднички напори во зачувување на светиот простор.