Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес соопшти дека е активен огласот за аплицирање за инвертер клими, за кој се издвоени 170 милиони денари.
„Огласот е отворен и трае 60 дена, а средствата се наменети за семејства кои исполнуваат одредени услови. Станува збор за клима уреди од класата А+ со инсталирана моќност од 3,5 kW“, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека оваа мерка има за цел да им обезбеди подобар комфор во домот на ранливите семејства, како во летниот така и во зимскиот период, како и да придонесе за заштита на животната средина и намалување на загадувањето, особено во периодите на затоплување на домовите.









![[ФОТО] Eкстремно ретко воено возило забележано на фронтот во Украина – дали знаете за што служи?](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-24-145035.png)
