Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Пустец привлекува сè повеќе туристи – 50 илјади посетители за девет месеци

by Уредник
07.10.2025
in Uncategorized

Општина Пустец, со својата природна убавина, езерскиот предел и бројните цркви и манастири, станува сè попопуларна туристичка дестинација.

„Во првите девет месеци од годинава нашата општина ја посетија околу 50 илјади туристи“, изјави за МИА Пали Колефски, градоначалник на Пустец.

Освен македонските туристи, сè поголем е и бројот на посетители од различни европски држави, кои се воодушевени од убавините на регионот. Според Колефски, само преку една македонска туристичка агенција во изминатите десетина дена Пустец го посетиле 35 туристички групи.

„Ова покажува дека Пустец привлекува туристи од целиот свет како дел од турите за откривање на убавините на Албанија. Меѓу најпосетените места се Островот Мал Град и пештерската црква, каде што туристите се особено воодушевени“, додава тој.

Градоначалникот истакнува дека групите се водени од локални водичи, кои им овозможуваат детално запознавање со историјата, природата и културното наследство на регионот.

„Во последните години реализиравме повеќе проекти за подобрување на патната инфраструктура, уредување на плажите и обезбедување редовно водоснабдување. И понатаму ќе работиме на создавање подобри услови за туристите“, нагласува Колефски.

Тој очекува бројот на туристи оваа година да го надмине минатогодишниот рекорд од 80 илјади посетители. Општина Пустец ја сочинуваат девет населени места распослани долж брегот на Преспанското Езеро.

Next Post

Битола: ЈП „Паркинзи“ постави нова хоризонтална и вертикална сигнализација во Буковски ливади

Запленета голема количина фалсификувани брендови на часовници на Богородица

Препорачани Вести

Пожарите во Турција се шират, евакуирани над 50.000 лица

7 months ago

Хаос во Србија: Снегот ја блокира сообраќајната мрежа и предизвика исклучувања на струја

2 months ago

Популарни Вести

  • Со 4.672.878 евра ќе се реконструира прилепскиот студентски дом „Орде Чопела“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија денеска го дознава противникот за баражот за СП 2027 во Германија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од утре „Сејф Сити“ официјално казнува: Високи глоби за брзо возење, црвено и непрописно паркирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отежнат сообраќај поради одрон и магла – предупредување од АМСМ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали ова е последното предупредување од Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.