Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ѓорѓиевски во Бутел: „Со заедничка поддршка ќе донесеме промени“

by Уредник
22.10.2025
in Uncategorized

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва се врати во својот роден Бутел, место полно со спомени од детството, за да се заблагодари на жителите за поддршката во првиот круг и да му честита на Дарко Костовски за победата во општината.

„Бутел повторно е во сигурни раце и знам дека ќе продолжи да се развива со истата енергија, посветеност и визија“, истакна Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека со поддршката од граѓаните во вториот круг ќе биде партнер на Бутел како никогаш досега.

Ѓорѓиевски најави конкретни проекти за општината: изградба на нов кружен тек на крстосницата „Бутелска“ – „Александар Урдаревски“, реконструкција на улиците, поставување нови тротоари и современо лед осветлување, како и целосна фекална и водоводна мрежа за Бел Камен.

„Ќе ја поврземе ‘Бутелска’ со ‘Христијан Тодоровски-Карпош’, а реконструкцијата на Качанички Пат ќе создаде модерен влез во градот. Реката Серава ќе ја вратиме на граѓаните – чиста, уредена, со пешачки и велосипедски патеки што ќе станат гордост на Бутел“, додаде тој.

Ѓорѓиевски повика на масовно излегување на гласање и единство за да се обезбеди „историска победа за Скопје“.

„На Скопје повеќе не му требаат експерименти. Да победиме заедно!“, заклучи Ѓорѓиевски.

Next Post

Тетовец со тврд предмет го уништи автомобилот на соседот

Физички напад во болница - МВР со детали

Препорачани Вести

После крвавите нереди, Непал за првпат доби жена премиер

После крвавите нереди, Непал за првпат доби жена премиер

5 months ago
Во тек е големата воена вежба на Криволак – погледнете што се случува [ФОТО]

Во тек е големата воена вежба на Криволак – погледнете што се случува [ФОТО]

8 months ago

Популарни Вести

  • Со 4.672.878 евра ќе се реконструира прилепскиот студентски дом „Орде Чопела“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија денеска го дознава противникот за баражот за СП 2027 во Германија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од утре „Сејф Сити“ официјално казнува: Високи глоби за брзо возење, црвено и непрописно паркирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отежнат сообраќај поради одрон и магла – предупредување од АМСМ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали ова е последното предупредување од Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.