Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Владата ја усвои реформата: Предлог-законот за јавно обвинителство официјално усвоен

by Redakcija
30.12.2025
in Македонија
vlada

На денешната редовна 140-та седница, Владата го усвои новиот Закон за јавно обвинителство, еден од клучните столбови на реформската агенда во Област 5 – Фундаментални вредности, со акцент на владеење на правото. Со овој потег, државата прави значаен исчекор кон градење на силно и транспарентно обвинителство, како гарант за заштита на јавниот интерес.

Законот е плод на детална анализа, консултации и усогласување со европските стандарди и најдобрите меѓународни практики, што ја зацврстува позицијата на јавното обвинителство како независна и професионална институција.

Една од најзначајните новини во законот е измената на процедурата за избор на Јавен обвинител на Република Северна Македонија. Сега критериумите за избор се јасно дефинирани, а процесот е транспарентен, мерит-базиран и ослободен од политички влијанија. Со тоа се обезбедува дека најквалитетните кандидати ќе бидат избрани исклучиво според стручност, интегритет и професионален кредибилитет.

Законот исто така воведува обврзувачки рокови за избор и унапредување на обвинителите, како и принцип на категоризација на дисциплинска одговорност. Овие мерки носат поголема предвидливост, функционалност и одговорност во работењето на обвинителството, што директно ја зголемува довербата на граѓаните во институциите.

„Усвојувањето на овој закон е конкретен доказ за нашата определба да градиме независни, професионални и силни институции кои се во служба на граѓаните и владеењето на правото“, изјавија од Владата, нагласувајќи дека реформите во правосудството остануваат еден од највисоките приоритети на државата во процесот на евроинтеграција.

Со новиот Закон за јавно обвинителство, државата прави голем чекор кон правосудство кое е транспарентно, одговорно и непристрасно – клучен предуслов за стабилност, развој и доверба на граѓаните.

Next Post

Тешко повреден охриѓанец пронајден во паркиран автомобил во струшко

Апсење на повеќе локации во Тетово - Полицијата со детали

Препорачани Вести

ВИ снимките на Сидни Свини, објавени од Илон Маск го подигнаа хаосот на X

2 days ago

Приведен висок функционер од ДУИ

10 months ago

Популарни Вести

  • Со 4.672.878 евра ќе се реконструира прилепскиот студентски дом „Орде Чопела“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија денеска го дознава противникот за баражот за СП 2027 во Германија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од утре „Сејф Сити“ официјално казнува: Високи глоби за брзо возење, црвено и непрописно паркирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отежнат сообраќај поради одрон и магла – предупредување од АМСМ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали ова е последното предупредување од Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.