вторник, април 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Финска уапси членови на екипажот на „Фитбург“ по оштетувањето на подводни телекомуникациски кабли

by Redakcija
02.01.2026
in Свет

Хелсинки – Финските власти уапсија двајца членови на екипажот на товарниот брод „Фитбург“ поради оштетување на подводни телекомуникациски кабли што ги поврзуваат Хелсинки и Талин, додека на двајца други им е забрането патување.

Штетата на каблите, кои се во сопственост на финската телекомуникациска компанија Елиса и се сметаат за витална инфраструктура, беше откриена вчера во естонската ексклузивна економска зона, откако каблите биле прекинати претходно оваа недела.

Бродот „Фитбург“, кој плови под знамето на Свети Винсент и Гренадини, отпловил од Санкт Петербург кон израелското пристаниште Хаифа. Во екипажот од 14 члена има државјани на Русија, Грузија, Азербејџан и Казахстан. Според Финската полиција, бродот го влечел сидрото по морското дно со часови пред да биде забележан во ексклузивната економска зона на Финска.

Началникот на финската полиција, Илка Коскимаки, нагласи дека истражителите засега се воздржуваат од шпекулации дали зад оштетувањето стои државен субјект.

Дополнително, Финската царина соопшти дека „Фитбург“ превезувал руски челик кој е под санкции на Европската Унија, и започнала истрага за можен нелегален товар на бродот.

Related Posts

ЕУ под притисок: Неуспесите во надворешната политика отвораат дебата за укинување на правото на вето

ЕУ под притисок: Неуспесите во надворешната политика отвораат дебата за укинување на правото на вето

07.04.2026

ВИДЕО: Нападнат клучниот ирански остров!

07.04.2026

Трамп се закани дека „целиот“ Иран вечерва би можела да биде уништена

07.04.2026
Падна уште еден американски авион во Иран

Падна уште еден американски авион во Иран

07.04.2026

Русија упати закани кон балтичките земји: „Ако имаат разум, ќе послушаат“

07.04.2026

18% од бензинските пумпи во Франција утрово без гориво

07.04.2026

Препорачани Вести

Протест во Нови Сад против новите реформи во судството

Протест во Нови Сад против новите реформи во судството

2 месеци ago

Пожар во куќа во кривопаланечко, тројца повредени пренесени во Скопје

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Општина Аеродром инвестира 138 милиони денари во реконструкција на 18 улици: Реализација до крајот на летото

    Општина Аеродром инвестира 138 милиони денари во реконструкција на 18 улици: Реализација до крајот на летото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ под притисок: Неуспесите во надворешната политика отвораат дебата за укинување на правото на вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Водовод Битола: Започнува реконструкција на водоводната мрежа на ул. Караорман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските роботички тимови освоија злато и сребро на Олимпијадата за роботика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честитка од градоначалникот Проданоски по повод Свето Благовештение – Благоец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.