петок, јули 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Патарините донесоа приходи од над 4,1 милијарда денари

by Redakcija
02.01.2026
in Македонија
avtopat

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ја завршува 2025 година со историски резултат во приходите од патарини. До 23 декември, во државната каса се слеале над 4,1 милијарда денари, односно приближно 67,6 милиони евра, што веќе ги надминува резултатите од целата 2024 година.

Директорот Коце Трајановски истакнува дека континуираниот раст на приходите е резултат на зголемениот обем на сообраќај, растот на цените и подобрената ефикасност на електронската наплата. Дополнително, иницијативата „Отворен Балкан“, која се воведе летото 2023 година, исто така придонесе за зголемување на бројот на корисници на патиштата.

Податоците од последните пет години покажуваат стабилен раст: од 34 милиони евра во 2020 година, преку 46,4 милиони во 2021, 53,2 милиони во 2022, 62 милиони во 2023, до 66,4 милиони евра во 2024 година. Оваа година заклучно со 23 декември наплатата изнесува 67,6 милиони евра, а со празничниот сообраќај се очекува конечната бројка да биде уште повисока.

Покрај финансиските достигнувања, ЈПДП презема и значајни чекори кон модернизација на системот за наплата. Склопени се договори со двата најголеми телекомуникациски оператори, А1 Македонија и Македонски телеком, за дистрибуција и наплата на електронски уреди (М-ТАГ), а во тек е интеграција на апликативните софтвери, што ќе овозможи брза и сигурна употреба на услугата. Овие промени станаа можни по измените на Законот за јавни патишта во јуни 2025 година, кој дозволи надворешни оператори да вршат продажба и надополнување на уредите, услуга што досега беше достапна само во просториите на ЈПДП. Очекувањата се дека новиот модел ќе го забрза протокот на возила на наплатните рампи, ќе го намали времето на чекање и ќе ја зголеми употребата на електронската наплата.

Related Posts

ВЛЕН: Патриотизмот се докажува со работа – над 300 проекти и подобри услови за граѓаните

10.07.2026

Нови правила во студентските домови

10.07.2026

ЈАВНА РЕАКЦИЈА ОД СУНСП

10.07.2026
Историски успех за македонскиот документарец: „Приказната за Силјан“ номинирана за две награди „Еми“

Историски успех за македонскиот документарец: „Приказната за Силјан“ номинирана за две награди „Еми“

09.07.2026
Започна судскиот процес за серискиот убиец од Кумановско: Обвинителството со тврдење – мотивот за убиствата било задоволување на полови страсти

Започна судскиот процес за серискиот убиец од Кумановско: Обвинителството со тврдење – мотивот за убиствата било задоволување на полови страсти

09.07.2026

Мицкоски: Битола останува еден од главните приоритети на Владата, продолжуваме со инвестиции и развој

09.07.2026

Препорачани Вести

Калас: Не се очекува напредок околу 20-тиот пакет санкции против Русија поради блокадата на Унгарија и Словачка

Калас: Не се очекува напредок околу 20-тиот пакет санкции против Русија поради блокадата на Унгарија и Словачка

5 месеци ago

(ВИДЕО) Скандал со папараци: Обезбедувањето на Тејлор Свифт реагирало за да спречи непримерно фотографирање

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Повеќе од 30 повредени откако автобус изгубил контрола и се забил во зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Криза во Русија: Недостигот на гориво ги празни патиштата – властите препорачуваат работа од дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Голема меѓународна акција: Македонската полиција им влезе во трага на бегалци од „Беланоца“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,92 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска на терен: Стратешкиот проект што ќе ја промени енергетската слика – интерконекторот со Грција се гради со забрзано темпо, целта е завршување наредната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.