недела, септември 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ССНМ бара итна акција по организирани напади врз профилите на ‘Слободен печат’ на Инстаграм

by Redakcija
05.01.2026
in Македонија
socijalni mediumi

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) повикува на итна и енергична реакција од Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи поради организираните напади врз профилите на „Слободен печат“ на Инстаграм.

Според ССНМ, станува збор за координирани, злонамерни активности кои се манифестираат преку масовни пријави на објавите на медиумот. „Целта е јасна – да се наруши работата на редакцијата и да се врши притисок врз медиум кој никогаш не ги прекршил правилата на платформата“, посочуваат од синдикатот.

Овој вид на напади, велат од ССНМ, не е изолиран случај. „Во случајот со ‘Слободен печат’, таквите кампањи се повторуваат циклично и константно. Ова директно го загрозува правото на слободно изразување, пристапот до информации и безбедноста во онлајн просторот“, предупредуваат од синдикатот.

ССНМ бара институциите веднаш да ги користат сите свои надлежности за заштита на медиумите. „Основното јавно обвинителство и МВР мораат да преземат конкретни чекори за да им овозможат на медиумите да работат непречено, без закани и притисоци“, додаваат од синдикатот.

Тие исто така упатуваат пофалба до „Слободен печат“ и нагласуваат дека медиумот, како еден од водечките во земјава, треба да продолжи со транспарентно и одговорно новинарство. „Подлегнувањето на обидите за замолчување преку дигитални притисоци би било исполнување на целта на интересните групи кои стојат зад нападите“, заклучуваат од ССНМ.

Related Posts

Македонија 517 минути без гол и девет натпревари без победа: Поразот од Швајцарија ја продлабочи кризата

Македонија 517 минути без гол и девет натпревари без победа: Поразот од Швајцарија ја продлабочи кризата

27.09.2026
Денеска е Крстовден: Православните верници го слават Воздвижението на Чесниот Крст

Денеска е Крстовден: Православните верници го слават Воздвижението на Чесниот Крст

27.09.2026

Македонското знаме се развиори во срцето на Њујорк по повод 35 години независност

26.09.2026

Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција во СДСМ

26.09.2026

Николоски: Ќе се гради експресен пат од Радовиш преку Струмица до границата со Бугарија

26.09.2026

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

26.09.2026

Препорачани Вести

Судењето за „Пулс“: Општината реагирала, барала да не се дозволи дискотека

6 месеци ago

Од што се плаши Белгија? Се распоредуваат војници на улиците

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Лавров и Вадефул разговараа во Њујорк: Прва средба на шефовите на дипломатиите на Русија и Германија од 2022 година

    Лавров и Вадефул разговараа во Њујорк: Прва средба на шефовите на дипломатиите на Русија и Германија од 2022 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија 517 минути без гол и девет натпревари без победа: Поразот од Швајцарија ја продлабочи кризата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тлото тоне под американските брегови: Повеќе од 84 милиони луѓе живеат во погодените области

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денеска е Крстовден: Православните верници го слават Воздвижението на Чесниот Крст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Можеме да го направиме тоа и овде“: Наводна изјава на американската амбасадорка предизвика дипломатска бура во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.