понеделник, август 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Кошта од Никозија: Проширувањето е клучот за посилна и побезбедна Европа

by Redakcija
08.01.2026
in Свет
antonio koshta

Европската Унија мора да го забрза проширувањето ако сака да остане релевантен и кредибилен геополитички актер во свет што станува сè пофрагментиран и понепредвидлив. Тоа беше централната порака од Никозија, каде што со свечена церемонија започна кипарското претседавање со Советот на ЕУ во првата половина на 2026 година.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, порача дека проширената Унија не е само политички избор, туку стратешка неопходност. Според него, приклучувањето на Украина, Молдавија и земјите од Западниот Балкан е клучно за изградба на посилна, побезбедна и пообединета Европа – и внатре и надвор од нејзините граници.

Кошта нагласи дека процесот на проширување мора да се движи паралелно на два колосека: земјите кандидатки да продолжат со реформите, а Европската Унија истовремено да се подготви институционално и политички за прием на нови членки. Во контекст на војната во Украина и мировните напори што се водат, тој оцени дека напредокот во проширувањето е особено итен во месеците што следуваат, како признание за, како што рече, „импресивното темпо на реформи“ што ги спроведува Киев.

Годината 2026, според него, може да биде пресвртна и за други кандидати. Црна Гора, како најнапредна во процесот, има реални шанси во наредните 12 месеци да ги затвори пристапните преговори, а изработката на пристапниот договор би можела да започне токму за време на кипарското претседателство.

Во своето обраќање, Кошта му даде силна симболична тежина на фактот што токму Кипар го презема кормилото на ЕУ. Земја со сопствено искуство на поделба и окупација, рече тој, има автентичен морален капитал да ја истакне важноста на меѓународното право како темел на мирот и стабилноста.

– Европа не е само географија, таа е заедница на вредности. Нашата сила не произлегува само од економијата или од инвестициите во одбраната, туку пред сè од доследноста во одбраната на тие вредности, порача Кошта, додавајќи дека ЕУ не смее да толерира кршење на меѓународното право – без разлика дали станува збор за Кипар, Украина, Газа, Гренланд или кој било друг дел од светот.

Во тој контекст, тој јасно стави до знаење дека прашањата поврзани со Гренланд не можат да се решаваат без Данска и без народот на Гренланд, нагласувајќи дека тие имаат целосна поддршка од Европската Унија.

Осврнувајќи се на неодамнешниот состанок на т.н. Коалиција на подготвените во Париз, Кошта истакна дека е постигнат договор за безбедносни гаранции за Украина со цел да се спречи понатамошна агресија, потсетувајќи дека ЕУ веќе обезбеди значителна финансиска поддршка за Киев за наредните две години.

Тој оцени дека кипарското претседателство ќе има важна улога и во продолжувањето на поддршката за обновата на Украина и во нејзиното приближување кон ЕУ, што, според него, е „најдобрата можна инвестиција во долгорочниот мир и стабилност на континентот“.

На истата линија се надоврза и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која порача дека улогата на Кипар во Унијата во наредните години ќе биде уште позначајна. Централниот приоритет на кипарското претседателство – побезбедна и поавтономна Европа – таа го поврза директно со Украина.

– Безбедноста на Украина е безбедност на Европа. Заедно ќе работиме на праведен и траен мир, истакна Фон дер Лајен.

Таа потсети дека церемонијата се одржува во земја која сè уште го чека исполнувањето на ветувањето за повторно обединување, што му дава на Кипар посебна тежина кога зборува за поделби, конфликти и помирување.

– Европската Унија е родена од конфликт. Таа не е совршена, но е ветување дека соработката е посилна од конфронтацијата и дека правото мора да биде над силата, порача Фон дер Лајен, нагласувајќи дека токму Кипар, како крстопат на континенти и кризи, носи уникатен морален и стратешки авторитет.

Таа повтори дека сеопфатното, праведно и трајно решение за кипарското прашање останува апсолутен приоритет на ЕУ и најави дека поранешниот еврокомесар Јоханес Хан е назначен за специјален претставник на Унијата за Кипар, со цел да се даде нов импулс на процесот под покровителство на ОН.

На настанот се обратија и кипарскиот претседател Никос Христодулидес и заменичката министерка за европски прашања Марилена Рауна, кои ги претставија приоритетите на претседавањето, проследено со културно-уметничка програма.

Ова е втор пат Кипар да претседава со Советот на ЕУ, по првото претседателство во 2012 година. Овојпат, под мотото „Автономна Унија. Отворена кон светот“, Никозија ќе се фокусира на поддршката за Украина, јакнењето на европската одбранбена подготвеност, односите со САД и Обединетото Кралство, нови трговски партнерства и продлабочување на врските со јужното соседство – амбициозна агенда за период што ветува да биде сè, само не мирен.

Related Posts

По Гренланд, на ред и Канада? Русија со провокативна порака до Канада: “Станете сојузна држава на САД”

По Гренланд, на ред и Канада? Русија со провокативна порака до Канада: “Станете сојузна држава на САД”

23.08.2026
Сведочењето на Нетанјаху за корупција откажано во последен момент поради безбедносни причини

По ова нема веќе враќање: ТУРЦИЈА ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА НЕТАНЈАХУ

23.08.2026
(ВИДЕО) Возел низ руски град со американско знаме – Руските „Z-патриоти“ разбеснаа па мораше јавно да се извини

(ВИДЕО) Возел низ руски град со американско знаме – Руските „Z-патриоти“ разбеснаа па мораше јавно да се извини

22.08.2026
Макрон најави нова испорака на ракети-пресретнувачи за Украина и дополнително засилување на воената помош

Макрон најави нова испорака на ракети-пресретнувачи за Украина и дополнително засилување на воената помош

22.08.2026
Турција бара од Интерпол потерница за Нетанјаху поради запирањето на бродовите со помош за Газа

Турција бара од Интерпол потерница за Нетанјаху поради запирањето на бродовите со помош за Газа

22.08.2026
Израел и Турција во нов судир околу Сирија

Израел и Турција во нов судир околу Сирија

20.08.2026

Препорачани Вести

Повеќе луѓе отколку песок: Кинеската плажа што ги соборува сите рекорди

14 часа ago
Нестабилно време со дожд и ветер, температурите во благ пораст

Променливо облачно и посвежо време со дожд на запад и снег на планините

5 месеци ago

Популарни Вести

  • По Гренланд, на ред и Канада? Русија со провокативна порака до Канада: “Станете сојузна држава на САД”

    По Гренланд, на ред и Канада? Русија со провокативна порака до Канада: “Станете сојузна држава на САД”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: По седум дена непрекината борба, пожарот во Мариово е изгаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двајца повредени во вооружен напад во Арачиново: Пукано кон автомобил „Шкода“ со скопски таблички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ОХРИЃАНЕЦ УАПСЕН: Бил агресивен кон член од семејството, па нападнал и полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заедништвото и одговорноста се клучни за иднината, порача Мицкоски во Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.