петок, јуни 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Подметнат пожар на Божиќ пред католичката катедрала во центарот на Нови Сад, нема повредени

by Redakcija
08.01.2026
in Балкан
novi sad

Брзата интервенција на пожарникарите спречи поголема трагедија откако рано утрово избувна пожар на споредниот влез од католичката црква „Име на Марија“ во строгиот центар на Нови Сад. Огнот бил брзо локализиран, а според досегашните сознанија, во инцидентот нема повредени лица.

Првичните информации од локалните медиуми укажуваат дека пожарот не бил случаен, туку намерно предизвикан, при што е причинета материјална штета на страничната врата од катедралата. Надлежните служби водат истрага за да се утврдат околностите и мотивите зад овој чин.

Градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин, реагираше остро, оценувајќи го настанот како чин на вандализам и насилство што директно ги нарушува основните вредности на градот. Тој порача дека Нови Сад со децении гради имиџ на средина во која владеат толеранција, меѓусебно почитување и слобода на вероисповед, нагласувајќи дека секој напад врз верските објекти претставува напад врз безбедноста и соживотот на сите граѓани.

Свештеникот на црквата, Атила Желер, изјави дека засега немаат конкретни информации за причините за инцидентот и дека очекуваат официјално соопштение од полицијата. Според неговите зборови, се претпоставува дека огнот бил подметнат во раните утрински часови.

„Се сомневаме дека во раните утрински часови некој запалил оган на страничниот влез. Зошто се случило тоа – навистина не знаеме. Особено е тажно што ваков чин се случува токму на Божик,“ изјави Желер, додавајќи дека најважно е што, покрај материјалната штета, нема посериозни последици и светилиштето не е оштетено однатре.

Related Posts

На познато одморалиште во Грција се излеаја отпадни води во морето (ФОТО)

11.06.2026

Илјадници Албанци на протест: „Албанија не е на продажба“

11.06.2026
„Резервирани“ лежалки со пешкири доведоа до судски спор на германски турист

Летувањето годинава значително поскапо: Нови такси и дополнителни трошоци ги чекаат туристите во Грција, Црна Гора и Хрватска

11.06.2026
Промени во врвот на турската власт: Ердоган именува нови министри за правда и внатрешни работи

Ердоган: Израелските акции претставуваат закана и за Турција

10.06.2026

Бугарија ја прекинува воената помош за Украина

09.06.2026

Европската комисија изрази загриженост за луксузен ресорт поврзан со Кушнер во Албанија

09.06.2026

Препорачани Вести

Денес во Собранието ќе се гласа за нафтената криза

2 месеци ago

Со фалсификувана дозвола управувал полициски хеликоптер – кривична за главен пилот во МВР

3 месеци ago

Популарни Вести

  • На познато одморалиште во Грција се излеаја отпадни води во морето (ФОТО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре неколку скопски општини и населби ќе останат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Тетово и повеќе тетовски села утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Контролор на ЈСП нападнат во автобус поради неплатен билет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ауди“ излетало од патот кај Охрид – Има тешко повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.