среда, јуни 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Славески: Инфлацијата ќе се сведе на 2,5 проценти, економијата во подем

by Redakcija
09.01.2026
in Економија, Топ Вести

„Домашната економија досега покажува релативна отпорност на светските ризици и ќе бележи солидно закрепнување и во наредниот период. Ваквите позитивни трендови се очекуваат и годинава, заедно со постепеното закрепнување на економиите на нашите најзначајни трговски партнери, како и засиленото остварување на инфраструктурните инвестиции во земјава“. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во изјава за бизнис-магазинот „Економија и бизнис“, нагласувајќи дека јавните инвестиции во патната и железничката инфраструктура, како и инфраструктурните проекти на локално ниво, ќе имаат важна улога во поддршката на економскиот раст.

Гувернерот Славески посочи дека значителен придонес кон економската активност ќе имаат и приватните инвестиции, особено во производствениот и енергетскиот сектор, поттикнати од солидниот прилив на странски директни инвестиции. Умерениот раст на расположливиот доход на домаќинствата, заедно со стабилната кредитна активност на банките, ќе обезбеди солидна лична потрошувачка. Покрај ова, постепената стабилизација на економиите на надворешните партнери и поповолните услови на размена би довеле до закрепнување на извозот на стоки и услуги, со што ќе се зајакнат позитивните економски движења.

-Сите овие фактори упатуваат на добри изгледи за годинава, со очекуван економски раст од околу 4%. Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување и се очекува дека ќе се сведе на 2,5% годинава, по што постепено ќе се врати на својот историски просек од околу 2% – истакна гувернерот Славески, посочувајќи дека главните фактори за ваквите очекувања се поволните движења на светските цени, закотвените инфлациски очекувања и ограничените притисоци од домашната побарувачка.

Натамошната стабилизација на надворешната позиција на економијата ќе обезбеди дополнителен девизен потенцијал и соодветно ниво на девизни резерви, неопходни за одржувањето на стабилноста на домашната валута. Гувернерот истакна дека високата светска променливост и неизвесност и понатаму постојат. Народната банка внимателно ќе ги следи економските остварувања со цел да ја зачува ценовната и финансиската стабилност, а воедно и за да обезбеди поддршка за одржлив економски раст во наредниот период.

Извор: Нова Македонија

Related Posts

Микрософт Скопје остана со еден вработен и влезе во загуба од 186 илјади евра

10.06.2026

Министерство за финсии: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства

10.06.2026

Николоски на терен: Увид во втората фаза од железничката линија Бељаковце–Крива Паланка

10.06.2026

Чувајте го трудот од цела година: правилното третирање го штити тутунот

10.06.2026

ВЛЕН: Стратешкото партнерство со Турција носи нови можности за македонските превозници

10.06.2026

Од Табановце до Гевгелија возовите ќе сообраќаат со 160 километри на час

09.06.2026

Препорачани Вести

ВИДЕО: Обилни дождови и поплави во Атина, загинаа две лица

5 месеци ago

ВИДЕО: Шакира ја претстави официјалната песна за Мундијалот 2026

1 месец ago

Популарни Вести

  • Микрософт Скопје остана со еден вработен и влезе во загуба од 186 илјади евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерство за финсии: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски на терен: Увид во втората фаза од железничката линија Бељаковце–Крива Паланка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Платил 20.000 денари за непостоечки стан – измама преку онлајн платформа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатен на дело: Велешанец се обидел да ограби црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.