понеделник, април 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Костадинов ја обнови партиската припадност во СДСМ: „Единството бара подавање рака“

by Redakcija
14.01.2026
in Република

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, по речиси шест месеци, ја одмрзна својата партиска припадност во СДСМ. Тој самата одлука ја објави на својот Фејсбук-профил, нагласувајќи дека останува верен на своите претходни ставови и позиции по прашања од јавен интерес.

– Сакам јасно да истакнам дека овој чекор не значи промена или повлекување на моите ставови. Во овој момент не најавувам активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно. Единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во името на секој социјалдемократ – напиша Костадинов.

Тој го замрзна своето членство во јули минатата година, откако СДСМ одлучи за кандидат за градоначалник на Струмица да го предложи општинскиот претседател на партијата, Марјан Даскаловски. Во тоа време, Костадинов појасни дека неговата одлука не е крај на политичкиот ангажман, туку момент на искреност и доследност кон граѓаните и градот.

– Во изминатите 11 години не изгубив ниту еден избор, затоа што луѓето гледаа работа, доследност и љубов кон градот. Секој проект, секој парк, секоја пешачка патека ги градев како да се за моето семејство – истакна тогаш Костадинов.

Со одмрзнувањето на членството, тој ја потврди својата подготвеност за продолжување на дијалогот во партијата и за зајакнување на единството меѓу социјалдемократите.

Related Posts

Проданоски: Велигден носи порака дека животот, надежта и светлината секогаш победуваат

12.04.2026

Коњановски: Велигден нека донесе слога, радост и надеж во секој дом

12.04.2026

Проданоски: Нека светлината на Воскресението донесе мир и радост во секој дом

11.04.2026

Гостивар празнично украсен во пресрет на Велигден

11.04.2026

Земјотрес во источна Македонија

11.04.2026

Проданоски: Прилеп е симбол на воената традиција и чест

10.04.2026

Препорачани Вести

Можно е Канада да се приклучи на Европската Унија

Можно е Канада да се приклучи на Европската Унија

4 недели ago
nis petrol

Добри вести за НИС: Српскиот премиер открива што следува

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Тешка сообраќајка во тетовско – две лица тешко повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Физички напад во Сараќино – две лица пријавиле напад од група, полицијата постапува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Физичка пресметка во Тетово – две лица пријавиле напад пред угостителски објект

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијан возач удрил пешак – Полицијата реагирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • CNN: Македонија е скриен балкански бисер со природа, гастрономија и прекрасни вина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.