среда, февруари 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Важни информации доколку патувате кон Маврово и Попова Шапка!

by Redakcija
14.01.2026
in Република

СВР Тетово со низа мерки и постапувања во зимски услови за непречено одвивање на сообраќајот во Маврово и Попова Шапка. 

– Секторот за внатрешни работи Тетово постапува согласно годишен план за постапување во зимски услови во зимските рекреативни центри Маврово и Попова Шапка, но и во целото подрачје што го покрива. Како и минатата година, така и оваа година на подрачјата на Маврово и Попова Шапка се воведува кружен тек на движење на возилата за да се избегне секој вид на блокирање на патот. Но, поради одредени неодговорни возачи кои не го почитуваат тоа правило дооаѓа до целосно блокирање на сообраќајот. Исто така, проблем претставува и паркирањето на возила покрај патот со што се оневозможува на надлежните институции за целосно чистење на патот и на тој начин уште повеќе се отежнува движењето во сообраќајот, односно на некои делници од патот кон Маврово нема можност за двонасочен сообраќај, информираа од МВР. 

Пред почетокот на сезоната, Отсекот за превенција при СВР Тетово во неколку наврати одржа состаноци со менаџери и сопственици на хотели и угостителски објекти во овие два туристички локалитети, при што беше укажано да преземаат соодветни мерки во нивниот делокруг на работа за безбедноста на посетителите, а и во однос на обезбедување на доволен број паркинг места за нивните клиенти.

– За да не се повторат ситуации од претходните години во Маврово и Попова Шапка, кога СВР Тетово дополнително ангажираше полициски службеници од другите полициски одделенија за физичко регулирање со наизменично пуштање на возилата и расчистување на сообраќајот, СВР Тетово апелира до граѓаните, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги паркираат нивните возила на коловоз, да ги почитуваат наредбите од полициските службеници и да не тргнуваат кон овие локации без соодветна зимска опрема, известија од полицијата. 

– Само на тој начин сите заедно ќе придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот. СВР Тетово ги известува граѓаните дека ќе бидат ангажирани и пајак службите на Тетово и Гостивар секогаш кога некое возило ќе го попречува сообраќајот, односно ќе биде подигнато и законски санкционирано, додаваат од МВР. 

Related Posts

Утре повеќе села во општина Брвеница и Јегуновце ќе бидат без струја

18.02.2026

Проданоски: Првите 100 дена носат нов развоен импулс за Прилеп (ВИДЕО)

18.02.2026

ВИДЕО: Градоначалникот Коњановски: Битола останува најспортскиот град во Македонија

18.02.2026

Сè што треба да знаете за билетите и бесплатниот превоз во Тетово

18.02.2026

Комуналец Прилеп: Заврши кастрењето на дрвјата по улицата Сотка Горѓиоски

18.02.2026

Коњановски: Нови пешачки патеки за поголема безбедност во Битола

18.02.2026

Препорачани Вести

Возеле без дозвола, со забрана и под алкохол – 15 приведени

6 дена ago

Зошто Папата Лав XIV одби да го прими Макрон

4 недели ago

Популарни Вести

  • ФК Тетекс слави 73 години историја и успеси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре повеќе села во општина Брвеница и Јегуновце ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Првите 100 дена носат нов развоен импулс за Прилеп (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски најави три големи инфраструктурни проекти за Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија и Иран ја покажуваат воената сила во Индискиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.