среда, март 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Милијардерите се збогатија рекордно, Оксфам предупредува на закана за демократијата

by Redakcija
19.01.2026
in Магазин

Светските милијардери во 2025 година го зголемија своето богатство за рекордни 2,4 трилиони евра, што го истакнува растот на економската нееднаквост и нејзиното влијание врз политиката, предупредува Оксфам во својот најнов извештај.

Според организацијата, концентрацијата на екстремно богатство создава услови за политичко влијание, еродирајќи ја демократијата. Во земјите со висока нееднаквост, шансата за пад на демократските институции е седум пати поголема, а веројатноста милијардер да добие политичка функција е 4.000 пати повисока отколку за обичен граѓанин.

„Станува збор не само за купување луксуз, туку за купување политика, избори и влијание врз судството“, истакна советничката на Оксфам, Кјара Путатуро. Во 2025 година, инаугурацијата на американски претседател милијардер и вклучувањето на други милијардери во кабинетот, поддржани од Елон Маск, го илустрираат овој тренд.

Извештајот укажува дека супербогатите сè повеќе контролираат медиуми и социјални мрежи, со примери како Џеф Безос („Вашингтон пост“), Илон Маск (Твитер) и конзорциумот кој купи удел во „Економист“. Слични трендови се забележуваат и во Европа – во Франција, телевизискиот канал „Си-Њуз“ е под контрола на милијардер, додека во Велика Британија три четвртини од весниците се во рацете на само четири богати семејства.

Вкупното богатство на милијардерите во ЕУ достигна 2,4 трилиони евра до крајот на ноември 2025 година, што е за 19% повеќе од претходната година. Оксфам истакнува дека само 3,5% од ова богатство би било доволно за искоренување на екстремната сиромаштија низ светот, а непропорционалното влијание на богатите врз политиката останува клучен проблем.

Related Posts

Сè повеќе милијардери во светот – објавена новата листа

Сè повеќе милијардери во светот – објавена новата листа

11.03.2026
Остров на милијардерите: Зад високите ѕидови на луксузот

Остров на милијардерите: Зад високите ѕидови на луксузот

11.03.2026

Лоша вест за Македонците во Америка, Австралија, Канада… доаѓа ценовен шок за цела македонска дијаспора!

11.03.2026

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 11 МАРТ: Сите хороскопски знаци денес ја гледаат пошироката слика

11.03.2026
Пешачење по 40: Лесен пат кон губење килограми и подобро здравје

Пешачење по 40: Лесен пат кон губење килограми и подобро здравје

10.03.2026
Дебелината во Македонија: 65% од граѓаните со висок индекс на телесната маса

Дебелината во Македонија: 65% од граѓаните со висок индекс на телесната маса

09.03.2026

Препорачани Вести

Грчкиот поранешен министер за финансии обвинет за промовирање на дрога

Грчкиот поранешен министер за финансии обвинет за промовирање на дрога

2 недели ago

Возач од Тетовско остана без своето Ауди – Ова се причините

4 недели ago

Популарни Вести

  • (ФОТО) Инцидент во Ормутскиот теснец: Иранската армија уништи брод што се обидел да помине – Иран се закани дека нафтата ќе достигне 200 долари за барел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Инцидент во Скопска болница – Полицијата го расчиствуа случајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење во Штип – МВР со детали за настанот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против четворица од тетовско по тепачка во угостителски објект

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД побарале од Израел да ги запре нападите врз иранската нафтена инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.