среда, септември 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ОЈО-ГОКК: Засега нема притвор за судијата Ристов, постапката е во тек

by Redakcija
19.01.2026
in Црна Хроника

За судијата Ѓоко Ристов засега нема да се бара определување притвор, ниту има информации дека тој е задржан од надлежните органи. Ристов и понатаму ужива судиски имунитет, кој може да биде одземен од Судскиот совет по барање на судија на претходна постапка.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека истрагата е во тек и дека конечна одлука за евентуални мерки ќе биде донесена во наредните денови.

„Се продолжува со постапувањето и јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, деновиве ќе процени во однос на мерки за обезбедување на присуство на осомничениот, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, соопштуваат од ОЈО-ГОКК.

Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот. За време на претрес во домот на неговите родители во Неготино, извршен по судска наредба, биле пронајдени 350.000 евра скриени во соѕидан простор во ѕид.

Обвинителството наведува дека парите се сомнителни како незаконски стекнати и дека случајот е дел од поширока истрага за висока корупција, поткрепена со информации од Агенцијата за национална безбедност. Истражните дејствија продолжуваат, а во зависност од нивниот исход ќе се одлучува дали ќе се побара притвор и одземање на судискиот имунитет.

Related Posts

Маж од тетовско исчезнал по закани и барања за пари и возила, полицијата трага по него

15.09.2026

Скопјанка повредена од заталкан куршум додека била во дворот

15.09.2026

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај Тетово

15.09.2026

Прободен полицаец при интервенција, осомничениот е во притвор

14.09.2026

Струјата ја трошел без да биде регистрирана, виничанец пријавен за кражба

14.09.2026
Нивото на Вардар се намалува, моментално нема ризик од излевање

Маж скокнал во Вардар кај Гази Баба, извлечен и пренесен во болница

14.09.2026

Препорачани Вести

Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

8 месеци ago

Годишната Македонска средба во Горно Крчиште ќе се одржи на 23 мај 2026

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Во Албанија откриена огромна статуа на илирската кралица Теута

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,28 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Катар предупредува на нов глобален шок: Што ќе се случи ако Хутите го блокираат Баб ел-Мандеб?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски генерал загинал во украински напад врз штаб во Доњецк?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канада тропна на вратата на ЕУ: Се бара статус каков што досега немало

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.