среда, август 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Данска ги подготвувала силите на Гренланд и за можен конфликт со САД

by Redakcija
23.01.2026
in Свет

Данските трупи распоредени на Гренланд добиле наредба да бидат борбено подготвени и опремени со боева муниција во случај на евентуален напад од Соединетите Американски Држави, објави данскиот јавен сервис ДР, повикувајќи се на воени документи, а пренесе АФП.

Според извештајот, воената наредба издадена минатата недела предвидува повеќефазна операција, со можност за дополнително испраќање сили и опрема на автономната данска територија. По издавањето на наредбата, цивилни и воени авиони започнале со транспорт на војници и логистичка поддршка кон Гренланд.

Распоредувањето официјално било дел од воената вежба „Arctic Endurance“, која се одвива под водство на Данска и, според најавите од Копенхаген, ќе продолжи во текот на поголемиот дел од наредната година.

Тензиите околу Гренланд се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп во неколку наврати изјави дека САД ќе го добијат островот „на овој или на оној начин“, не исклучувајќи употреба на сила поради, како што рече, прашања од национална безбедност. Подоцна, по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп соопшти дека се откажува од заканите и дека е постигната „рамка“ за договор.

Во меѓувреме, неколку европски земји испратија ограничен број војници на Гренланд, официјално за подготовки за вежбата. Дел од нив, меѓу кои германски и шведски војници, веќе го напуштија островот, додека други сили и понатаму пристигнуваат.

ДР јавува и за широка политичка поддршка во Данска, и од власта и од опозицијата, за отпор во случај на евентуален американски напад. Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен одби да го коментира извештајот.

Related Posts

Канада возвраќа на Трамп со нови царини за американската стока

25.08.2026
(ВИДЕО) „Спржена земја“ во Украина: Фронтот веќе се гледа од вселената, сателитски снимки покажуваат огромно уништување

(ВИДЕО) „Спржена земја“ во Украина: Фронтот веќе се гледа од вселената, сателитски снимки покажуваат огромно уништување

25.08.2026
Мистериозна посета на Москва: Американски воен авион ја напушти Русија, се споменува и директорот на ЦИА Џон Ретклиф

Мистериозна посета на Москва: Американски воен авион ја напушти Русија, се споменува и директорот на ЦИА Џон Ретклиф

25.08.2026

35.000 луѓе повеќе починале во Европа поради екстремните горештини

25.08.2026
Дали руски дрон сам ја избрал целта и убил тројца цивили? Истрага отвора прашања за новата ера на војување со AI

Дали руски дрон сам ја избрал целта и убил тројца цивили? Истрага отвора прашања за новата ера на војување со AI

24.08.2026
Украина е во најголемата криза од почетокот на војната: Зеленски пред најтешката одлука досега

Зеленски: Русија сакаше да ја освои цела Украина, а сега ги губи рафинериите и флотата

24.08.2026

Препорачани Вести

Дневен хороскоп за 9 јуни: Универзумот бара храброст – наградата ја добиваат најодлучните

3 месеци ago

Љатифи: Со нови интерконекции Македонија станува енергетски центар во регионот

3 месеци ago

Популарни Вести

  • 116 години од раѓањето на Мајка Тереза

    116 години од раѓањето на Мајка Тереза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Милиони евра за „невидлив“ добиток: Грција под истрага за земјоделските субвенции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Ниту едно подрачно училиште во Прилеп нема да се затвори и ниту еден наставник нема да остане без работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини организира свеченост по повод Денот на рударите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп за 26 август: Кому му следува успех, а кому романтично изненадување?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.