понеделник, јули 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски изврши увид во новиот систем за греење во градинката и училиштето во „Буковски Ливади“

by Redakcija
26.01.2026
in Република, Топ Вести

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска беше во посета на детската градинка „Росица“, која е дел од ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ и подрачното училиште „Коле Канински“ во населбата „Буковски ливади“, со цел да изврши увид во новопоставениот современ систем за греење со топлински пумпи.

Оваа јавна установа, како што информираше директорката Весна Лозановска, беше дел од реализацијата на проектот „ЕУ за чист воздух“, имплементиран од Канцеларијата за проектни активности на Обединетите нации (UNOPS) и Општина Битола.

Проектот „ЕУ за чист воздух“, покрај засадените 1500 садници, во два образовни објекти во градот кои што нема да бидат приклучени на системот за Топлификација, реализира поставување на топлински пумпи за греење и ладење на објектите. Еден од тие објекти е и објектот во наслебата „Буковски Ливади“, каде што се сместени градинката и училиштето.

Директорката Лозановска му ја објасни целосната постапка на реализација на проектот на градончалникот Коњановски и посочи дека со свои средства при реализација на проектот учествуваше и градинката „Росица“, која обезбеди дел од потребните зафати за поставувањето на топлинските пумпи.

Директорката на училиштето Дијана Толевска-Христовска изрази задоволство од реализацијата на проектот со што и учениците имаат уште подобри услови за следење на образовниот процес.

Градоначалникот Коњановски ја констатираше придобивката во однос на новиот поставен топлински систем и благодетта која ја имаат дечињата, кои ги посетуваат градинката и училиштето. Тој нагласи и дека како дел од проектот, општина Битола има обврска во наредниот период да постави нова енергестки ефикасна фасада, со што топлинските загуби ќе се сведат на минимум, а воедно ќе се зголеми и заштитата на животната средина.

Related Posts

Гасниот интерконектор со Грција во завршна фаза, готов во првата половина од 2027

04.07.2026

Тоневски: Лесновската ликовна колонија е културен амбасадор на Пробиштип

04.07.2026

Мицкоски: Автопатот Охрид–Кичево влегува во завршна фаза, интензивно се работи на клучните делници

04.07.2026

ФЕРО ИНВЕСТ и WHES на Intersolar Europe 2026: Успешниот батериски проект бара врвна технологија и искусен инженерски партнер

04.07.2026

ВИДЕО: Трет пожар попладнево во Штип, евакуирани работници од Штипската млекара

03.07.2026

Општина Битола: Презентиран Оперативниот план за активни мерки за вработување за 2026 година

03.07.2026

Препорачани Вести

Признание „Илинден“ за Марјана Дода, главен уредник на „Аргументум.ал“

3 месеци ago

Од вечерва нови цени на бензините и дизелот во Македонија

6 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Тензии во Црна Гора: Албанците протестираа поради одлуката за намалување на територијата на Општина Тузи

    (ВИДЕО) Тензии во Црна Гора: Албанците протестираа поради одлуката за намалување на територијата на Општина Тузи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Инцидент во кумановско: скопјанка истепала кумановка во угостителски објект – МВР ја приведе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија во Албанија: Голем пожар кај Фиер проголта куќи, евакуирани 11 семејства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повреден пожарникар при големиот пожар кај „Рампа“ во Скопје – огнената стихија локализирана, без жртви

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исплатена еврообврзницата од 700 милиони евра: Мицкоски најави намалување на јавниот долг и повеќе средства за инвестиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.