понеделник, мај 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Скопје ќе ги добие првите гробишта за миленици: Институциите најавуваат решавање на децениски проблем

by Simovski
29.01.2026
in Скопје
kucinja

Скопје наскоро ќе добие први гробишта за миленици, иницијатива која ја поднесе Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и која доби зелено светло од клучните институции. По состанокот на кој присуствуваа министерот за локална самоуправа Перински, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и претставници на ЗЕЛС, беше најавено дека наскоро ќе започне дефинирањето на локациите и изградбата на инфраструктурата за оваа потреба.

Министерот Перински ја истакна важноста на проектот: „Ова ќе значи крај на децениската практика милениците по смрт да се фрлаат со комуналниот отпад или да се закопуваат на несоодветни јавни места. За да се постигне ова, ќе биде потребна и соодветна измена на законските решенија.“

Ѓорѓиевски потенцира дека општините ќе имаат клучна улога во проектот, преку обезбедување на соодветни локации и вградување на потребната инфраструктура. Тој исто така нагласи дека општинските инспектори и комунални редари ќе бидат активно вклучени во справувањето со проблемот со бездомните кучиња.

Соговорниците на состанокот се согласија дека воспоставувањето систем на прифатилишта за бездомни животни во секоја локална самоуправа е неопходно за долгорочно решавање на проблемот.

Директорот на АХВ, Оливер Миланов, посочи дека предлог-законот веќе ги содржи забелешките на здруженијата за заштита и благосостојба на животните и дека предлозите на општините ќе бидат внимателно разгледани. „Како одговорна институција, АХВ ќе им излезе во пресрет на локалните самоуправи и ќе помогне во техничките прашања поврзани со контрола на популацијата на бездомни кучиња, согласно нашите можности и надлежности“, рече Миланов.

Related Posts

ВИДЕО | Неверојатна сцена од Козјак: Стадо диви кози снимено среде македонската дивина

24.05.2026

(ФОТО+ВИДЕО) Големо чистење на Железничката станица во Скопје: Се отстрануваат реклами, билборди и наталожени постери

24.05.2026
Извор: Screenshot; ТВ21

(ВИДЕО) Демонстранти спречија поставување ограда на нелегалниот пешачки премин кај Бит-пазар

22.05.2026
Западен Балкан со заедничка иницијатива бара измени во CBAM за извоз на електрична енергија

Дел од жителите на Ѓорче Петров денес привремено без струја

22.05.2026

Повеќе делови од Скопје утре ќе останат без електрична енергија

21.05.2026

Важно известување за патниците на скопскиот аеродром

21.05.2026

Препорачани Вести

СВР Битола предупредува: Нов бран телефонски измами со лажни сообраќајни несреќи

1 недела ago

Земјотрес со епицентар во Албанија ги тресе Охрид и Струга

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Секое утро го пиете, а не знаете: Овој пијалок може да влијае на вашата биолошка возраст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Пожарникарите од Радовиш ризикуваа животи во драматичната битка со огнот во поранешен „Декортекс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп за 25 мај: За еден знак почнува голем пресврт, друг добива неочекувана шанса

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАЈНОВА ВЕСТ: Голем пожар во Радовиш – во пламен поранешна фабрика (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драматичен судир меѓу авион и параглајдер снимен од камера (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.