Од денеска официјално стапува во сила казнувањето на прекршоците регистрирани од камерите на системот „Безбеден град“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Овој систем ќе детектира и санкционира четири основни сообраќајни прекршоци на повеќе критични сообраќајни локации низ земјата.
Според МВР, камерите се поставени на места каде што најчесто се случуваат прекршоци, со цел да се подигне безбедноста на сообраќајот и да се спречат опасни ситуации на патиштата.
Во правата фаза на работа, системот ќе ги забележува следните прекршоци:
Непрописно паркирање,
Управување со возило со брзина поголема од дозволената,
Минување на црвено светло, и
Управување возило со истечена важност на сообраќајната дозвола.
МВР истакнува дека камерите нема да се користат само за казнување, туку и за регулирање на сообраќајот и подобрување на безбедноста на сите учесници, со цел да се спаси што е можно повеќе животи и да се намалат сообраќајните незгоди.
Казните што ќе се изрекуваат преку системот „Безбеден град“ се од околу 15 до 500 евра, зависно од видот на прекршокот и неговата сериозност, а во некои случаи може да се предвидат и дополнителни мерки како одземање на возачката дозвола до една година.
Министерството апелира до граѓаните да ги ажурираат своите контакт-податоци што ги имаат при регистрирањето на возилата, за да може навремено да ги добијат известувањата за евентуалните прекршоци и изречените казни.








![[ВИДЕО] Масовна тепачка во Сплит – приведени повеќе од 100 навивачи](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-03-124007.png)

