Tuesday, February 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Мистерија околу улогата на психијатриските болници од Бардовци, Демир Хисар и Негорци во проектот за мозоците испратени во САД

by Simovski
03.02.2026
in Република
Мистерија околу улогата на психијатриските болници од Бардовци, Демир Хисар и Негорци во проектот за мозоците испратени во САД

Во периодот 2004/2005 година, Одделот за психијатрија на Универзитетот Колумбија во Њујорк спроведувал истражувања кои ги вклучувале и македонските експерти од судската медицина, професорите Алексеј Дума и Горазд Росоклија. Годишниот извештај на институтот, кој го објави „Слободен печат“, открива дека проектите во тоа време се фокусирале на „структурни абнормалности на дендритите кај шизофренија и нарушувања на расположението“, како и на „невропатолошки корелации на деменција и шизофренија“.

Во рамки на соработката биле собирани мозоци и клинички податоци од обдукции на психијатриски пациенти, самоубиства и споредбени случаи во Македонија, во партнерство со Институтот за судска медицина, Психијатриската болница Скопје (Бардовци), Демир Хисар и Негорци, како и Медицинскиот факултет во Скопје. Според извештајот, американскиот коавтор Ендру Џеј Диворк проучувал невропатолошките особености на шизофренијата и врските на деменцијата кај постари пациенти со оваа болест.

Македонските научници, заедно со американските колеги, развиле нов метод за пребојување на мозочното ткиво, наречен „нео-Голџи“. Трудот од 2013 година, кој го потпишуваат професорите Дума, Росоклија и Диворк, наведува дека со оваа процедура биле обоени 220 блокови од фронтален кортекс и хипокампус, од повеќе од 175 човечки случаи.

„Човечките мозоци потекнувале од заедничката збирка на психијатриските институти во Македонија и Њујорк. Причините за смртта варирале – од самоубиство и насилна смрт, до срцеви удари, ретки болести и несреќи“, објаснува професорот Росоклија за Рисрч Гејт. Тој додава дека секое ткиво било придружено со писмена согласност од семејствата на починатите и дека проектот бил исклучиво научен, без никакви финансиски злоупотреби.

И покрај ова, поранешната новинарка Менче Точи тврди дека се соочила со притисоци да не објавува за проектот. „Кога дознав дека професорот Росоклија е носител на проектот, контактирав со него, но тој не сакаше да зборува. Потоа почнаа уверувања зошто да се откажам од приказната, дека проектот е епохален и дека соседна Бугарија сакала да го преземе“, раскажува Точи. Таа открива дека дури ѝ понудиле престој на Универзитетот Колумбија, што таа го одбила.

Целиот текст може да го прочитате на Слободен Печат

Трудот можете да го видите на следниот линк: https://www.yumpu.com/en/document/view/6630601/ar-finalindd-new-york-state-psychiatric-institute

…

Препорачани Вести

Погледнете каква фотографија објави Трамп додека светот го очекува новиот папа [ФОТО]

Погледнете каква фотографија објави Трамп додека светот го очекува новиот папа [ФОТО]

9 months ago

Шокантно: Дали канцерогениот мазут од ТЕЦ Неготино завршил и на други локации?!

11 months ago

Популарни Вести

  • Мистерија околу улогата на психијатриските болници од Бардовци, Демир Хисар и Негорци во проектот за мозоците испратени во САД

    Мистерија околу улогата на психијатриските болници од Бардовци, Демир Хисар и Негорци во проектот за мозоците испратени во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Незаконско приклучување на струја за криптовалути откриено во Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП започна со исплата на повратот од МојДДВ за последното тримесечје од 2025 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Битола оди напред со конкретни проекти и јасна визија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали во Брисел: Членството во ЕУ останува стратешки приоритет на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.