сабота, март 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Нестабилност на глобалните пазари по номинацијата на нов претседател на Фед

by Simovski
04.02.2026
in Економија
Декемвриски скок на прометот на берзата, активноста сепак се стеснува

Светските финансиски пазари минатата недела влегоа во период на силна нестабилност, кога политичките сигнали од Вашингтон го прекинаа моментумот на еуфоријата кај инвеститорите. На површината, одлуката за номинирање на нов претседател на американската централна банка изгледаше како класична пазарна реакција. Подлабоко, сепак, се откри вистинската природа на пазарниот стрес: прекумерна изложеност, исцрпена доверба и брзо менливи очекувања.

Американската централна банка ја задржа референтната каматна стапка меѓу 3,5 и 3,75 отсто, по три последователни намалувања. Сепак, вистинската потреса дојде од Белата куќа: претседателот Доналд Трамп објави дека планира да го номинира Кевин Ворш за нов шеф на Фед. Ворш, поранешен член на Одборот на гувернери и советник на Трамп, е познат по цврстиот став кон инфлацијата и монетарната дисциплина.

Реакцијата на пазарите беше моментална: доларот скокна, долгорочните американски обврзници паднаа, а инвеститорите почнаа повторно да размислуваат за идните движења на каматите. Иако краткорочно ефектот делуваше јастребовски, во исто време се зголемија очекувањата за потенцијални намалувања на каматите во 2026 година, што укажува на неизвесност која само го менува обликот, а не исчезнува.

Во текот на неделата индексот СиП 500 го надмина психолошкиот праг од 7.000 поени, но бранот на ентузијазам брзо избледе, а петокот донесе повлекување под таа граница. Волстрит покажува дека неговата сила не е стабилна: концентрацијата на инвестициски позиции и масовната возбуда кај малите инвеститори создава пазар подложен на остри и нагли промени.

Златото и среброто беа главните жртви на оваа неделна турбуленција. Златото се спушти под 5.000 долари за унца, а среброто загуби повеќе од 16 отсто, што претставува најголем дневен пад во својата историја. Според аналитичарите, падот не е резултат само на веста за Ворш, туку е „повод што пазарот долго го чекал за да ја корегира параболичната траекторија на цените“.

Интересен контраст забележавме кај бакарот: цената на металот порасна на рекордни нивоа од околу 14.000 долари за тон, поттикната од шпекулативен бран на кинеските инвеститори.

Биткоинот продолжува да паѓа и по два месеци, а спот ЕТФ-овите забележаа трети месец по ред одлив на средства. Криптовалутите сè помалку се гледаат како алтернатива на традиционалните валути или како „прикриена заштита“ од економски ризици.

Доларот, кој на почетокот на неделата падна на најниско ниво од 2022 година, во текот на последните денови благо закрепна. Администрацијата на Трамп се стреми кон послаб долар за поттик на извозот, но ова носи ризик од трговски конфликти. Во меѓувреме, цената на нафтата го забележа најголемиот месечен раст од 2022 година, поддржана од геополитичките преговори и можните договори со Иран.

Related Posts

Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – се запознаа со роботско производство и индустриски технологии

21.03.2026

Историски пад на златото – Најголем колапс во последниве 14 години!

21.03.2026

ОДМОР 2026: Еве ги актуелните цени за апартмани на Јадранот

20.03.2026

Економистот кој ја предвиде кризата во 2008 година предупредува: Четири сигнали за потенцијален нов финансиски крах

20.03.2026

Србија гради гасен интерконектор со Македонија за поголема енергетска сигурност

20.03.2026

Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност нашиот фокус останува стабилен буџет и редовно сервисирање на обврските

20.03.2026

Препорачани Вести

ВИДЕО: Ечат сирени во Тел Авив, градот е под МАСИВЕН СИЛЕН НАПАД – Иранците вечерва користат НОВ ВИД НА ОРУЖЈЕ!

2 недели ago

Вардар се излеа во Тетовско – екипите се борат со водата и снегот

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Горивата повторно одат нагоре: Во понеделник се кројат новите цени – колку ќе поскапат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Поддршка и еднакви можности за лицата со Даунов синдром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КРВАВА ДРАМА ВО ИСТАНБУЛ: Убиен млад фудбалер – позната пејачка приведена поради вмешаност во случајот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РОДЕНДЕН ПРЕТВОРЕН ВО СКАНДАЛ: Посетители му ги украдоа подароците на мајмунот Мики во ЗОО Скопје!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран лансираше ракети на 4.000 км: Цел била стратешката база Диего Гарсија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.