недела, мај 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Двојно повеќе кривични пријави поднесени од царинската управа, над 100 милиони денари штета врз буџетот

by Simovski
04.02.2026
in Економија

Минатата година, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги бележи драстичен пораст на активностите против економскиот криминал. Вкупно поднесени се 213 кривични пријави против 443 физички и 160 правни лица до Основното Јавно Обвинителство и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Вредноста на утврдената штета за државниот буџет достигна 102 милиони денари во 196 од случаите.

За споредба, во 2024 година беа поднесени само 91 кривична пријава, што значи дека бројот на пријави лани се зголемил повеќе од двојно. Интересно е што најголем дел од новите пријави – дури 80 проценти – биле евидентирани во последните три месеци од годината, од октомври па натаму.

Според видот на делата, најмногу случаи се однесувале на фалсификување исправа – 85 пријави, следуваат криумчарење (40 пријави), царинска измама (39 пријави), недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги (7 пријави) и недозволено тргување со оружје (7 пријави). Дополнително, службата поднесе пријави за злоупотреба на службена положба, вршење меѓународен јавен превоз без лиценца и избегнување плаќање акциза. Впечатливо е што 103 од пријавите биле поврзани со 232 возила.

Во рамки на предистражните дејствија, службата против економски криминал испрати 450 барања до странски служби за проверка на потеклото на докази. Во 223 случаи утврдено е дека доказите се невалидни. Дополнително, извршени се 71 проверка на увозни фактури со странски служби.

Одделението за финансиски истраги отвори 15 финансиски истраги против 19 физички и 9 правни лица, со цел откривање и конфискација на нелегално стекнат имот и за слабеење на криминалните групи.

Царинската управа најавува дека ќе продолжи со засилени контроли и истраги, со јасна цел – ефикасна борба против криминалот и заштита на финансиските интереси на државата.

Related Posts

Димитриеска-Кочоска со порака до опозицијата: Проверете ги бројките пред прес-конференции

23.05.2026

МФ: Одземена дозвола за работа на финансиско друштво, продолжуваат засилените контроли

23.05.2026

Колкава плата земаат вработените во јавното здравство

23.05.2026

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,06 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

22.05.2026
Митреска: Банкарскиот систем е поотпорен, но растот на кредити бара внимателно следење на ризиците

Митреска: Банкарскиот систем е поотпорен, но растот на кредити бара внимателно следење на ризиците

22.05.2026
Земјоделците револтирани: Голема разлика меѓу откупните и малопродажните цени на храната

Земјоделците револтирани: Голема разлика меѓу откупните и малопродажните цени на храната

22.05.2026

Препорачани Вести

Три англиски клубови се борат за полуфиналето во ЛШ: Сити и Челзи со невозможни задачи, Арсенал со реална шанса

ПСЖ – Баерн: Финале пред финалето во Лигата на Шампионите

4 недели ago

Насилство во тетовско – Полицијата интервенирала

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Свети Кирил и Методиј: Просветителите кои ја променија историјата на словенските народи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Македонците во Албанија го одбележаа патронот на црквата „Свети Спас“ во Горно Крчишта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за 24 мај: Неочекувани пресврти, важни разговори и порака за секој знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно време денес: Дожд, грмежи, силен ветер и можност за локално невреме низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драматични сцени во Бугарија: Поплави носат сè пред себе, евакуации во повеќе градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.