петок, ноември 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

„Македонска пошта“ доби 100 нови возила за побрза и поефикасна достава

by Redakcija
15.04.2026
in Економија, Топ Вести
„Македонска пошта“ доби 100 нови возила за побрза и поефикасна достава

„Македонска пошта“ ќе го засили својот возен парк со 100 нови возила, во рамки на владина мерка за модернизација на јавниот поштенски сервис, чија цел е подобра организација на доставата и поголема оперативна ефикасност низ целата држава.

Според информациите од компанијата, набавени се вкупно 90 пикап возила и 10 комбиња, кои ќе се користат за распределба и транспорт на пратки. Од раководството посочуваат дека недостигот на возила досега претставувал сериозен проблем во секојдневното функционирање, но со оваа инвестиција се очекува значително олеснување на работата на терен.

Директорот на „Македонска пошта“ Охран Куртеши изјави дека компанијата се соочувала со голем број предизвици, меѓу кои и застарен возен парк и ограничени логистички капацитети, што директно влијаело врз брзината и квалитетот на услугите. Тој нагласи дека новата опрема ќе придонесе за поефикасна дистрибуција на пратките и подобра организација на поштенските служби.

Во исто време, од раководството се посочува дека во изминатиот период се работи и на финансиска консолидација на претпријатието, преку намалување на трошоците и зголемување на приходите. Како дел од тие мерки е наведено и редуцирање на административниот кадар, како и реорганизација на подружниците.

Куртеши наведе дека бил затекнат значителен процент административен персонал и дека се спроведуваат промени со цел оптимизација на структурата и поголема ефикасност во работењето. Дополнително, се работи и на расчистување на заостанати пратки, при што беше посочено дека големи количини пратки кои претходно стоеле во магацин биле обработени во краток рок.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски информираше дека вкупната вредност на набавката изнесува 104 милиони денари, при што преку јавна постапка е постигната значителна заштеда во однос на првично планираните средства. Тој додаде дека со новата опрема ќе се овозможи поштенските пратки да стигнуваат и до најоддалечените населени места.

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека со оваа инвестиција започнува нова фаза на зајакнување на институцијата, која, како што рече, со години се соочувала со недостиг од системски решенија и модернизација.

Според него, просечната старост на возилата кои досега се користеле била околу 15 години, што создавало зголемени трошоци, дефекти и доцнења во испораката. Тој нагласи дека целта на ваквите мерки е подобрување на јавните услуги и враќање на довербата на граѓаните.

Возилата се обезбедени како донација од Владата и Министерството за транспорт и врски, како дел од поширока програма за унапредување на поштенската инфраструктура.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ЕУ губи околу 59 милијарди евра годишно поради префрлање профит во даночни оази

06.11.2026

РУДАРСТВО.мк: По четири децении во Франција доделена прва рударска концесија

06.11.2026

Битолчани предлагаат што да влезе во буџетот за 2027 година: Од санација на патишта до центар за средно образование

06.11.2026

ТИТАН Усје и ПМФ со нов меморандум ја продлабочуваат соработката во поддршка на науката и образованието

06.11.2026

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти во Скопје и Охрид: Познати се датумите и изведувачите

06.11.2026

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

06.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Новиот караван Dacia Striker пристигнува на 10-ти март

Новиот караван Dacia Striker пристигнува на 10-ти март

8 месеци ago
sobranie

Законот за системот „Safe City“ усвоен на денешната собраниска седница

10 месеци ago

Популарни Вести

  • ЕУ губи околу 59 милијарди евра годишно поради префрлање профит во даночни оази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница: Од 6 часот еднонасочно кон гробиштата во Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУДАРСТВО.мк: По четири децении во Франција доделена прва рударска концесија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ја носел мајка си да питачи, ја надгледувал и ѝ ги одземал парите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Иницијатива за „Бизнис клуб Битола“ и поголема поддршка од компаниите за локалната заедница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.