понеделник, ноември 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Министерството за здравство бара истражување на документите за испраќањето македонски мозочни ткива во САД

by Redakcija
04.02.2026
in Македонија
Министерството за здравство бара истражување на документите за испраќањето македонски мозочни ткива во САД

Министерот за здравство, Азир Алиу, побара детална анализа на податоците во врска со испраќањето на ткива од мозоци на македонски пациенти на американскиот Универзитет „Колумбија“ за научни цели. Алиу појасни дека Министерството не е надлежно за истражувањето, бидејќи станува збор за проект кој започнал уште во 1996 година и се спроведувал во рамките на меѓународна соработка помеѓу институции.

„За секој проект постои меморандум потпишан од двете страни – најверојатно помеѓу универзитетите, МАНУ или Институтот. Ние не управуваме со ниту една од овие институции. Надлежно е Министерството за образование и наука. Нашата улога е да даваме лиценци за увоз и извоз на биолошки материјал, и токму во тој контекст го разгледуваме случајот“, изјави Алиу.

Тој истакна дека работната група во моментов ја проверува усогласеноста на процедурите со законите кои важеле пред три децении. „Тогаш имало сосема различни протоколи, а МАЛМЕД не постоел како самостојна институција, туку бил дел од Министерството за здравство“, додаде Алиу.

Министерот нагласи дека засега нема сигнали за злоупотреби. „Како човек, не како министер, лично мислам дека можностите за злоупотреби се многу мали. Станува збор за истражувачки проект помеѓу две земји, а САД имаат многу строги протоколи за работа со биолошки материјал. Исто така, материјалот бил во рацете на престижен универзитет и светски познат научник, што дополнително ја намалува можноста за проблеми“, рече Алиу.

Сепак, министерот посочи дека побарал од работната група да ја утврди постапката на испраќањето на ткивата и како биле чувани документите. Според старите закони, сите материјали требало да се чуваат 15 години, а од 2018 година, со воведувањето на директивите на ЕУ, рокот е продолжен на 25 години. Алиу предупреди дека токму поради овие временски ограничувања, дел од документацијата можеби веќе не постои во архивите на институциите.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Божиновска: Со 15 стипендии ги поддржуваме идните инженери во македонската енергетика

09.11.2026

Европа нагло закочи со станбените кредити. Колку брзо трендот може да стигне во Македонија?

09.11.2026

Мицкоски: „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија

09.11.2026

Убави вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло

09.11.2026

Нови правила за боледување од 1 декември: Што се менува за пациентите?

09.11.2026

Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ, бугарската блокада создава лош преседан

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Кина загрижена поради прекинот на нафтата од Венецуела и Иран

Кина загрижена поради прекинот на нафтата од Венецуела и Иран

8 месеци ago

Полицијата дојде до голем плен – МВР со детали

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Германците го избраа автомобилот на годината: Се истакна и меѓу луксузните фаворити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалете ги сметките за греење со овој трик: Радијаторите ќе греат посилно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ирански ракети со подолг домет? Што значи одлуката на Техеран за Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Активист го фрли германското знаме пред Рајхстагот и постави палестинско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од пет скопски општини: Најдолгиот прекин ќе трае седум и пол часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.