петок, април 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

ИФФК „Браќа Манаки“ го најавува своето 47. издание: Недела на кинематографијата во Битола

by Simovski
09.02.2026
in Магазин
ИФФК „Браќа Манаки“ го најавува своето 47. издание: Недела на кинематографијата во Битола

Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, најстариот и прв фестивал во светот целосно посветен на уметноста на кинематографијата, го најавува своето 47. издание, кое ќе се одржи од 19 до 25 септември 2026 година.

Седум дена градот под Пелистер ќе пулсира во знакот на седмата уметност, носејќи средби со врвни светски кинематографери, разговори за филмската слика, инспиративни проекции и незаборавна фестивалска атмосфера што со децении го вградува Битола на мапата на најзначајните филмски центри во светот.

Основан во 1979 година, фестивалот го носи името на браќата Јанаки и Милтон Манаки – визионери и пионери на филмската камера на Балканот, чие творештво остави неизбришлива трага во историјата на светската кинематографија. Нивното наследство и денес е суштината на фестивалот: славење на филмската фотографија како врвна уметност.

Годинешната програма ветува богат и внимателно куриран избор на играни, документарни, кратки и студентски филмови, распоредени во пет натпреварувачки програми што ги отвораат најактуелните авторски, естетски и визуелни прашања на современиот филм. Публиката може да очекува дела што возбудуваат, предизвикуваат и оставаат силен визуелен печат.

Посебно место, како и секоја година, зазема Клубот на великаните – симбол на континуитетот и реномето на фестивалот. Низ изминатите децении, „Браќа Манаки“ ги чествуваше најзначајните имиња во светската кинематографија, автори чии камери ја менувале историјата на филмот.

И оваа година ќе бидат доделени престижните награди „Камера 300“ – Златна, Сребрена, Бронзена, Железна, Мала и Кристална – признанија што се сметаат за едни од највисоките одликувања во областа на филмската фотографија. Дополнително, фестивалот ќе ги врачи и почесните награди: Златна камера 300 за животно дело во кинематографијата, Специјална Златна камера 300 за извонреден придонес во светската кинематографија, Златна камера 300 за креативна синергија, како и наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ во доделување на ДФРМ.

Related Posts

Швајцарско семејство се откажа од 15 милиони франци – причината ќе ве изненади

Швајцарско семејство се откажува од 16 милиони евра: „Луксузот повеќе нема смисла“

16.04.2026
Научниците создадоа „суперчелик“: Издржлив метал отпорен на притисок и корозија

Научниците создадоа „суперчелик“: Издржлив метал отпорен на притисок и корозија

16.04.2026
Се враќа редовната бродска линија Грција-Кипар

Се враќа редовната бродска линија Грција-Кипар

16.04.2026

Неделен хороскоп (16–22 април): судбинска недела на пресврти – нешто завршува, нешто многу поголемо започнува

16.04.2026
53-годишна жена од Штип забремени по 23 години борба и 7 неуспешни ин витро обиди

53-годишна жена од Штип забремени по 23 години борба и 7 неуспешни ин витро обиди

16.04.2026

Невролог открива: Ова хоби најсилно го активира човечкиот мозок

15.04.2026

Препорачани Вести

Владимир Панчевски се пријавил за државен јавен обвинител

3 месеци ago

Силен потрес во Западна Турција утрово со јачина од 5,1 степен

1 месец ago

Популарни Вести

  • Прво појавување на Орбан по изборите: Десницата мора целосно да се обнови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Серија инциденти во Скопје: напади, тепачки и пријави за насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четири сообраќајни несреќи во Скопје, неколку лица со тешки повреди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсени повеќе лица во Скопје – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе делови од Скопје утре без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.