среда, мај 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

ИФФК „Браќа Манаки“ го најавува своето 47. издание: Недела на кинематографијата во Битола

by Simovski
09.02.2026
in Магазин
ИФФК „Браќа Манаки“ го најавува своето 47. издание: Недела на кинематографијата во Битола

Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, најстариот и прв фестивал во светот целосно посветен на уметноста на кинематографијата, го најавува своето 47. издание, кое ќе се одржи од 19 до 25 септември 2026 година.

Седум дена градот под Пелистер ќе пулсира во знакот на седмата уметност, носејќи средби со врвни светски кинематографери, разговори за филмската слика, инспиративни проекции и незаборавна фестивалска атмосфера што со децении го вградува Битола на мапата на најзначајните филмски центри во светот.

Основан во 1979 година, фестивалот го носи името на браќата Јанаки и Милтон Манаки – визионери и пионери на филмската камера на Балканот, чие творештво остави неизбришлива трага во историјата на светската кинематографија. Нивното наследство и денес е суштината на фестивалот: славење на филмската фотографија како врвна уметност.

Годинешната програма ветува богат и внимателно куриран избор на играни, документарни, кратки и студентски филмови, распоредени во пет натпреварувачки програми што ги отвораат најактуелните авторски, естетски и визуелни прашања на современиот филм. Публиката може да очекува дела што возбудуваат, предизвикуваат и оставаат силен визуелен печат.

Посебно место, како и секоја година, зазема Клубот на великаните – симбол на континуитетот и реномето на фестивалот. Низ изминатите децении, „Браќа Манаки“ ги чествуваше најзначајните имиња во светската кинематографија, автори чии камери ја менувале историјата на филмот.

И оваа година ќе бидат доделени престижните награди „Камера 300“ – Златна, Сребрена, Бронзена, Железна, Мала и Кристална – признанија што се сметаат за едни од највисоките одликувања во областа на филмската фотографија. Дополнително, фестивалот ќе ги врачи и почесните награди: Златна камера 300 за животно дело во кинематографијата, Специјална Златна камера 300 за извонреден придонес во светската кинематографија, Златна камера 300 за креативна синергија, како и наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ во доделување на ДФРМ.

Related Posts

Зошто овие два сообраќајни знака ги збунуваат возачите: Малата разлика носи големо значење

04.05.2026

Познатиот лек за болка е убедливо најпознатиот македонски бренд – генијален изум од 1957 година на фармацевт од Гевгелија

04.05.2026

Сеќавање на Васка Илиева: четврт век без легендата на македонската музика

04.05.2026

Во четврток почнува Винскиот фестивал Битола: Три вечери вино, музика и градска атмосфера пред Офицерски дом

04.05.2026

(ВИДЕО) МОРЕТО БУКВАЛНО СЕ РАЗДЕЛУВА: Неверојатен природен феномен во Јужна Кореја што трае само еден час и се случува двапати годишно!

03.05.2026

(ФОТО) ГОРДОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА: Македон Димитровски освои две злата во Германија – Франкфурт го слави младиот математички  гениј!

03.05.2026

Препорачани Вести

Денес делови од Скопје без вода и струја

4 недели ago
САД подигнуваат 76 метри висока триумфална капија по повод 250 години независност

САД подигнуваат 76 метри висока триумфална капија по повод 250 години независност

3 недели ago

Популарни Вести

  • Интервју за Макфакс: Д-р Небојша Баткоски – водечко име во современата стоматологија и стоматолошкиот туризам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Симеоне по поразот од Арсенал: „Не бевме доволно конкретни во нападот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крадец се заглавил на оградата од црквата во Кочани – Интервенирале полицијата, ТППЕ и итната помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возач почина во возило на сред улица во Маџари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска на средба со Копман: Реформската агенда дава конкретни и мерливи резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.