среда, септември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Лавров: Русија предлага мултиполарна евроазиска повелба, НАТО, ЕУ и ОБСЕ застаруваат

by Redakcija
09.02.2026
in Свет
Лавров: Русија предлага мултиполарна евроазиска повелба, НАТО, ЕУ и ОБСЕ застаруваат

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска порача дека класичните западни безбедносни и политички структури – НАТО, Европската унија и ОБСЕ – ја губат својата релевантност, додека глобалниот интерес се движи кон создавање на единствена евроазиска безбедносна рамка.

„НАТО не ги исполни ветувањата дадени кон Советскиот Сојуз дека нема да се шири кон исток, ЕУ ја уништи соработката со Русија, а ОБСЕ се покори на едностраните интереси на Западот, заборавајќи го основниот принцип на консензус меѓу сите членки“, изјави Лавров за БРИКС ТВ.

Рускиот шеф на дипломатијата истакна дека неговата земја веќе работи на развој на Големото евроазиско партнерство, кое треба да се надгради преку Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), Шангајската организација за соработка (ШОС) и Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН). Според него, светот сè повеќе ја гледа оваа иницијатива како потенцијален пат кон стабилна евроазиска безбедносна архитектура.

„Западот се обидува да го зачува униполарниот свет базиран на улогата на доларот и институциите кои тој ги создаде, но тоа не е возможно со ограничување на новите економски центри на раст“, подвлече Лавров, истакнувајќи дека земји како Индија, Бразил и Кина бележат динамичен развој, додека Африка се обидува да ја намали зависноста од извозот и да ја гради сопствената индустрија.

Тој посочи и дека западните сили, особено со администрацијата на Доналд Трамп, отворено се обидувале да го задржат своето некогашно доминантно место и да го ограничат развојот на конкуренцијата, особено во енергетскиот сектор.

Во таа насока, Лавров се повика на иницијативата на Белорусија и Русија, кои во есента 2024 година на Меѓународната конференција за евроазиска безбедност во Минск предложија создавање „Евроазиска повелба за разновидност и мултиполарност во 21 век“. Двете држави ги повикаа останатите евроазиски земји да се приклучат на овој проект и ги претставија своите прелиминарни ставови во документот „Заедничка визија за Евроазиската повелба за разновидност и мултиполарност во 21 век“.

Related Posts

Научници: Големиот Ел Нињо ќе предизвика 450.000 смртни случаи – ова се најзагрозените земји

23.09.2026

Избувна нова војна во Африка

23.09.2026

Руски воен хеликоптер влезе во Полска: Веднаш беа кренати полски борбени авиони

23.09.2026

Командант на НАТО предупредува на опасна тактика: Путин сака да ја испровоцира Алијансата

23.09.2026

Украина ја употреби новата ракета „Фламинго“ во нападот врз Москва

23.09.2026

САД, Данска и Гренланд потпишаа нов безбедносен договор за Арктикот

22.09.2026

Препорачани Вести

telefon

Овие 10 апликации го празнат вашиот телефон: Еве кои ја трошат батеријата најмногу

8 месеци ago

Трагедија на Халкидики: Македонка пронајдена без знаци на живот во морето

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,44 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова кола за 4.500 евра – Моделот што ја освојува Индија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарија вратила пратка од над два тона македонско кисело млеко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малиот Бајрам ја победи тешката битка: „Победничкото ѕвонче“ повторно одекна на Детската клиника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крај на „боледувањето за на море“ – Полицијата влегува во проверка на злоупотребите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.