среда, октомври 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Воведено континуирано собирање на кабаст отпад во Кисела Вода

by Redakcija
09.02.2026
in Скопје
Воведено континуирано собирање на кабаст отпад во Кисела Вода

Жителите на Општина Кисела Вода од сега ќе можат да се ослободат од стариот мебел, душеци и други големи предмети кога ќе им биде најпогодно, без чекање на специјални акции. Јавното комунално претпријатие „Кисела Вода 2022-Скопје“ започнува со редовно и континуирано собирање на пријавен кабаст отпад на целата територија на општината.

Досега, ваквите акции се спроведуваа неколку пати годишно во соработка со службите на Град Скопје. Сега, услугата станува достапна секогаш кога граѓаните ќе имаат потреба. Доволно е само да се пријават на телефонскиот број 070/288-897, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот. Цената за подигање на кабаст отпад изнесува 1.500 денари, а екипите на ЈКП ќе го подигнат отпадот во рок од 24 часа по пријавата. Предметите треба да се остават пред домот или зградата.

Собраниот кабаст отпад се транспортира до депонијата на ЈП „Дрисла“ и се одлага согласно еколошките стандарди. Во услугата се прифаќаат стар мебел, врати, прозорци, душеци и сличен домашен кабаст отпад, додека не се прифаќа градежен шут, електронски отпад, гуми и опасни материјали, како бои и хемикалии.

Општината апелира до граѓаните да го користат новиот сервис и да го депонираат отпадот одговорно, за почиста и поуредна животна средина.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Улици и населби во пет скопски општини утре без струја

27.10.2026

Меџити: Средбата со Хаџиу е потврда на блиските односи меѓу Македонија и Косово

27.10.2026
Утре прекини на струјата до седум часа: Проверете кои делови од Скопје и скопско се опфатени

Утре прекини на струјата до седум часа: Проверете кои делови од Скопје и скопско се опфатени

25.10.2026

Трка низ центарот на Скопје: полицијата најави пренасочување на сообраќајот

22.10.2026

Утре без струја делови од Центар, Кисела Вода и Аеродром: Прекини до пет и пол часа

21.10.2026

Се обновува споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во „Жена борец“

20.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Коњановски: Спортската сала во Бистрица ќе стане модерен мултифункционален објект

6 месеци ago

Евакуација во Сити Мол, дојава за бомба во трговскиот центар

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Вечерва е уапсено уште едно лице осомничено за убиствата во Ѓорче Петров!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Снег вее на Стража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Улици и населби во пет скопски општини утре без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Тетово и повеќе тетовски села утре без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Средбата со Хаџиу е потврда на блиските односи меѓу Македонија и Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.