недела, март 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: Владата не се меша во приватниот сектор, но може да помогне како посредник

by Simovski
18.02.2026
in Македонија
Мицкоски ја засилува борбата со корупцијата: Национален совет за финансиски истраги и конфискација

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека Владата ќе ја поддржува комуникацијата меѓу работодавачите и синдикатите, но нема намера да наметнува решенија околу барањето за минимална плата од 600 евра, пренесе МИА.

Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски нагласи дека Владата ќе се држи до законските одредби при зголемувањето на минималната плата, истовремено охрабрувајќи бипартитен дијалог меѓу социјалните партнери. „Владата не е тука да одлучува наместо приватниот сектор, ниту да прифаќа или одбива барања во име на работодавачите“, рече тој, истакнувајќи дека во јавниот сектор веќе се постигнати договори со 98 до 99 проценти од вработените, кои важат до 2028 година.

Премиерот појасни дека иако не може директно да интервенира во односите помеѓу приватните компании и нивните вработени, Владата може да игра улога на посредник. Во таа насока, на почетокот на март е закажана седница на Економско-социјалниот совет, каде што ќе се работи на олеснување на дијалогот и приближување на ставовите за постигнување компромис.

„Искуствата од минатото покажаа дека наметнувањето решенија носи сериозни последици. Токму со тие грешки се соочуваме денес“, посочи Мицкоски, alудирајќи на политики на претходните влади.

По учеството на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, Мицкоски порача „Ние ги уредивме нашите односи и охрабруваме дијалог, тоа е нашиот одговорен и конзистентен пристап“. Тој додаде дека Владата останува отворена за соработка и со работниците и со работодавачите, со цел да помогне во изнаоѓање на одржливо решение.

Related Posts

Аврамовски: „Лошата концепција го отежнува судењето за трагедијата во Кочани“

22.03.2026

Маглешов: Едно Обвинителство има две различни теории за ист случај, потребна е навремена ревизија

22.03.2026

АХВ стопираше 50 тони храна: Ова не смеело да стигне до вашата трпеза

22.03.2026

Празничен егзодус: над 20.000 македонци заминале во странство за само 12 часа

21.03.2026

Владата најави вонредни мерки против ценовните шокови на нафтата и горивата

21.03.2026

Нов закон за природата на јавна расправа: Министерот најави широка дебата

21.03.2026

Препорачани Вести

Три дена сеќавање и почит: Кочани ја одбележува годишнината од пожарот во „Пулс“

Три дена сеќавање и почит: Кочани ја одбележува годишнината од пожарот во „Пулс“

3 недели ago
Тридневен штрајк на машиновозачите во Шпанија по смртоносните железнички несреќи

Тридневен штрајк на машиновозачите во Шпанија по смртоносните железнички несреќи

1 месец ago

Популарни Вести

  • Техеран со порака: Ракетниот напад врз Димона е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Акција на иранските служби – приведени десетици осомничени за „шпионажа“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДЕЛОВИ ОД ОПШТИНА БРВЕНИЦА УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење на различни локации во Скопје – Битката со дрогата продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Намалувањето на ДДВ-то е прва мерка за стабилизирање на цените на дериватите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.