сабота, август 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Калас: Не се очекува напредок околу 20-тиот пакет санкции против Русија поради блокадата на Унгарија и Словачка

by Redakcija
23.02.2026
in Свет
Калас: Не се очекува напредок околу 20-тиот пакет санкции против Русија поради блокадата на Унгарија и Словачка

Европската унија се соочува со нов ѕид во обидите да ја заостри политиката кон Русија. Високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи во Брисел, изрази сомнеж дека ќе биде постигнат напредок околу усвојувањето на 20-тиот пакет санкции против Москва. Причината – категоричниот отпор на Унгарија и Словачка.

„Ќе разговараме за Украина и за новиот пакет санкции, но искрено, не очекувам денеска да има значителен напредок. Сепак, ќе продолжиме да вложуваме напори“ изјави Калас по пристигнувањето на состанокот. Таа додаде дека ЕУ работи „со максимални напори“ на спроведување на санкциите и дека ќе ги ангажира земјите кои го блокираат пакетот, но призна дека Унгарија засега не покажува желба да го промени ставот.

Проблемот настанува од контроверзната одлука на Будимпешта и Братислава да ја прекинат испораката на дизел за Украина, поради прекинот на нафтата преку нафтоводот Дружба. Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, вчера отворено соопшти дека неговата земја ќе го стопира усвојувањето на 20-тиот пакет санкции, како и големиот заем на ЕУ за Украина од 90 милијарди евра.

„Додека транзитот на нафта преку Дружба не се врати, нема да дозволиме да се носат одлуки кои се од витално значење за Киев“ напиша Сијарто на X, нагласувајќи дека блокадата се однесува и на воена и економска поддршка за Украина.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, детално ги објасни контрамерките: прекин на извозот на дизел за Украина, стопирање на заемот на ЕУ и блокада на каква било политика на санкции додека не се воспостават редовни испораки на нафта. Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, се придружи на Будимпешта со заканата да прекине итни испораки на електрична енергија за Украина ако транзитот на нафта не се обнови.

Related Posts

Гори една од најголемите рафинерии во Русија: Дронови ја нападнаа „Славнефт-Јанос“, затворен автопатот кон Москва

28.08.2026

Руските сили со серија напади врз украински цели: Погодени објекти во Одеса, Измаил и Киевскиот регион

28.08.2026

ВИДЕО – Откриено што го предизвикало смртоносниот воден ѕид во Непал: Глечерот се урнал и повлекол тони карпи и кал

27.08.2026

Маларија на аеродромот во Франкфурт: Еден работник почина, шестмина заразени, се истражува дали комарци пристигнале со авион

27.08.2026

Тајна мисија на шефот на ЦИА во Москва?

27.08.2026
(ВИДЕО) Руски војник закопан до врат како казна: Снимка повторно ја отвори темата за бруталните методи во руската армија

(ВИДЕО) Руски војник закопан до врат како казна: Снимка повторно ја отвори темата за бруталните методи во руската армија

26.08.2026

Препорачани Вести

Николоски: 22 нови авио-рути ја поврзуваат Македонија со Европа

6 месеци ago

Тешка сообраќајка во Скопје – Повредени девојче и три лица

3 недели ago

Популарни Вести

  • ВЛЕН: Глорификацијата на воени злосторници е неприфатлива, бараме итна одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канаѓанец приведен во Куманово, кај него пронајден археолошки артефакт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски: Да ги чуваме традицијата, рударскиот дух и вредностите на Пробиштип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двајца браќа нападнати со метален предмет во Тетово, полицијата го расчистува случајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 7.000 до 10.000 денари за првачињата во овие општини: Поддршка за семејствата пред почетокот на учебната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.