понеделник, април 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

300 илјади денари отштета за жител од кичевско нападнат од мечка

by Redakcija
24.02.2026
in Република

Жител од кичевско ќе добие 300.000 денари надомест за претрпени физички болки и страв, откако бил нападнат и повреден од мечка, пренесува „Слободен печат“.

Инцидентот се случил во август 2022 година, кога мажот пеш се враќал од нива кон својот дом. Според наводите, без никаква провокација бил нападнат од дивото животно, кое го совладало и го гризнало. При нападот тој се здобил со повреди на десната страна од челото и слепоочницата, како и со нагмечувања на дланките и натколеницата.

По настанот бил хоспитализиран во болницата во Прилеп, каде што му биле хируршки санирани повредите, а примил и вакцина против беснило. Поради последиците од нападот, побарал и психијатриска помош. Според медицинските наоди, болките со силен интензитет траеле околу десет дена, особено во пределот на главата и дланките.

Основниот суд во Кичево првично му досудил 350.000 денари за нематеријална штета. Сепак, по жалба, случајот бил разгледан од Апелациониот суд во Гостивар, кој ја намалил отштетата на 300.000 денари.

Со конечната одлука, на оштетениот му се доделени 100.000 денари за физички болки, 100.000 денари за претрпен страв, 50.000 денари за намалена општа животна активност и 50.000 денари за душевни болки поради нагрденост.

Во жалбата, тужителот побарал повисок износ, наведувајќи дека институциите не презеле доволно мерки за заштита од вакви напади. Апелациониот суд, пак, оценил дека првично досудената сума е превисока и ја намалил отштетата.

Related Posts

Католиците од православен обред го одбележаа Велигден – Свечена литургија во Струмица со епископот Стојанов

13.04.2026

Проданоски: Велигден носи порака дека животот, надежта и светлината секогаш победуваат

12.04.2026

Коњановски: Велигден нека донесе слога, радост и надеж во секој дом

12.04.2026

Проданоски: Нека светлината на Воскресението донесе мир и радост во секој дом

13.04.2026

Гостивар празнично украсен во пресрет на Велигден

11.04.2026

Земјотрес во источна Македонија

11.04.2026

Препорачани Вести

Незаборавна победа за Македонија! Романија падна во драматичен финиш

3 месеци ago

Проданоски: Прилеп е симбол на воената традиција и чест

3 дена ago

Популарни Вести

  • Алармантно: Секој граѓанин троши речиси 600 литри вода дневно – рекордно зголемување за 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Нов тренд во Индија –  Работници со камери на глава, луѓето ги „учат“ роботите како да работат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нафтата над 100 долари: Тензиите меѓу САД и Иран ја тресат светската економија – раст на цените и страв од нов енергетски шок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историски пресврт во фудбалот: Мари-Луиз Ета стана првата жена тренер во Бундеслигата – Унион Берлин со храбар потег

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драма над Исланд: Пилот под истрага по опасен прелет на ниска височина со „Боинг 757“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.